Економија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ се најголеми виновници за кризата во Македонија
Додека државата и граѓаните тонат во кризи и сиромаштија, лицемерната влада на СДСМ и ДУИ администрирана од Ковачевски си трошела на луксуз, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека речиси 5 месеци знаеле дека ќе следува толку голема криза, но наместо мерки за заштита на стандардот на граѓаните ДУИ и СДСМ трошеле на мебел, возила, цвеќиња, кафиња и хотелски услуги.
Наместо да спречат ценовен шок, поважно за власта било Министерството за надворешни работи да има 1.370.000 денари за мебел, 590 илјади денари за подароци и 350 илјади денари за цвеќиња.
Наместо помош за граѓаните и стопанството, за власта поважно било Министерството за политички систем да троши 350 илјади денари за миење автомобили, 530 илјади денари за ажурирање на веб-сајт, 400 илјади денари за набавка на жардиниери, а за консултантски услуги 470 илјади денари.
Наместо да има поевтино гориво и поевтина струја за граѓаните, за власта било поважно Секретаријатот за европски прашања раководен од Маричиќ да потроши 700 илјади денари за мебел и миење коли, а Министерството за внатрешни работи на Спасовски дури 15.400.000 за канцелариски мебел.
Знаеле за кризата, но сепак во рок од 5 месеци потрошиле над 2 милиони денари на непродуктивни трошоци. И откако си ги обезбедиле хировите, лицемерно велат дека треба да се штеди.
Да биде катастрофата поголема, потрошиле над 2,5 милиони евра за набавка на нови луксузни автомобили од кои повеќето чинат над 30.000 евра, во период кога илјадници граѓани остануваа без работа и илјадници компании затворија.
Да се штеди требаше уште од порано бидејќи додека тие аздисувале со народни пари кризата удри по граѓаните и стопанството.
Но, штедење и домаќинско работење не е симбол за оваа расипничка и криминална влада на СДСМ и ДУИ.
Најголеми виновници за кризата која ја зафати Македонија се СДСМ и ДУИ, тие се проблемот и изворот на кризи, затоа потребни се предвремени парламентарни избори за Македонија и граѓаните да може да тргнат нагоре, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска–Мелинвуд: Започнува најобемната енергетска обнова на јавните згради досега
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд, претставник на Француската агенција за развој (AFD), а во врска со реализацијата на Планот за реконструкција на јавните згради – еден од клучните столбови на Реформската агенда на државата.
Фокусот на средбата беше ставен на имплементацијата на Планот за реконструкција на зградите што ги користат институциите на јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – стратешки документ што поставува јасна, тригодишна рамка за најмасовната и најсистемска енергетска обнова на јавни објекти во земјата досега.
Станува збор за План што веќе е усвоен од Владата по сеопфатен процес на усогласување со вкупно 33 институции, што ја потврдува неговата институционална тежина и стратешко значење за модернизација на јавниот сектор.
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од Реформската агенда, како и од постојните законски обврски. Согласно законската рамка, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција, истакнуваат од таму.
На средбата беше истакнато дека во моментов е во подготовка таканаречената scoping студија (студија за определување на опфат), со која детално ќе се утврдат параметрите за рехабилитација и обнова на зградите, како и јасни критериуми за приоритизација на објектите што први ќе влезат во процесот на реконструкција.
Со ова, е нагласено во соопштението, државата прави крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за јавниот сектор, подобри услови за работа во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови, во согласност со европските климатски политики.
„Оваа реформа претставува конкретен чекор кон позелена, поекономична и поодржлива јавна администрација – со директни придобивки за граѓаните и за државниот буџет“.
Економија
Трипуновски: Досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун во вредност од 170 милиони евра
Денес, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство и претседателот на Сојузот, посетивме неколку откупни пунктови со цел да се направи увид во завршната фаза од откупот на тутунот, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„Според последните податоци, досега се откупени 25,3 милиони килограми тутун од последната реколта, просечната цена е 419,15 денари за килограм“, посочи тој.
Министерот Трипуновски додаде дека вкупната вредност на откупениот тутун изнесува околу 170 милиони евра, од кои 95,6% веќе се исплатени на тутунопроизводителите кои го имаат предадено својот род.
„Останува уште мала количина тутун која согласно предвидената динамика, ќе биде откупена во наредниот период. Секоја откупна компанија ќе има отворен пункт до крајниот рок за откуп, кој трае до крајот на месец февруари“, појасни министерот.
Економија
COMBO.mk – Новата онлајн дестинација за алат, апарати за домаќинство и многу повеќе
COMBO официјално ја пушта во употреба својата нова онлајн продавница, со цел купувањето да стане побрзо, поедноставно и подостапно за сите корисници низ државата. Со новата платформа, COMBO ја пренесува својата богата понуда во дигитално искуство што овозможува лесна нарачка, преглед на производи и безгрижна набавка од дома.
COMBO е современо продажно одредиште со продажен простор од 6.000 м² и асортиман од над 15.000 производи, внимателно селектирани за секојдневни потреби и професионална употреба. Понудата опфаќа девет главни категории: машини и алат, градинарски алат, апарати за домаќинство, автокозметика, лепила и силикони, електрика, оков за мебел, чешми и туш системи, како и производи за домашни миленици. Компанијата посветува внимание на брза достава и професионална услуга, со фокус на практичност и доверба при секоја нарачка.
Што добиваат купувачите
- Онлајн купување со широк избор на производи во девет различни категории.
- Практична набавка од едно место – од професионални алати и градинарска опрема, преку апарати за домаќинство и електрика, до чешми, туш системи и производи за домашни миленици.
- Брза достава и флексибилни опции за испорака низ цела Македонија.
- Стручна поддршка и советување при избор на производи.
- Сервисна поддршка и гаранција за производите.
- Услуга насочена кон лесно, сигурно и безгрижно корисничко искуство.
За повеќе информации и новитети, посетете ја веб-страницата на Combo.
(ПР)

