Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Нови авиолинии и нови патишта, Македонија се поврзува и станува подостапна за бизнис, туристи и регионална соработка
Македонија влегува во нова етапа на инфраструктурна транформација, со проекти, со нови патишта и нови авиолинии кои ќе ја подобрат меѓународната поврзаност на земјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Новите патишта, модернизираните автопати и зголемениот број на авиолиниите значително ќе дадат придонес во регионалната интеграција и економскиот раст на земјата.
Изминатиот период се воведоа комплетно нови 16 авиолинии од аеродромите во Скопје и Охрид.
Се воведоа пет нови авиолинии до скопскиот аеродром, Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага. Претходно беа воведени уште 11 нови авиолинии од Скопје и Охрид кон Барселона, Лион, Париз, Женева, Истанбул, Амстердам, Дубаи, Штутгарт, Ларнака и Базел. Како и нов чартер лет од Германија со кој најмалку 200 туристи секојдневно ќе ја посетуваат Македонија.
Зголемувањето на бројот на патници се гледа веќе во првата половина од оваа година, каде што вкупно на двата македонски аеродроми се превезени 1,5 милиони патници, што е за 5% од скопскиот аеродром и 11% од охридскиот аеродром.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ вложува и во изградба и рехабилитација на клучни патни правци.
Се пушти во употреба дел од автопатот Кичево-Охрид, делница Пресека-Песочани. Тоа е 6 та делица која што е пуштена во употреба. Претходно беа пуштени во употреба делницата Градско-Фариш, Фариш-Дреново, пуштен е во употреба и Страцин-Крива Паланка, Гевгелија-Валандово, Охрид-Свети Наум.
Се пушти во употреба дел од експресниот пат Градско-Прилеп, на потегот Градско- Дреново, вреден 37,4 милиони евра. Експресниот пат Дреново- Фариш, кој значително го скратува патувањето и го зголемува квалитетот на сообраќајната безбедност.
Експресниот пат Ранковце-Крива Паланка (потег Страцин), во должина од 26 километри и вредност од речиси 98 милиони евра. Целосно се реконструира регионалниот пат Охрид-Свети Наум, во должина од 25 километри, вреден 12 милиони евра.
Со посветеност и заедничка работа владата на ВМРО-ДПМНЕ реализира проекти со цел поврзување на Македонија со регионот и подобрување на животот на граѓаните“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

