Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и ДУИ ќе се задолжи со 900 милиони евра за да ја закрпи буџетската дупка
Владата на СДСМ и ДУИ безмилосно ги трошат народните пари. Затоа економијата е во колапс и затоа долгот на Македонија вртоглаво расте. Сега најавуваат ново задолжување од 900 милиони евра коешто нема да служи за развој туку за буџетска ликвидност. Тоа значи дека овој долг од речиси 1 милијарда евра е само за да се закрпи буџетската дупка. Ете на кое дереџе дојде Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека за 5 години власта потроши над 20 милијарди евра, а ништо не направи. За 5 години долгот порасна од 4,7 милијарди евра на над 7 милијарди евра и уште ќе расте до речиси 8 милијарди евра до крајот на годината. Ова значи дека оваа власт ја задолжи државата колку сите власти претходно.
Резултат од задолжувањето на Македонија нема. Над 35% се во ризик од сиромаштија, а државата е во топ 5 најсиромашни земји во Европа. Последни сме во регионот по економски раст, последни сме по привлекување странски инвестиции, а нема ниту домашни капитални инвестиции. Нема ништо од најавуваните нови клинички болници, автопатишта, училишта и слични ветувања. Граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Инфлацијата само во месец март достигна 8,8%, цената на струјата за кратко време се покачи за 30%, горивата за 80%, килограм брашно поскапо 83%, додека литар масло за јадење е поскапо за 107%, а литар млеко е 47% поскап.
Парите од буџетот и од задолжувањата власта на СДСМ и ДУИ ги троши за милионски криминални физибилити студии, тендери во 4 очи, набавки на мебел, цвеќе, службени возила и жардиниери.
Ова тонење на Македонија мора да престане. Мора да се оди на избори што поскоро бидејќи оваа власт не ги решава проблемите на граѓаните, туку само создава нови, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ го објави конкурсот за стипендирање
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-30/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по фармација
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по фармација на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
· Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
· Молба
· Кратко CV
· Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12
1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта.
4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Фармацевтски факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ).
Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Медицинскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2025 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-32/1 усвоена на ден 31.10.2025 година објавува
КОНКУРС
За стипендирање на 20 студенти по медицина
1. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈАТА
· Кандидатите да се редовни студенти на Факултетот по медицина на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје во трета или четврта година од студии
· Во текот на студиите да постигнале најмалку 7,5 просечен успех
· Да не повторувале година во текот на студирањето
2. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
· Молба
· Кратко CV
· Уверение за положени испити и постигнат успех
3. НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатите потребните документи да ги достават на адреса: Фондација „Трајче Мукаетов“ – Скопје Булевар „Александар Македонски“ бр.12 1000 Скопје Документите се поднесуваат од 03.11.2025 година до 19.11.2025 година исклучиво по пошта. 4. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА Ќе се стипендираат 20 студенти од трета година и четврта година Медицински факултет. Висината на стипендијата ќе изнесува 7.000,00 денари месечно (нетто износ). Документите на кандидатите кои се некомплетни и неблаговремено доставени нема да се разгледуваат. За резултатите од Конкурсот кандидатите ќе бидат известени на домашна адреса и преку дневниот печат.
Економија
Фероинвест на „Енерго Технома 2025“ – претставено искуството од првата лиценцирана батерија на електрана во Македонија
На штандот на компанијата на годинешниот саем „Енерго Технома 2025“, посетителите покажаа голем интерес за исплатливоста и придобивките од првата поставена батерија на фотонапонска електрана, во заедничка сопственост на ФЕРОИНВЕСТ и неколку партнери, а изведена од ФЕРОИНВЕСТ.
Бројни сопственици на фотоволтаични електрани се заинтересирани за поставување батериски системи за складирање електрична енергија на нивните објекти, по примерот што го реализираше ФЕРОИНВЕСТ, кој е ексклузивен застапник за Македонија на батериите од глобалниот бренд WHES (WEIHENG).
Инженерскиот тим на саемот ги запозна инвеститорите со искуството од првите недели на работењето на батеријата, кое покажа дека е постигната двојно повисока цена за продажба на електричната енергија, во споредба со фотонапонска електрана без батерија. Ова значи дека инвестицијата во батеријата ќе се исплати за само три години, а дополнително ќе ја подобри вкупната исплатливост на електраната.
Батеријата овозможува складирање на електричната енергија во текот на денот, кога има високо производство од сонце, а пазарните цени се ниски, и користење или продажба во ноќните часови, кога нема сончево производство, а побарувачката и цените се значително повисоки.
На овој начин, батериите создаваат добивка за производителот, односно за електраната, а истовремено му помагаат на електроенергетскиот систем на Македонија, штитејќи го од преоптоварување со прекумерни количини енергија во критичните часови од денот.
Овој тренд, кој произлегува како последица од инсталирањето на поголем капацитет на фотоволтаични електрани од реално потребниот, ФЕРОИНВЕСТ го согледа уште пред две и пол години и започна со истражување и инвестирање во развој на батериски системи.
Батерискиот систем на фотонапонската електрана во Гиновце претставува првата батерија во Македонија која има градежна дозвола, согласност за приклучок на мрежа и лиценца за складирање електрична енергија, согласно новите законски одредби што ја уредуваат оваа нова област на енергетската транзиција во земјава.
Батерискиот систем е поставен на фотонапонската електрана во Гиновце, во близина на Крива Паланка.
Електраната има инсталирана моќност од 4,5 MW (мегавати) и батериски систем со капацитет од 6,1 MWh (мегаватчаса), со кој секојдневно управува ФЕРОИНВЕСТ преку сопствен систем за програмирање и контрола.
(ПР)
Економија
Децата од градинката „Пролет“ во посета на МИНТ финтек-групацијата по повод Денот на штедењето
По повод 31 октомври – Светскиот ден на штедењето, МИНТ Финтек Групацијата ги отвори вратите на своите главни канцеларии во Битола и организираше посета за најмладите, децата од детската градинка „Пролет“.
Во духот на едукацијата и добрите финансиски навики, децата имаа можност да се запознаат со симболиката на штедењето и да научат како преку мали чекори може да се создадат големи навики. Со нивните насмевки и прашања за тоа „како растат парите“, денот доби најубава смисла.
Секое дете доби специјално дизајнирана Mint касичка – со мотиви од вселената и природата – симбол на љубопитност, раст и одговорност. Покрај тоа, децата изработија и цртежи на тема „штедење“ кои останаа изложени во канцелариите на компанијата како потсетник дека најубавите инвестиции се оние во иднината.
„Во Mint Fintech Group веруваме дека финансиската писменост почнува уште од најрана возраст – преку игра, боја и инспирација. Затоа секоја година на овој ден сакаме да им ја приближиме на децата идејата за штедење како нешто убаво, креативно и значајно,“ велат од компанијата.
Настанот беше организиран во соработка со воспитувачите од ЈОУДГ „Естерија О. Мара“ – објект „Пролет“, а ќе продолжи и утре во знак на Денот на осигурувањето, со нови активности посветени на безбедноста и довербата.
Mint Fintech Group продолжува да вложува во развојот на финансиската едукација и општествената одговорност, градејќи култура на штедење и доверба меѓу најмладите генерации.
(ПР)

