Економија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Речиси 300 милиони евра седат во НБРМ без камата
Власта неосновано ја задолжува државата за милионски суми. Државата се задолжува, а власта не гради, нема капитални инвестиции, нема додадена вредност. Речиси 300 милиони евра, дел од парите со кои СДСМ ги задолжи граѓаните од почетокот на годината до денес, седат во Народната банка како депозит со нула проценти камата, а во исто време државата плаќа камата за нив кон кредиторите од кои ги позајмиле. Во исто време овие пари лежат со 0 отсто камата. Ваквата безидејност на СДСМ досега ги чини граѓаните околу 1,5 милион евра, изјави Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, колку повеќе парите седат во НБРМ неискористени, толку е поголема штетата за граѓаните. „СДСМ го злоупотребува инструментот задолжување. Задолжувањето е единствено оправдано кога со парите од тоа се прават капитални инвестиции или за враќање стари долгови. Врвот на власта ја злоупотребува службената положба и за ова ќе одговара. Одговорност мора да има за расипничкото управување со парите на граѓаните. СДСМ и Зоран Заев ја носат државата кон економски колапс. Економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев нанесе огромна штета на државата и на економијата во целост. Економската ситуација е влошена. Покачувањето на даноците и неспособноста на власта ја намалуваат инвестиционата атрактивност на државата. Големите странски инвеститори наместо во нашата држава се одлучуваат за инвестирање во земјите од регионот“, вели Кузмановска.
Таа додава дека ова покажува дека СДСМ нема ниту план ниту визија за Република Македонија. „СДСМ не знае да работи. Државата стагнира под водство на СДСМ. Тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, тоа го говорат бројките. Државата во 2017 година нема остварено раст. Растот на БДП во 2017 година е 0 отсто, а падот на градежништвото е околу 20 отсто. Капитални инвестиции нема. Оваа година имаме историски најниско ниво на реализација на капиталните инвестиции. Во првиот месец тие изнесуваат 1 отсто, а досега тие изнесуваат едвај 4 отсто“, додава Кузмановска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

