Економија
(Видео) Трипуновски: Министерството ќе ја соопшти официјалната производна цена на смедеревката и вранецот
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во општина Кавадарци по негово барање оствари средба со двете земјоделски здруженија кои што се од регионот Федерацијата на фармери, Здружението на мали семејни винарии, претставници од Земјоделскиот инспекторат, Подрачна единица, пратениците, градоначалниците поради претстојниот откуп на грозје.
„Она што сакам да ја информирам јавноста преку вас медиумите и присутните на состанокот е дека Министерството е тоа кое што ќе ја соопшти цената. Ниту една винарска визба не е таа која што ќе ја соопшти производната цена“, посочи министерот.
Трипуновски додаде дека Министерството согласно Законот пропиша Методологија за пресметка на производна цена на двете најзастапени вински сорти, тоа е смедеревката и вранецот. Согласно таа Методологија и согласно Законот Министерството објави Повик кој што траеше 15-тина дена. И веќе минатата недела заврши Повикот и склучен е Договор со Земјоделскиот институт – Скопје. Тоа е научна институција која што треба во наредниот период да излезе со производна цена за двете најзастапени сорти, и таа производна цена треба да биде зголемена за 25% како добивка према лозарите.
„Точно е дека имаме мало задоцнување, но тоа е поради тоа што претходната Влада предводена од СДСМ ако навремено ја донесеше Методологијата и ја усогласеше со законодавство, ако ја усогласеше со сите процедури, ние денеска ќе имавме ситуација каде што само ќе објавивме Повик. Меѓутоа ние даваме се од себе за да го фатиме рокот“, заклучи Трипуновски.
„Јас веќе со директорот на Земјоделскиот институт – Скопје разговарав и го замолив, со оглед дека е продолжен викенд, да се стават во функции за време на викендот се со цел веќе на почетокот на идната недела да имаме производна цена која што ќе биде зголемена за 25%“, истакна министерот.
Трипуновски посочи дека денеска ги информирал сите присутни дека во претстојниот откуп кој што ќе следи, секое откупно место ќе биде покриено со претставник од Земјоделскиот инспекторат. Секој инспектор ќе биде задолжен со широмер. Секој инспектор кој што ќе има широмер ќе има и одредена обука за правилно користење. И нормално Инспекторатот во наредните денови ќе направи дополнителна проверка на сите ваги кои што постојат на откупните места, затоа што во минатото се случувало да има манипулации во мерењето, и во мерењето на шеќерните единици и во количината.
„Инспекторатот ќе биде вистински следач на ситуацијата и нема да се дозволи манипулација на штета на земјоделците“, нагласи Трипуновски.
„Присутните ги информирав дека ланскиот денар кој што го вети минатата Влада уште не е исплатен, но ние со пренамената на Програмата обезбедуваме средства и во наредниве недела дена и тој денар ќе биде пуштен до лозарите. Во висина од околу 76 милиони денари ќе биде исплатена сумата за ланскиот денар“, вети Трипуновски.
Тој укажа дека Министерството постојано ја следи ситуацијата и нема да дозволи некој да си игра со трудот на лозарите. Министерството ќе биде вистински коректив.
„Годината по процените кои што ги добивам од терен говорат дека ќе имаме намалена количина на произведено винско грозје. Временските прилики си го прават своето, и ситуацијата на нефункционално Водостопанство во изминативе години резултираше и е еден од виновниците за намалена количина. Меѓутоа ценам и информациите од терен говорат дека квалитетот е одличен. А, моја обврска е да тој квалитет биде соодветно платен“, посочи министерот.
„Упатувам апел до сите лозари од регионот кои што произведуваат винско грозје, но и во другите делови од Македонија, дека јас, Инспекторатот и сите надлежни институции постојано ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да се манипулира трудот на оваа категорија на земјоделци“, апелираше Трипуновски.
Тој додаде дека целта во наредните години е да се зголеми производството на вино, да се зголеми извоз и тоа ќе значи сериозен девизен прилив на државата по основ на извоз на вино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

