Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Со новото покачување на струјата, дуото Ковачевски ќе печали, а 500.000 народ ќе живее со 150 денари на ден
СДСМ и Ковачевски преку Васко Ковачевски, директор на ЕЛЕМ, најавија ново покачување на цените на струјата од декември. И СДСМ знаат дека кризата која нè чека поради нивниот криминал и неработа не може да ја избегнат, па ја најавуваат уште од сега. Откако е Ковачевски премиер цената на струјата се покачи два пати. Последните покачувања се во дијапазон од 18% па до повеќе од 100%. Сметките за струја на фирмите само во месец август пак се и до 4 пати повисоки од досегашните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
И токму енормно високата цена на електричната енергија е една од главните причини што од Централниот регистар за само 8 месеци во 2022 година се избришани над 5.500 правни субјекти. Македонија е под енергетски и економски колапс, а единствени виновници за таквата состојба се СДСМ и владата на Ковачевски, кои во време на криза заработуваат на грбот на народот.
Најкриминалниот директор во владата предводена од СДСМ, Васко Ковачевски, кој како директор на РЕК Битола не презема ништо за обезбедување доволни количини јаглен и нови ископи, и го остави претпријатието на раб на оперативност.
Засега како директор на ЕЛЕМ да може да увезува скап јаглен, и од истото да печали за себе, за кликата на власта на Ковачевски, а сето тоа резултира со високи сметки за струја кои ги плаќаат граѓаните.
Дуото Ковачевски предизвикувајќи и продлабочувајќи ја енергетската криза се интересираат само за своите лични и партиски интереси додека 500.000 наши сограѓани преживуваат со по 150 денари на ден, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

