Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДСМ и Ковачевски се фалат со зголемување на пензиите за 1.000 денари во Србија пораснаа за 170 евра, а во Словенија за 150 евра
Трагично е колку владата администрирана од Ковачевски си поигрува со достоинството и интелигенцијата на пензионерите. Тоа што го укина владата на СДСМ пред три и пол години и го преставуваше како голема реформи, сега го враќа пак ама демек бил швајцарски модел, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Прво, лажговците од владата на Ковачевски треба да признаат дека не ги зголемува пензиите, туку само го враќа моделот на пресметка за покачување на пензиите кој го укинаа Заев и Царовска, а беше воведен од ВМРО-ДПМНЕ во 2012 година. Во 2018 СДСМ/ДУИ го укинаа растот на пензиите според просечната плата и цели 3 и пол години им кратеа на пензионерите од пензиите. Ова е уште една потврда дека власта краде и лаже.
Второ, додека СДСМ и Ковачевски се фалат со зголемување на пензиите за 1.000 денари во Србија пензиите пораснаа за 170 евра, а во Словенија за 150 евра.
Трето, без срам Ковачевски се фали со раст на пензии, а инфлацијата и поскапувањата на основните животни продукти е двојно, па и тројно поголема од процентот на покачување. Млекото е поскапо за 22%, брашното за 38%, зејтинот за 46%, струјата за над 30%, а горивата за над 70%. Поскапувањето го изеде покачувањето уште сега, а дури го добијат пензионерите ќе биде и пострашно.
Четврто, власта на Ковачевски одби конкретен предлог од ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%, што ќе беше задоволителна мерка со оглед на падот на стандардот на пензионерите во изминатите 5 години.
Власта на СДСМ им украде десетици илјади денари на пензионерите до сега и не може да се прикажува како голем душегрижник со 1000 денари покачување. Напротив треба да се срамат и да се извинат на граѓаните, а казната за нивното крадење ќе ги стаса многу скоро, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

