Економија
(Видео) Стоилковски: Кога поскапува лебот, почнува поскапувањето на целата храна
До 20 проценти поскапува лебот во Република Македонија. По сите проблеми, во сите гранки на земјоделството, на ред дојдоа и проблемите со пченицата и со мелничко-пекарската индустрија. А познато правило во агроекономијата е дека кога поскапува брашното, кога поскапува лебот, почнува да врти инфланторното тркало на поскапувања на целата храна, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Ова поскапување, додаде тој, се надоврзува на сите црнила што го зафатија македонското земјоделство, скапите горива, на излажаните земјоделци за зелената нафта, на проблемите со исплатата на субвенциите, на проблемите со извозот и пласманот.
„Цените на лебот во секоја држава се најстабилни и ја отсликуваат состојбата на економијата воопшто. Лебот, почитувани, најмногу поскапува поради лошите мерки на ресорното Министерство, во услови на поскапување на енергенсите, во услови на недостиг на квалификувана работна сила, зголемување на цената на пченицата во последните месеци 40 отсто“, рече Стоилковски.
Цената на пченицата, додава тој, се формира врз основа на цените пред жетвата, оваа година непосредно пред жетвата пуштени беа огромни количества пченица на пазарот за цена од 7-8 денари, како и увезено брашно од Србија и од Косово и така цената за македонските производители остана депласирана.
„Тоа предизвика домашните производители во најголем дел или да ја чуваат за сопствени потреби или да ја продаваат на други пазари или да ја конвертираат во преработки или за сточна исхрана. Од Битолскиот Регион се продаваше во Грција за 11-12 денари.
Министерството тоа свесно го направи за некои од трговците да остварат профит на база на ценовните шокови, иако се знаеше дека во пролетните месеци, веднаш по Нова година, доаѓа до недостиг и автоматско поскапување. Наместо да реагира со стоковите резерви во тој период и да ги релаксираат ценовните разлики, Министерството реагира задоцнето и се создаде дебаланс на пазарот. Оваа година порано се јавува недостигот, меѓу другото, и поради царинската војна меѓу Косово и Србија. Домашните производители го почувствуваа тоа и оние што ризикуваа самите да си ја чуваат пченицата ја покачија цената на пазарот. Потенцираме, самите, затоа што во изминатите години државата, т.е. Министерството, во програмата за поттикнување и рурален развој одвојуваше пари за помош на чување на пченицата на производителите во силосите на „Стоковите резерви“ и други субјекти и оваа година таа мерка ја укина, т.е. ја намали од 10 милиони на илјада денари“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

