Економија
Георгиева: 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) денеска објави дека до 20 земји, од кои многу се во Африка, би можеле да побараат итна помош за справување со глобалната криза со храна.
Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, говорејќи на конференција во Саудиска Арабија, рече дека 141 милион луѓе ширум арапскиот свет може да бидат изложени на недостиг на храна, пренесува „Ројтерс“.
ММФ во петокот одобри нова рамка за задолжување со храна, потпирајќи се на постојните инструменти за финансирање во итни случаи за да им помогне на ранливите земји да се справат со недостигот на храна и високите трошоци кои произлегуваат од војната во Украина.
Георгиева рече дека 48 земји во светот се особено изложени на криза со храна, од кои 10 до 20 најверојатно ќе имаат потреба од итна помош во храна, а повеќето од нив се во субсахарска Африка.
„Ројтерс“ пренесува дека ММФ ќе го даде својот глас во борбата против ограничувањата во трговијата со храна за да ја олесни ситуацијата и планира да го финансира недостигот на храна.
Британската агенција забележува дека земјите од регионот на Блискиот Исток зачекориле напред за да ги поддржат државите кои се борат со висока инфлација и недостиг на храна, влошени од зголемениот ризик од глобална рецесија.
Георгиева изјави дека арапските држави од Персискиот Залив планираат наскоро да се обврзат да обезбедат првични 10 милијарди долари за ублажување на глобалната криза со снабдување со храна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

