Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Предлог-буџетот за 2023 година само потврдува дека Македонија е влезена во стагфлација
Македонија е во очај со оваа Влада на СДСМ и ДУИ. Фискалната одржливост е одамна изгубена, фискалниот простор е исцрпен, јавниот долг е енормно зголемен и повторно значајно ќе се зголемува наредната година. Дефицитот четврта година по ред пробива плафони. Наредната година го планираат на 700 мил. евра, оваа година ќе биде околу 700 мил. евра, во 2021 година дефицитот беше 630 мил. евра, во 2020 година беше 876 мил. евра. За четири години нов долг од 2,9 милијарди евра, без ниту еден километар автопат, без ниту една градинка и спортска сала, со губење на конкурентската позиција на македонската економија и со најлоши регионални остварувања во економијата. Од економски лидери, со оваа Влада се претворивме во економски губитници. Државната каса ни е пред банкрот и нема лесно да преживееме. Допрва доаѓа сметката од постоењето на оваа Влада, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека предлог-буџетот за 2023 година само ги потврди нашите предупредувања дека Македонија е влезена во период на стагфлација. По нискиот раст оваа година, Владата планира низок раст и наредната година oд 2,9 % и повторно висока инфлација од 7,1 %. Во предлог-буџетот за 2023 година нема ништо за тоа која краткорочна и среднорочна стратегија ја имаат за зголемување на капацитетот на домашното производство на електрична енергија. Власта повторно убедува дека златното правило се применува, односно дека новиот долг наредната година е поради финансирање на инвестициите, т.е. на капиталните проекти. Но, како и оваа и во претходните години, така и наредната година капитални проекти нема. Оваа Влада нема ни камче поместено од кога е на власт. И оваа и во претходните години парите за капитални проекти секогаш се кратат, а последното кратење беше пред една недела со неодамнешната прераспределба на буџетот за оваа година.
Високата проекција на приходите во предлог-буџетот за 2023 укажува дека Владата планира да ги примени сите предлози од таканаречената даночна реформа и да почне со прогресивното даночење на данокот на личен доход од јануари 2023 година. Најстрашно е што расходите за наредната година експлодираат. Тие се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или 5.281 мил. евра или за 12,6 % повисоки во однос на 2022 година. Од историски највисокото ниво од оваа година во нов историски врв наредната година. Па каде е лимитот? Нема никаква консолидација. Власта со предлог-буџетот само покажува дека немилосрдно ќе ги троши парите на граѓаните, кој е последен буџет што ќе може да го трошат како власт, но забораваат дека одговорност ќе има, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

