Економија
(Видео) Сугарески: Капиталните инвестиции не запираат и во време на пандемија
Капиталните инвестиции не запираат и во време на оваа пандемија, проектите се во тек, а градежните работи се одвиваат непречно. Имаме добра реализација на капиталните инвестиции во ресорот транспорт. Интензивно се работи на патиштата, на водоводи и канализации, се гради гасоводот и нови социјални станови, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Тој заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, ја презентираа реализацијата на проектите во ресорот транспорт во првиот квартал од годинава.
Министерот Сугарески истакна дека реализацијата на капиталните инвестиции во Министерството за транспорт и врски изнесува 10 проценти. Потенцираше дека активно се работи на патната мрежа низ цела држава, на преку дваесетина проекти во комуналната инфраструктура, на изградба на двата магистрални гасоводи, на железницата и на изградба на преку петстотини социјални станови.
Министерот Сугарески додаде дека исплатени се 21 милион денари за финансиска поддршка за нови авиолинии, но поради настанатата состојба договорот со авиокомпанијата „Визер“ е ставен во мирување.
Директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов истакна дека првиот квартал е успешен, а изградбата и модернизацијата на патната мрежа во земјава продолжува со силно темпо.
Потенцираше дека во моментов се работи на рехабилитација на повеќе делници во вкупна должина од 150 километри, во завршна фаза се тендерите за реконструкција и рехабилитација на 84 километри патна мрежа, а набрзо ќе се распишат тендери за рехабилитација на 15 патни правци со вкупна должина од 232 киломтери.
„Градбите продолжуваат со несмалено темпо и покрај вонредната состојба. Одговорно тврдам дека нема да има кратење на капиталните инвестиции кои се однесуваат на инфраструктурните проекти. Јавното претпријатие за државни патишта продолжува да ја реализира Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација на државните патишта. Во таа насока, сакам да истакнам дека од предвидените 18.523.300.000 денари, за првиот квартал се реализирани околу 4 милијарди денари што значи дека нема никаков застој и работиме интензивно на терен согласно со временските услови и согласно со препораките воведени со вонредната состојба“, истакна Китанов.
Тој додаде дека се интензивно се работи на изградба на експресните патишта и рехабилитација на преку триесетина регионални и магистрални патни правци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

