Контакт

Економија

(Видео) Николовски: ЕК ја усвои новата ИПАРД 3 Програма, очекуваме над 60% поголем буџет

Објавено пред

Европската комисија, ја усвои новата ИПАРД 3 Програма за Северна Македонија, изјави на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупо Николовски. Николовски посочи дека Европската комисија ја препознава посветеноста на МЗШВ, телото за управување со ИПАРД и на Платежната агенција за успешна искористеност на мерките од претходната ИПАРД 2 програма, и затоа буџетот за ИПАРД 3 се очекува да биде за над 60 отсто поголем од ИПАРД 2.

dobivaj vesti na viber

„Преку максимална искористеност на ИПАРД Програмата, го развиваме и зајакнуваме македонското производство, со цел попрофитабилно и конкурентно земјоделство како основа за развој на македонската економија. Нашата држава е лидер во регионот по искористеност на ИПАРД. ИПАРД 2 ќе биде целосно искористен и досега се склучени 2.270 договори со вкупна вредност на инвестиции од 70 милиони евра. Она што очекуваме со ИПАРД 3 програмата во следните 7 години,заедно со кофинансирањето од самите апликанти е да 250 милиони се инвестираат во македонското земјоделството, агропреработувачката индустрија и руралниот развој.И тоа се рекордни средства кои ќе влезат во развојни проекти во инвестиции ви преработувачки капацитети“, изјави министерот Николовски.

При тоа, министерот Николовски посочи дека се воведуваат повеќе нови при аплицирањето за ИПАРД 3 Програмата. Новина во ИПАРД 3 ќе биде предфинансирањето на инвестициите. Конкретно, секој корисник, кој ќе аплицира ќе има можност да добие 30 до 50 отсто веднаш по потпишувањето на договорот, а пред да започне со инвестиција. Исто така корисник на ИПАРД ќе може да се биде т.н. здружено-правно лице за колективни инвестиции во примарно производство или преработувачка индустрија, со што се отвора опцијата за мерките да конкурираат задруги, организација или група производители, правно лице формирано од повеќе индивидуални производители регистрирани во МЗШВ, како и правно лице формирано од здружение или асоцијација. Со новата ИПАРД 3 Програма, се планира да се зголеми и прагот на минимална инвестиција што досега беше на многу ниско ниво.

Во ИПАРД 3 ќе продолжат мерките за инвестиции во примарното земјоделско производство (мерка 1), преработка на земјоделски производи (мерка 3) и развој на различни деловни активности (мерка 7) во рурални средини како инвестиции за производство на прехранбени производи, текстил, преработка на дрво, дестилари, изградба на хотели, градинки, домови за стари лица и друго. За оваа намена, веќе во првиот повик од ИПАРД 3, обезбедени се над 35 милиони евра за потенцијалните корисници на ИПАРД 3, кој ќе се објави во последниот квартал од годинава.

ИПАРД 3 Програмата ќе стратува со четири нови мерки кои значат нови инвестиции за модернизација на македонското земјоделство.„Инвестиции во рурална јавна инфраструктура“ преку која општините ќе можат да користат финансиска поддршка за изградба на инфраструктурни објекти, изградба на локална патна инфраструктура, системи за водоснабдување, канализациони системи и слично. Со мерката „Агро-екологија-клима и органско производство“, се озвозможуваат инвестици во агро-еколошки мерки како што е затревување на овошни насади и ротација на култури во градинарството и финансирање на органското земјоделско производството, односно конверзијата од конвенционално во органско производство. Со оваа мерка ќе се стимулира еколошкото земјоделско производство, во согласност со тековните насоки и трендови во ЕУ. Во новата ИПАРД 3 има мерка и за Локалните акциски групи со која ќе се финансира работата на Локалните Акциски Групи (ЛАГ-ови) кои постојат во земјата, како и проекти од помал обем на ЛАГ-овите кои се дел од нивните стратегии за локален економски развој. За уште поголема искористеност на европските фондови, во ИПАРД 3 има мерка за поддршка за „Советодавни услуги“. Со оваа мерка се овозможува финансиска поддршка за надградба и усовршување на советодавните услуги што ги нуди Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството, особено во делот на помош на земјоделците за пополнување на барањата за ИПАРД, како и следење на реализацијата на финансираните инвестиции, совети за воведување на нови иновативни технологии, агро-еколошко производство и слично.
Министерот Николовски денеска ја посето компанијата „БАКО“ којашто е корисник на ИПАРД 2 програмата. Оваа компанија со помош на европските фондови инвестирала во набавка на модерна опрема потребна за производството. Инвестицијата е во вредност од 18,3 милиони евра, а поддршката од ИПАРД над 9 милиони денари. Сопственикот на команијата посочи дека веќе планираат да конкурираат и за новата ИПАРД 3 програма.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Рекордни приходи од концесиски надоместоци во 2025 година

Објавено пред

Од

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека наплатата на концесискиот надоместок за експлоатација на минерални суровини во 2025 година достигна историски највисоко ниво.

dobivaj vesti na viber

„Наплатата за 2025 година, со вкупни 1.223.455.203,00 денари, претставува историски напредок и силна основа за понатамошно подобрување на системот на концесии во Република Северна Македонија“, соопшти Министерството.

„Овие резултати се директна последица на посветените активности на Министерството за подобрување на наплатата и зајакнување на контролата врз обврските на концесионерите, вклучувајќи: засилени инспекциски контроли и теренски проверки, испраќање писмени опомени и прекршочни постапки за доцнење со обврските, едностран раскин на 46 договори со концесионери кои не ги исполнувале законските обврски (неплаќање, еколошки прекршоци, неовластено проширување на полиња, пренос на концесија спротивно на законот), стапување во сила на новиот Тарифник од 1 јануари 2025, кој го зголеми износот на концесиски надоместок до 100% и подобра координација меѓу Министерството и општините“, се наведува во соопштението.

Во него се додава деја зголемената наплата директно придонесува за зголемување на буџетите на општините каде работат концесионерите, како и на државниот буџет.

„Зголемената наплата овозможува: значително зголемени буџети на општините во кои работат концесионерите, инвестиции во комунална инфраструктура, поддршка на енергетската транзиција и проекти за обновливи извори и поголеми средства за заштита на животната средина“, појаснува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Прикажи повеќе...

Економија

„Лукоил“ го продава имотот во странство на американска компанија

Објавено пред

Од

Рускиот енергетски гигант „Лукоил“ ќе го продаде поголемиот дел од својот странски имот на американската инвестициска фирма „Карлајл“, објави денес одделот за односи со јавноста на „Лукоил“. Одлуката следува по воведувањето санкции од страна на САД врз руската нафтена компанија во октомври.

dobivaj vesti na viber

САД воведоа санкции врз „Лукоил“ и „Роснефт“, во октомври лани, замрзнувајќи ги американските средства на „Лукоил“ и заканувајќи се со секундарни казни за странските субјекти што работат со нив. Санкциите, првите такви мерки наметнати од втората администрација на Трамп, се дизајнирани да извршат притисок врз Москва да се согласи на мировни преговори во Украина, со оглед на тоа што приходите од фосилни горива играат клучна улога во одржувањето на воените напори на Русија.

Договорот со „Карлајл“ не ги вклучува средствата на „Лукоил“ во Казахстан и сè уште чека одобрение од Министерството за финансии на САД, соопшти руската компанија, додавајќи дека разговорите со други потенцијални купувачи се во тек.

Вредноста на договорот не беше откриена, иако меѓународниот имот на „Лукоил“ се проценува на вредност до 22 милијарди долари.

„Лукоил“ е втор по големина производител на нафта во Русија и една од најголемите компании во земјата, со учество од 2 проценти од глобалното производство на нафта. Покрај удели во нафтени полиња во Казахстан, Узбекистан, Блискиот Исток, Африка и на други места, „Лукоил“ управува и со три рафинерии за нафта во Европа и стотици бензински пумпи низ целиот свет, вклучително и во САД.

Администрацијата на Трамп претходно одобри ослободување од санкции за бензинските пумпи на „Лукоил“ во странство додека продажбата беше во тек. Швајцарската трговска куќа „Гунвор“ првично беше заинтересирана за купување на средствата на компанијата во странство, но ја повлече својата понуда во ноември откако Министерството за финансии на САД ја опиша како „кукла на Кремљ“.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска на серија средби со амбасадори: меѓународна соработка за енергетска сигурност

Објавено пред

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари серија билатерални средби со претставниците на дипломатскиот кор во земјава. Меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се клучни за обезбедување на безбедна и одржлива енергетска иднина за нашата земја, истакна Божиновска.

dobivaj vesti na viber

Продлабочувањето на енергетската соработка беше фокус на средбата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со амбасадорката на Литванија, Вилма Дамбраускиене. Акцентот беше ставен на размената на искуства во енергетската транзиција и напредокот на нашата земја на тој план, како и реализација на проекти од енергетскиот сектор во насока на еколошка, економска и социјална одржливост.

Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството да обезбеди услови за земјата да се насочи кон енергетски одржлив амбиент.

Во рамки на средбите, министерката Божиновска разговараше со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија Н.Е. Мартин Памер, при што беа разменети мислења за енергетските политики, енергетската транзиција и можностите за австриски инвестиции и експертска поддршка во развојот на одржливи енергетски проекти.

На средбата со амбасадорката на Народна Република Кина во земјава, Џианг Сиаојан се разговараше за размена на искуствата меѓу двете земји, при што беше истакната подготвеноста од кинеска страна за примена на нивните практики во справување со загадување на воздухот и примена на обновливи извори на енергија.

На средбата со амбасадорката на Украина во земјава, Лариса Дир, министерката Божиновска ги презентираше конкретните чекори коишто се преземаат со цел исполнување на европските енергетски стандарди и интеграција во заедничкиот пазар на ЕУ. При тоа, министерката Божиновска ја нагласи подготвеноста на нашата земја да помогне во напорите за заздравување на украинскиот енергетски сектор.

Билатералните средби коишто Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги реализира се потврда за посветеноста на Министерството во насока на остварување на визијата за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди...

Свет7 часа

Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се...

Регион8 часа

Од денеска во Бугарија задолжително плаќање во евра, левот излегува од употреба

Од денеска, 1 февруари, еврото станува единствена официјална валута во Бугарија, додека левот повеќе нема да биде прифатлив за плаќање...

Македонија10 часа

Мицкоски најави дека ќе се чека уште 11 месеци да стигнат нови камиони на Комунална хигиена

Преку Министерството за транспорт и во соработка со Светската банка ќе се набават 40 нови возила за потребите на ЈП...

Свет12 часа

(Видео) Сведоштво на мајката и сопруга на уапсените за марихуаната поврзана со Македонија

Членови на семејството Спасојевиќ и нивни соседи се огласија по заплената на повеќе од пет тони марихуана на семеен имот...

Македонија14 часа

Петте тони марихуана откриени кај Крушевац биле набавени во Македонија

Вишиот суд во Белград синоќа им одреди притвор на тројца уапсени по заплената на пет тони марихуана во селото Коњух...

Македонија16 часа

Од денес Безбеден град казнува, со три забрани за возење ја губите возачката дозвола

На територија на Скопје, Куманово и Тетово и на коридорите 8 и 10 од денеска стартува имплементацијата на системот за...

Свет1 ден

(Видео) Извлечени 51 лице заглавени на жичница на планината Улудаг во Турција

Технички дефект на жичницата на планината Улудаг, во близина на северозападниот турски град Бурса, предизвика блокирање на 51 лице кои...

Македонија1 ден

По реакции од граѓани, се чисти Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека денеска градот е целосно мобилизиран во сеопфатна и темелна акција за чистење на...

Македонија1 ден

Скопјани бараат од Цементарница Усје да работи според еколошките стандарди

Еколошките активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ и граѓани денеска протестираа поради загадувањето на воздухот и бараа од Цементарница „Усје...

Македонија2 дена

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 дена

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија2 дена

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет2 дена

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Регион2 дена

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет2 дена

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија2 дена

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија2 дена

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет3 дена

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија3 дена

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...