Контакт

Економија

ВМРО-ДПМНЕ за буџетот: Власта ќе потроши 3,9 милијарди евра на популистички програми

Објавено пред

Зоран Заев и Нина Ангеловска денеска го презентираа најголемиот буџет во историјата на државата. Власта во 2020 година планира да потроши 3,9 милијарди евра на популистички и неразвојни програми. Ова го изјави Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

dobivaj vesti na viber

„Заев најде пари за сè, само не за капитални инвестиции и други инфраструктурни објекти, кои создаваат трајна вредност. Одвојувањето само 380 милиони евра за капитални инвестиции кога буџетот е проектиран на 3,9 милијарди евра е смешно. Нема пари ниту за нови енергетски капацитети. Ништо од најавените „Чебрен“ и „Галиште“, пренамената на ТЕЦ „Неготино“ или вложувањата во РЕК „Битола“ и „Осломеј“. Последните ќе останат средства за испумпување пари за семејството“, рече Мицевски.

Од опозицијата го коментираа и покачувањето на пензиите.

„Првин им скрати три години по ред по 600 денари покачување, за сега да им ветува само 700 денари. Заев ги оштети пензионерите со 1.800 денари досега, пари што ќе ги имаа доколку Заев не беше власт. Дополнително, покачувањето на минималната плата со која се фали не се реализира во пракса бидејќи работниците се принудени да враќаат дел од парите на рака, а институциите не преземаат ништо во однос на тоа“, рече Мицевски.

Во делот на здравството тој рече дека во буџетот нема пари за да се исполни ветувањето за бесплатно здравство, а нема пари ниту за земјоделците на кои им била ветувана зелена нафта, а завршиле со бонови од 500 денари за 50.000 земјоделци во услови кога во државата има над 100.000 земјоделци.

Економија

Ѓорѓиевски со порака за посилна регионална соработка на форумот на Стопанската комора на Војводина

Објавено пред

Во рамките на осмиот форум кој е организиран од Стопанската Комора на Војводина во Нови Сад се одржа панел дискусија со фокус на регионалната соработка,зелената транзиција и идните чекори на регионот на која покрај домаќинот господин Владимир Гак преседател на стопанската комора на Војводина учествуваа Горан Ѓорѓиевски преседател на Сојуз на стопански комори на Македонија, преседателот на Стопанската комора на Република Српска Горан Ракиќ и Горан Јаниќ преседател на советодавниот одбор на Зелен Навигатор.

dobivaj vesti na viber

Пред голем број на присутни учесниците на панелот испратија јасни пораки за зголемување на соработката на ниво на Комори како и идни чекори кои е потребно да се преземат со цел да се овозможи подобро позиционирање на бизнис секторот во регионот и на европскиот пазар. Коморите преставуваат катализатор помеѓу владите и бизнис секоторот секогаш фокусирани да работат на градење мостови на соработка со цел подобрување на условите за бизнис,а тоа е возможно со поголем број на Б2Б средби,размена на искуство и воведување на нови практики во зелената транзиција која се бара од страна во Европската Унија,а нашите држави се обврзаа на тоа.

,,Затоа регионот е потребно се повеќе да го гледаме и третираме како еден пазар со фокус на зголемена ,но фер транзиција на која ќе се работи во континуитет на дигитализацијата и нови технологии без кои не можеме да замислиме дека ќе има развој” истакна Ѓорѓиевски во своето излагање.

На маргините од осмиот форум делегацијата на Соузот на Стопански комоти на Македонија реализираше состаноци со Истамбулската стопанска комора со кои се оцртаа новите форми на идна соработка со примарен фокус на инвестициите.

Со почит,

Прикажи повеќе...

Економија

Форумот за иновации „Пеперутка“ 2025 заврши со визија за регионална иновациска соработка

Објавено пред

Четвртиот форум за иновации „Пеперутка“ 2025, организиран од Советот за Регионална Соработка (RCC), одржан на 19-20 ноември во Нови Сад, успешно заврши. Настанот, кофинансиран од Европската Унија, ги собра креаторите на политики, иноваторите, основачите на стартапи и претприемачите од целиот Западен Балкан, обезбедувајќи живописна платформа за вмрежување, размена на знаење и соработка.

dobivaj vesti na viber

Во своето воведно обраќање, Амер Капетановиќ, Генерален секретар на RCC, ја истакна важноста на регионалните иновации и соработка. „Овие иницијативи покажуваат дека, иако предизвиците постојат, нашиот регион се движи решително напред. Ги поставуваме темелите за отпорен и конкурентен Западен Балкан. Со вашето залагање, идеи и придонеси, може да обезбедиме регионот да чекори во склад со иновациите и да стане дестинација за нив,“ рече Капетановиќ, нагласувајќи дека успехот ќе зависи од заедничките напори низ регионот.

Растислав Стојсављевиќ, зборувајќи во име на Министерството за наука, технолошки развој и иновации на Србија, им се заблагодари на RCC и ЕУ за нивната постојана поддршка. Тој истакна дека настани како Форумот и наградата „Пеперутка“ помагаат во адресирањето на потребите и можностите за иновации во регионот, и ја потврди посветеноста на Србија кон унапредување на иновациите и технолошкиот развој.

Исто така, Ричард Маша, Раководител на операции во Делегацијата на ЕУ во Србија, нагласи дека иновациите се клучни за економски раст, конкурентност и за иднината на младите во Западен Балкан. Маша ја потврди посветеноста на Европската Унија за поддршка на иновативните напори во регионот и го пофали RCC за оваа иницијатива, потенцирајќи го партнерството на ЕУ во туркањето на регионалните иновации напред.

За време на форумот, учесниците се вклучија во информативни панели и разговори на напредни теми. Првата сесија се осврна на тековниот развој на вештачката интелигенција во регионот, разделувајќи ја хиперболата од реалноста и дискутирајќи како нејзиниот раст може да се искористи за развој. Втриот панел ја стави во фокус гејминг индустријата, покажувајќи го нејзиниот подем како силен двигател на иновации и раст на дигиталната економија во Западен Балкан. Панелистите ја разгледаа и експанзијата на центрите за дигитални иновации како клучни поттикнувачи на технолошка соработка и претприемништво во регионот. Во deep-tech дискусија, експертите дебатираа дали новонастанатиот deep-tech сектор во Западен Балкан е подготвен да стане нов мотор за раст или сè уште претставува неискористена можност. Овие разговори ги истакнаа успешните регионални технолошки иницијативи и понудија практични увиди, во согласност со фокусот на форумот – еволуцијата на стартап екосистемот во регионот.

Форумот за Иновации „Пеперутка“ 2025 заврши во оптимистички, визионерски дух. Организаторите и учесниците се согласија дека споделеното знаење и воспоставените врски ќе поттикнат уште поголема регионална соработка и иновации. Континуираната регионална соработка, нагласена низ целиот форум, беше истакната како клучна за претворање на креативните идеи во одржливи бизниси и за одржување на конкурентноста на Западен Балкан во глобалниот иновациски пејзаж. Успехот на настанот повторно ја истакна вредноста на ваквите форуми во обединувањето на различни засегнати страни и водењето на дигиталната и зелената транзиција на регионот. Како што регионот продолжува напред, моментумот создаден од Форумот „Пеперутка“ 2025 ќе ги зајакне тековните иницијативи и ќе инспирира нови партнерства, обезбедувајќи континуитет на регионалниот иновациски прогрес.

Форумот ја вклучи и церемонијата за 4-тата награда за иновации „Пеперутка“, одржана претходната вечер, каде беа претставени исклучителните регионални иноватори што придонесуваат за одржлив и дигитален раст.

Прикажи повеќе...

Економија

Биткоинот силно паѓа

Објавено пред

Од

Биткоинот денес падна на најниско ниво за повеќе од шест месеци, бидејќи инвеститорите ја намалуваат изложеноста на ризични средства поради неизвесноста околу следниот потег на Федералните резерви на САД. Водечката криптовалута во светот падна на 86.325,81 долари, што е најниската вредност од 21 април. Цената подоцна се стабилизираше на околу 86.690 долари.

dobivaj vesti na viber

XRP падна за 2,3%, додека етерот изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се тргува далеку под нивото од 3.000 долари.

Во исто време, главните индекси на Волстрит забележаа падови, откако почетниот ентузијазам предизвикан од импресивните резултати на технолошкиот гигант Nvidia брзо исчезна.

Веројатноста дека биткоинот ќе ја заврши годината под 90.000 долари се зголеми на 50%, според податоците од платформата за опции Derive.xyz, бидејќи трговците сè повеќе се заштитуваат од понатамошни падови, објавува „Ројтерс“.

Биткоинот е во опаѓачка траекторија од почетокот на октомври, кога достигна рекордно високо ниво од 126.223,18 долари. Изгуби повеќе од 7% од својата вредност од почетокот на годината и е на пат да го забележи својот прв годишен пад од 2022 година.

Една од главните причини за падот на биткоинот е попретпазливиот став на неколку претставници на Федералните резерви на САД, кои предупредуваат на сè уште превисока инфлација во САД и советуваат воздржаност во понатамошните намалувања на каматните стапки. Ова ги намали пазарните очекувања и изврши притисок врз биткоинот и другите ризични средства како што се акциите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет29 минути

Трамп силно го притиска Зеленски: бара предавање на територии и двојно помала војска

Соединетите Американски Држави вршат силен притисок врз Украина што е можно поскоро да го прифати мировниот план што администрацијата на...

Македонија1 час

ЦУК: Поради обилните врнежи зголемени се водостоите на реките, на некои места има излевања, поплавени се куќи и штали, има и одрони на патиштата

Поради обилните врнежи од дожд во последното деноноќие на повеќе локации во државата се регистрирани зголемување на водостоите на реките...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија издвојува најмногу средства за правосудството, а добива најмалку резултати

Македонија е меѓу државите што издвојуваат значителни средства за правосудниот систем, но граѓаните добиваат најмалку резултати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата,...

Македонија2 часа

Регионалниот пат Охрид – Св. Наум пуштен по двете коловозни ленти

Утрово во 07:05 чaсот сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти, извести АМСМ....

Македонија3 часа

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер“, велат од „Влен“

„Албанската опозиција денес наликува на стар шатор што се кине штом ќе задува ветер. Она за што ВЛЕН предупредуваше долго...

Европа4 часа

Жестоки експлозии во украински град: руски насочувани бомби убија пет лица

Во руски ноќен напад врз градот Запорожје загинаа најмалку пет лица, а осум беа повредени, соопштија локалните власти. Регионалниот гувернер,...

Свет4 часа

Објавен планот на Трамп за Украина: Безбедносни гаранции, тампон зона, амнестија…

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за завршување на војната во Украина би барал од Украина да се откаже од...

Свет5 часа

Зеленски: Украина ќе работи напорно на мировните предлози

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина ќе работи напорно за да бидат успешни мировните предлози на САД и...

Свет5 часа

(Видео) Трамп навреди новинарка, Белата куќа: Ова ја одразува неговата отвореност

Белата куќа синоќа застана во одбрана на претседателот Доналд Трамп откако тој нарече една новинарка „свиња“, велејќи дека изјавите на...

Свет5 часа

Трамп ги укинува царините на бразилското кафе, говедско месо, какао и овошје

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба за укинување на увозните царини за бразилските прехранбени производи, вклучувајќи говедско месо, кафе,...

Македонија17 часа

Го предупредувале газдата за инспекции, а неговиот син давал поткуп за тоа – инспектори и даночни контролори нови осомничени за пожарот во „Пулс“

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работата на клубот „Пулс”....

Топ20 часа

Пациент почина, две лекарки повредени по нагло сопирање на медицинско возило за да избегне судир во центарот на Скопје

Вчера околу пладне во полицијата во Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу улица „11 Октомври“ и булевар „Кочо Рацин“...

Економија22 часа

Минималните семејни трошоци во ноември 65.173 денари, со изнајмен стан надминуваат 80 илјади

Минималните месечни трошоци што едно четиричлено семејство ги има во ноември достигнуваат 65.173 денари, додека доколку семејството живее во изнајмен...

Македонија22 часа

(Видео) Да ги пронајдеме мешетарите што го рушат имиџот на здравството: Мицкоски со најава за сериозни реформи

На неколку фронтови во здравството се работи и се вложува, а треба да се вложува уште многу повеќе од ова...

Економија1 ден

Нема промени во делот на наплатата на ДДВ при приемот на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ, извести Минстерството за финасии

Министерството за финансии информира дека усвоените измени и дополнувања на Законот за ДДВ нема да влијаат на начинот на кој...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски: Автопатот Прилеп – Битола го градиме со силна динамика

Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Александар Николоски...

Европа1 ден

Полска го крена нивото на тревога; Министерот за надворешни: Ова не е саботажа, туку тероризам

Полска сè повеќе станува цел на напади. По саботажата на стратешки важна железничка рута, министерот за надворешни работи Радослав Сикорски...

Македонија1 ден

(Видео) „Јорданов се пишмани – Општина Штип ќе го продаде ‘Дино паркот’ од 800.000 евра на приватен бизнисмен“, велат од партијата Левица

„Штипскиот Дино парк да падне во рацете на приватен бизнисмен преку јавно – приватно партнерство, односно да се издава под...

Свет1 ден

Сопругот на убиената Србинка во САД призна дека го распарчил нејзиното тело

Брајан Волш, маж од Масачусетс на судењето за убиството на неговата сопруга Ана, родена во Србија, во 2023 година, оваа...

Свет1 ден

(Видео) Читач од усни открива што рекол Илон Маск за саудискиот принц на гала-вечерата: Трамп ќе полуди

Илон Маск, кој драматично ги влоши односите со Доналд Трамп пред шест месеци, сега се чини дека е повторно во...