Економија
Годишен раст од 8,8 отсто на вкупните депозити и од 7,5 проценти на вкупната кредитна поддршка
Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 8,8 проценти, што се должи на зголемените депозити на двата сектора, со поизразен придонес на секторот домаќинства.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 7,5% под влијание на растот на кредитирањето на двата сектора, со малку поизразен придонес на секторот домаќинства.
Целиот извештај за монетарните движења на линкот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Се намалуваат цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 % во однос на одлуката од 18.10.2024 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,639 ден/кг и сега ќе изнесува 42,573 ден/кг.
Економија
„Боинг“ има нов план: понуди зголемување на платите за 35 проценти за да го запре штрајкот
Синдикатот што ги претставува машинистите на Боинг преговараше за нов предлог договор со кој ќе се обезбедат бонуси и зголемување на платите од 35 отсто во текот на четири години, во обид да се стави крај на скапиот прекин на работата и прекинот на производството на авиони што трае повеќе од еден месец.
Меѓународната асоцијација на механички и воздухопловни работници денеска изјави дека планира да одржи гласање за ратификација во среда , како што пренесува АП.
Последната понуда вклучува бонус од 7.000 долари, враќање на стимулации и подарежливи придонеси за 401.000 идни пензионери, вклучително и еднократен придонес од 5.000 долари плус до 12 отсто придонес од работодавачот.
Вршителот на должноста министер за труд на САД, Џули Сју, исто така одигра клучна улога во постигнувањето на договорот, бидејќи се состана со претставници на компанијата и синдикатот, покажувајќи ја загриженоста на администрацијата на Џо Бајден за економското влијание на штрајкот.
Околу 33.000 работници на синдикатот на Боинг на американскиот западен брег, повеќето од нив во државата Вашингтон, штрајкуваат од 13 септември . Прекинот на работата доведе до прекин на производството на најпродаваниот авион „737 MAX“ и неговите варијанти „767“ и „777“.
Синдикатот наводно побарал зголемување на платите за 40 отсто и враќање на дефинираните бенефиции за идните пензионери.
„Боинг“ соопшти дека просечната годишна плата за машинерите моментално е 75.608 долари.
Штрајкот го поттикна новиот извршен директор на Боинг, Кели Ортберг, да објави околу 17.000 отпуштања и да преземе рани чекори за да собере до 25 милијарди долари нови акции или долг за да ги зајакне финансиите на компанијата.
Американската авиокомпанија оваа година оди од криза во криза, почнувајќи од 5 јануари, кога за време на летот експлодирал приклучокот на вратата од авионот „737 Max“ во сопственост на Алјаска ерлајнс.
Главниот извршен директор на компанијата оттогаш си замина, производството е забавено додека регулаторите ја испитуваат безбедносната култура на компанијата, а во септември 33.000 синдикални работници стапија во штрајк.
Штрајкот чини околу 1 милијарда долари месечно, според еден аналитичар, а за да ги намали трошоците, производителот на авиони исто така најави дека ќе укине 17.000 работни места.
(Танјуг)
Економија
Мицкоски: Преку консолидирање на приходите исплативме милијарда и 300 милиони денари субвенции за земјоделците, го санираме секој проблем наследен од разбојничката Влада на СДСМ и ДУИ
„Состојбата со земјоделието е катастрофална, онаа која што ја наследивме, консолидирање постоеше во овој период, со ребалансот предвидовме дополнителни средства и можам да кажам дека од периодот 25-26 јуни до кај 17-18 октомври, некаде околу милијарда и 300 милиони се исплатени на повеќе од 20 илјади земјоделци субвенции“, вака претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање за тоа како тече исплатата на субвенциите во земјоделието.
Тој додаде дека преку консолидирање на приходите се обезбедени се милијарда и триста милиони денари за субвенции за земјоделците, нешто што до сега, како што рече, беше мисловна именка.
„Нешто што до сега преставуваше мисловна именка, нешто што беше невозможно, со консолидирање на приходите во буџетот, со повеќе приходи, со ребалансот успеавме да обезбедиме за повеќе од 20 илјади земјоделци повеќе од една милијарда и три стотини милиони денари за субвенции, нешто што досега, ќе повторам, не беше можно“, потенцираше Мицкоски.
Тој исто така, потсети на добрата цена за лозарите, поддршката за производителите на сливи и вонредните мерки за производителите на јачмен и пченица, додавајќи дека после откупот на јаболката кој се одвива моментално фокус ќе бидат тутунарите.
„Ова консолидирање продолжува и во следната година. Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за тие коишто се занимаваат со лозарството, исто така поддршка за одгледувачите на сливи, имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и пченица, со јаболкото сега засега состојбата е одлична со откупот, понатаму фокус се тутунарите“, нагласи Мицкоски и додаде:
„Така што сето она што преставува проблем и наследена состојба од страна на претходната разбојничка влада предводена од СДСМ и ДУИ ќе го санираме ќе се бориме, бидејќи секој еден човек е важен“.