Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Владата и Ковачевски да ги прифатат петте предлог мерки на ВМРО-ДПМНЕ за излез од економската и енергетската криза
Енергетската и економска криза се сериозна закана за стандардот и квалитет на живот на граѓаните, но и за опстанок на стопанството и економијата. Додека народот е гладен и сиромашен, од Ковачевски и СДС слушаме само демагогии, а не конкретни мерки и чекори. Секој ден губење значи само продлабочување на енергетската, економската и социјална криза. Ковачевски и власта мора да ја сфатат сериозноста на ситуацијата во која ги донесоа државата и граѓаните, и во склад со тоа навремено и со конкретни мерки да работат на решавање на истите, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ предлага излез од кризите преку 5 конкретни мерки и тоа:
1.Предлагаме ноќните вишоци и вишоците на произведена струја од ЕЛЕМ во текот на викендите да се понуди на домашното стопанство, наместо како до сега што ги продаваше власта преку матни и криминални зделки на трговци.
2.Владата да покрие половина од разликата меѓу цената на струјата која ја плаќаат компаниите и цената на регулираниот пазар. Со овој начин ќе се спасат илјадници работни места кои висат поради неликвидност на компаниите. Доколку власта го прифати ова, илјадници граѓани наместо на улица ќе продолжат да работат и да егзистираат.
3.Веднаш да се воведе викенд без ДДВ за основните прехранбени производи за граѓаните. Прехранбените производи поради ненавремената реакција и незаинтересираноста на власта се покачија од 50 до 100%, а според информациите кои се пласираат во медиумите, цената на истите допрва ќе расте. Преку оваа мерка ќе се заштити стандардот на граѓаните.
4. Откажување од воведувањето на скалесто оданочување кое го планира власта, со што ќе им се помогне и на граѓаните и на компаниите.
5. И како последна предлог-мерка, да се обезбедат повеќе свежи пари за стопанството преку дестерилизација на благајничките записи во Народна банка. Со ова ќе се помогне да се зачуваат многу работни места и нема да се дозволи затворање фирми. Само за една година во државата се затворени 12.000 компании, што е поразителен факт не само за власта туку и за македонската економија.
ВМРО-ДПМНЕ предлага конкретни и издржани мерки кои ќе значат пребродување на економската и енергетската криза. Затоа Владата да се надмине себеси и веднаш да ги прифати предлог-мерките на ВМРО-ДПМНЕ за доброто на сите граѓани и стопанството, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

