Економија
Владина делегација на економска конференција за Балканот во Будва
Делегација на Владата предводена од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, од денеска до 26 овој месец ќе учествува на настани во рамките на „Конференција за економија: Балканот и Европската Унија – Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“ што се одржува во Будва, Црна Гора.
Како што информираат од владината прес-служба, вицепремиерот Анѓушев во текот на утрешниот ден ќе се обрати на панелот „Економска и европска перспектива на Балканот“, на која е најавено учество и на претседателот на Владата на Црна Гора, Душко Марковиќ, претседателот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, претседателот на Владата на Република Косово, Рамуш Харадинај, и претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ.
Во состав на македонската владина делегација е и министерот за економија, Крешник Бектеши, кој утре ќе учествува на панелот „Регионална соработка како сегмент на европските интеграции: економијата – генератор на севкупниот развој“, заедно со другите министри од регионот задолжени за економски прашања.
Во рамките на настанот, членовите на делегацијата ќе остварат и билатерални средби со политички и бизнис-лидери од регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Еврото падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот
Еврото денеска падна на најниско ниво во последните две години во однос на доларот, откако најновите податоци покажаа дека деловната активност во еврозоната нагло паднала во ноември.
Според податоците на берзата, европската заедничка валута во еден момент се тргуваше по 1,0399 долари, што е најниска вредност од декември 2022 година, пренесува CNN (CNBC).
Глобалната агенција S&P објави дека композитниот индекс во еврозоната паднал од октомвриските 50 поени на 48,1 поен.
Економија
Во октомври годишен раст од 11,0 отсто на вкупните депозити и од 9,2 отсто на вкупната кредитна поддршка
Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 11,0%, којшто произлегува од зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 9,2% како резултат на зголеменото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес кон растот на кредитите на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на следниот линк.
Економија
Преку Wine vision by Open Balkan ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна
Од 22 до 24 ноември оваа година се одржува најголемиот саем во Белград „Wine vision by Open Balkan“ каде што свое место ќе заземе и македонското вино и традиционалната македонска храна.
Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.
Токму на овој настан посетителите ќе имаат можност да ги вкусат врвните македонски вина, да се запознаат со нашите традиционални вкусови и гастрономски особености.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржува нашите изложувачи се со цел да се промовираат земјоделските производи и да се прошири извозот на истите надвор од границите на државата.
Во склоп на настанот кој што се одржува овие неколку дена ќе се одржи и македонска вечер на која што ќе присуствуваат високи делегати и владини претставници од други држави.
Преку македонската вечер присутните гости ќе се запознаат со богатството со кое што располага Македонија кога станува збор за вино и храна, велат од МЗШВ.