Економија
(Видео) Трипуновски: Владата да ги поддржи мерките на земјоделците
Високата цена на горивата, која пред се е и заради големата акциза, која за време на СДСМ во изминативе неколку години порасна за нови 13,13 денари го зголемува трошокот за производство. Козметичката мерка која ја донесе владата, а се однесува на намалување на акцизата за 30% не е целосна, затоа што горивата се повторно екстремно високи, што ќе допринесе до намалување на засадените површини со што ќе се јави недостаток на домашна храна, а увозната ќе биде со неколку пати повисоки цени односно ова сериозно дополнително ќе се одрази на семејниот буџет кај сите граѓани во Република Македонија, изјави на денешната прес-конференција, Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Од сите овие причини, ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува мерките за помош на земјоделците, кои се поднесени од земјоделските здруженија до владата на Република Македонија и тоа:
1.ЗЕЛЕНА НАФТА – Да важи за сите земјоделски гранки и да биде 100% ослободена од акциза и ДДВ, како и промена на досегашната методологија со нова во која исплатата ќе биде по литар по единица површина.
2.Итно процентуално зголемување на субвенциите во сите земјоделски гранки со процентуалното зголемување на производните трошоците и нивна исплата пред секоја производна сезона.
3.Субвенционирање на вештачките ѓубрива во сите земјоделски гранки и укинување на ДДВ за сите вештачки ѓубрива и хемиски препарати кои што се употребуваат во земјоделското производство.
4.Ослободување од надоместокот за концесија за 2022 година за корисниците на државно земјоделско земјиште, како и ослободување од пашарина, наводнување и одводнување.
5.Субвенционирање на придонесите на сите регистрирани земјоделци во државата.
6.Под ИТНО да се изнајдат алтернативни пазари за пласман на сите земјоделски производи кои што ги произведува нашата државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

