Контакт

Економија

(Видео) Тозиевски: Откупот од еден денар на индустриското јаболко не ги покрива трошоците на земјоделците

Објавено пред

Претседателот на Општинскиот коммитет на ВМРО-ДПМНЕ – Ресен, Јован Тозиевски, изјави дека во моментот во Ресен еден килограм индустриско јаболко се откупува за еден денар, што не ги покрива ниту трошоците за транспорт до индустриските капацитети.

dobivaj vesti na viber

„Деновиве во преспанскиот крај заврши годинешната берба на јаболката. Граѓаните на Ресен и Преспа како чесни и вредни луѓе, луѓе што макотрпно работат за да обезбедат подобра егзистенција за своите семејства, очекуваа многу од власта кога во предизборието во својата програма ветуваше многу за земјоделците од овој крај. И додека власта на СДСМ се занимава со продажба на националните интереси, преспанци едвај врзуваат крај со крај“, рече Тозиевски и додаде дека додека индустриското јаболко поминува лошо, за консумното јаболко нема никаква најава за откуп.

Само за време на бербата, вели Тозиевски, земјоделците потрошиле повеќе од два и пол милиона евра, кои сметале дека ќе ги повратат со продажбата на својот род.

„Ветувавте нови пазари, а ги нема ни оние традиционалните. Дали знаете дека 60 отсто од вкупното производство на овошје во Република Македонија потпаѓа под производството на јаболка. Дали државата не гледа никаков интерес во ова производство?“, праша Тозиевски од ВМРО-ДПМНЕ – Ресен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Измените на Законот за Енергетика кои ги предлагаме ќе спречат поскапување на струјата за најголем дел од домаќинствата, ќе работиме на поевтинување после јануари

Објавено пред

„На заминувањето на власта на СДСМ и ДУИ, се случува повторно ново поскапување на електричната енергија, со што директно се удира по стопанството и по буџетот на домаќинствата“ вели ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ВМРО-ДПМНЕ се грижи за стандардот на граѓаните и затоа поднесе Предлог закон за дополнување на законот за енергетика по скратена постапка, со кој ќе се спречи поскапувањето на цената на електричната енергија за најголем дел од домаќинствата сега на почетокот на јули.

Со оглед на тоа што универзалниот снабдувач од порано продолжува да ја врши истата услуга и во иднина, Регулаторна со измените треба само да му ја продолжи лиценцата, без да има дополнителни бирокартски процедури кои чинат пари и време и во исто време ќе се намали маржата од 11,5% на 9,9%. Овие промени но и оптимизацијата во работата на универзалниот снабдувач би ги заштитило граѓаните од поскапувања и со тоа дополнително загрозување на стандардот на граѓаните.

Овие мерки кои сега ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, пред формирањето на владата се во насока на заштита на интересите на граѓаните. По формирањето на владата ќе следи силна и посветена работа во областа на енергетиката, што би требало да резултира со намалување на цената на електричната енергија во следниот регулационен период од јануари 2025, како за домаќинството така и за стопанството“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Економија

Просечната плата во април изнесува 41.085 денари

Објавено пред

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2024 година, изнесува 41.085 денари.

dobivaj vesti na viber

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по работен во април 2024 година, во однос на април 2023 година, изнесува 113.7.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование (21.8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (18.6%) и Информации и комуникации (18.0%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3%), Информации и комуникации (5.7%) и Транспорт и складирање (4.9 %).

Прикажи повеќе...

Економија

Нова цена на горивата од полноќ

Објавено пред

РКЕ донесе нова одлука за цената на горивата од полноќ.

dobivaj vesti na viber

Цената на бензините и дизелот остануваат исти, а „мазутот“ поскапува 1,2 денар.

Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-95 – 81,00 (денар/литар)
Моторен бензин ЕВРОСУПЕР БС-98 – 83,00 (денари/литар)
Дизел-гориво ЕВРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 74,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (денари/литар)
„Мазут М-1 НС“ – 45,680 (денари/килограм)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Мицкоски од Собранието: Државата е во клиничка смрт, не барам сто дена меден месец туку најавувам инвестиции и реформи

Од она што го дознаваме за состојбите во државата, ситуацијата е рамна на клиничка смрт во повеќе клучни области, девастирана...

Топ35 минути

Во несреќа кај Глумово повредени четири лица меѓу кои и деца, едниот од возачите побегнал

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат кон селото Глумово, скопско. Во несреќата...

Македонија2 часа

Постои опасност пожарот во Кичевско да навлезе во букова шума – се гасне од земја, од воздух, а се приклучи на населението

Осум пожари на отворено и неколку помали интервенции се регистрирани во последното деноноќие, а од вчерашните е активен се уште...

Регион4 часа

Како снема струја на Балканот

Невиден колапс на електроенергетскиот систем ги погоди Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија. Се сомнева дека – во...

Македонија4 часа

Големи гужви за влез во Грција, се чека и до еден час

Големи гужви се забележани утрово на граничниот премин Богородица за влез во Грција. Граѓани за „Макфакс“ велат дека чекаат и...

Македонија5 часа

Денес почнува собраниската седница за избор на нова Влада

Собраниската седница за избор на новата Влада почнува денес во 11 часот, а треба да заврши најдоцна до недела на...

Македонија16 часа

Познат идентитетот на Македонката која загина во тешка сообраќајна незгода во Грција, тешко повредени уште две девојки

Министерството за надворешни работи соопшти дека денеска во 12 часот по локално време, на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се...

Регион18 часа

(Видео) 11 загинати во пожари во Турција, и Грција се бори со огнот

Најмалку единаесет лица загинаа, а десетици се повредени во пожар со ниска вегетација што ветрот го прошири во неколку села...

Регион18 часа

Црногорците и Албанците ја објавија причината за историскиот прекин на струја

Историски прекин на струја ги погоди денеска Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и поголемиот дел од хрватското крајбрежје. Бизнисите...

Македонија20 часа

(Видео) 30-годишна Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Солун, објавија грчките медиуми

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила на патот Игнација Верија – Солун, денеска напладне. Беше околу 12 часот,...

Регион21 час

Почна да се враќа струјата во Хрватска и БиХ, „падна далноводот меѓу Грција и Албанија“

По хаосот и прекините во електроенергетскиот систем, електричната енергија е вратена во многу градови низ Босна и Херцеговина. Се врати...

Македонија24 часа

Меџити: Нема да играм фудбал со министрите во кабинетот и нема да се занимавам со бизнисите на Лотарија и Соравиа

Денеска, од оваа промотивна конференција на програмските столбови и новиот владин тим, накратко ќе ги претставам нашите предизвици во наредните...

Македонија1 ден

Деспотовски: Изборите на 30 јуни се референдум за СДСМ – продолжуваме по старо или одиме по ново

Кандидатот за претседател на Социјалемократскиот сојуз на Македонија, Јован Деспотовски порача дека престојните претседателски избори во партијата се референдум на...

Македонија1 ден

Сообраќајка на патот Прждево кон Демр Капија, сообраќајот во целосен прекин

Oд 12:10 часот на регионален пат 1102 – село Прждево кон Демр Капија, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен...

Европа1 ден

(Видео) Дрон удри во рафинерија за нафта во Русија

Беспилотно летало ја погоди рафинеријата за нафта Илски во руската област Краснодар, при што беа повредени две лица и предизвикан...

Македонија1 ден

Филипче: Ќе ја отвориме работата на комисиите – политиките ќе се градат врз основа на широка стручна дебата

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, вчера во Куманово пред партиското членство ги образложи главните постулати на неговата програма....

Регион1 ден

Жена е пронајдена на плажа во Полихроно, мислеле дека е онесвестена

Неидентификувана жена е пронајдена онесвестена, во четврток попладне на плажа во Полихроно во општина Касандра на Халкидики. Жената била преземена...

Македонија1 ден

Планинарска спасителна служба извлече повреден турист во Охридско, лицето е пренесено во болница

Регионалниот ЦУК Охрид, извести дека вчера Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на...

Свет1 ден

Путин и се закани на Јужна Кореја

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Јужна Кореја дека ќе направи „голема грешка“ доколку ја вооружи Украина во војна против...

Свет1 ден

Трамп предлага зелен картон за странците кои дипломираат во САД

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вчера предложи луѓето кои дипломираат на универзитетите во САД автоматски да добијат зелен картон, или...