Економија
(Видео) Николовски: Македонија првпат ќе биде земја партнер на саемот АГРА во Словенија
Република Македонија ќе учестува како земја партнер на 56. издание на меѓународниот саем за земјоделство и храна АГРА 2018, што ќе се одржи од 25 до 30 август во Горна Радгона, Република Словенија. Оваа година фокусот на саемот ќе бидат младите земјоделци и нивното вклучување во агробизнисот.
„Добивањето покана за партнерство на овој меѓународен саем, кој се смета за еден од најважните саеми за земјоделство и храна во централна Европа, е доказ за негувањето пријателски односи и доверба со Република Словенија и претставува силна поддршка на нашата земја во евроинтегративниот процес и во нашите заложби за европско, модерно, ефикасно и конкурентно земјоделско производство, кое со својот квалитет ќе биде препознатливо на надворешните пазари“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Усогласувањето на македонското земјоделство со европското земјоделство претставува приоритет во евроинтегративниот процес на Република Македонија.

„Не постои подобрa можност од овој настан на кој Република Македонија може да го претстави својот потенцијал пред меѓународната заедница во време кога Македонија со големи чекори оди по патот на ЕУ и НАТО, пренесувањето и размената на искуства е тоа што всушност го нуди ЕУ во рамките на своите членки, тоа е добар начин за припрема на македонското земјоделство и другите институции пред преговорите за членство со ЕУ“, изјави Милан Јазбец, амбасадор на Словенија во земјата.
Република Македонија како земја партнер ќе ја искористи оваа шанса да се претстави од повеќе аспекти пренесувајќи ги своите традиционални вредности при производството на храна и вино, на културно богатство, туризам, а ќе ги претстави и можностите за инвестиции.
Презентацијата на земјата ќе ги содржи следните компоненти:
– Вкусот на Македонија – со акцент на промоција на македонската конзервна индустрија, односно преработките од овошје и зеленчук, како познатиот македонски ајвар, лутеницата и други традиционални производи чиј извоз е со постојан раст, понатаму македoнското традиционално овчо сирење и македонското јагне;
– Органска Македонија – односно Македонија како земја богата со еколошки региони погодни за производство на здрава органска храна чија потрошувачка е во постојан тренд на раст, особено на европскиот пазар;
– Вината на Македонија – промоција на квалитетното пакувано вино како производ со додадена вредност и голем потенцијал за извоз, како и градење препознатливост на Македонија како винска земја;
– Македонија како туристичка дестинација и земја со можности за инвестирање.
Од буџетот на Министерството во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година се обезбедени средства за изнајмување на штандот и за негово дизајнирање со национални обележја. Учество на саемот може да земат фирмите во областа на земјоделството и преработувачката индустрија, кои може да ја искористат оваа одлична можност за промоција на своите производи и поврзување со деловните партнери надвор од Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска–Мелинвуд: Започнува најобемната енергетска обнова на јавните згради досега
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), а во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата.
Фокусот на средбата беше ставен на имплементацијата на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата досега.
Станува збор за План што веќе е усвоен од Владата по сеопфатен процес на усогласување со вкупно 33 институции, што ја потврдува неговата институционална тежина и стратешко значење за модернизација на јавниот сектор.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од Реформската агенда, како и од постојните законски обврски. Согласно законската рамка, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција, истакнуваат од таму.
На средбата беше истакнато дека во моментов е во подготовка таканаречената scoping студија (студија за определување на опфат), со која детално ќе се утврдат параметрите за рехабилитација и обнова на зградите, како и јасни критериуми за приоритизација на објектите што први ќе влезат во процесот на реконструкција.
Со ова, е нагласено во соопштението, државата прави крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за јавниот сектор, подобри услови за работа во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови, во согласност со европските климатски политики.
„Оваа реформа претставува конкретен чекор кон позелена, поекономична и поодржлива јавна администрација – со директни придобивки за граѓаните и за државниот буџет“.
Економија
Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра
Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи тој.
Министерот Трипуновски додаде дека вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 170 милиони евра, од кои 95,6% веќе се исплатени на тутунопроизводителите кои го имаат предадено својот род.
„Останува уште мала количина тутун која согласно предвидената динамика, ќе биде откупена во наредниот период. Секоја откупна компанија ќе има отворен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари“, појасни министерот.
Економија
COMBO.mk – Новата онлајн дестинација за алат, апарати за домаќинство и многу повеќе
COMBO официјално ја пушта во употреба својата нова онлајн продавница, со цел купувањето да стане побрзо, поедноставно и подостапно за сите корисници низ државата. Со новата платформа, COMBO ја пренесува својата богата понуда во дигитално искуство што овозможува лесна нарачка, преглед на производи и безгрижна набавка од дома.
COMBO е современо продажно одредиште со продажен простор од 6.000 м² и асортиман од над 15.000 производи, внимателно селектирани за секојдневни потреби и професионална употреба. Понудата опфаќа девет главни категории: машини и алат, градинарски алат, апарати за домаќинство, автокозметика, лепила и силикони, електрика, оков за мебел, чешми и туш системи, како и производи за домашни миленици. Компанијата посветува внимание на брза достава и професионална услуга, со фокус на практичност и доверба при секоја нарачка.
Што добиваат купувачите
- Онлајн купување со широк избор на производи во девет различни категории.
- Практична набавка од едно место – од професионални алати и градинарска опрема, преку апарати за домаќинство и електрика, до чешми, туш системи и производи за домашни миленици.
- Брза достава и флексибилни опции за испорака низ цела Македонија.
- Стручна поддршка и советување при избор на производи.
- Сервисна поддршка и гаранција за производите.
- Услуга насочена кон лесно, сигурно и безгрижно корисничко искуство.
За повеќе информации и новитети, посетете ја веб-страницата на Combo.
(ПР)

