Економија
Горивата поскапуваат
Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни.
Малопродажните цени бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за половина денар за литар, додека малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 33,881 ден/кг.
Од ноќеска од 00:01 часот цените на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 67,50 (денари/литар)
Моторен бензин еуросупер БС -98 69,50 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 60,00 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 59,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 33,881 (денари/килограм)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
(Видео) „Продолжуваме со засилено темпо на работа“ – Николоски објави снимка од реконструкцијата на автопатот Тетово-Скопје
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкција на автопатската делница Скопје-Тетово.
Тој на својот профил објави:
„Продолжуваме со засилено темпо на работа. Видео од реконструкцијата на автопатот Тетово – Скопје на делот пред Скопје, проект на Јавното претпријатие за државни патишта. Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење.”- објави министерот Николоски.
Инвестицијата е вредна 9,1 милиони евра.
Економија
(Видео) Битиќи: Доцни повратот на ДДВ, се враќа времето до 2016 година кога компаниите страдаа
За изненадување мое, но не и на јавноста, најочигледно после 7 години, оваа тема повторно станува важна како до 2016 година, а тоа се сценарија во коишто продолжуваат доцнењата на враќањето на законскиот рок за поврат на ДДВ за компаниите коишто е од елементарно значење. Затоа што враќањето на ДДВ за компаниите значи зголемена ликвидност и можност за инвестирање и на таков начин, освен што се исполнува законскиот основ, се исполнува и основната цел, а тоа е да служиш на стопанството за да можат да продложат да поттикнат економски раст и развој, рече денеска Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ.
„За жал, сценаријата од 2016 година, каде што компаниите молеа до власта за да се врати ДДВ после 6-7 месеци, сега повторно се случува истото и влегуваме во еден таков цилкус каде што веќе враќањето на ДДВ не се прави на начин каде што автоматски би требало да биде направено, туку има друг коишто ќе одлучува за сето тоа.
Ги охрабрувам тие коишто треба да постапат според законот, да го прават тоа затоа што стопанството го заслужува тоа во овие тешки моменти за заздравување на економијата и заслужуваат да им се помогне за нивната ликвидност“, изјави Битиќи.
Економија
(Видео) Битиќи: Со Законот за нефер трговски практики на СДСМ ќе поевтинат 2.500 производи
„Денес имаме причина да се гордееме! Законот за нефер трговски практики, кој беше подготвен од СДСМ и донесен на 13 март 2024 година, стапува на сила. Овој закон не е празна декларација, тој е конкретна мерка која ќе го заштити буџетот на граѓаните и ќе го намали самоволието на трговците и добавувачите. За првпат, создадовме системско решение со кое ќе ставиме крај на манипулациите со цените. Од денес ќе важат јасни правила и се става ред во односите меѓу трговците и добавувачите со прехранбени производи“, рече денеска на прес-конференција, Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ.
„Законот нема да ги наруши добавувачките ланци и нема да предизвика хаос на пазарот. Дадовме системски одговор на сите манипулации со кои беа оптоварувани граѓаните, а со тоа и нивниот животен стандард“, вели тој.
Битиќи објасни дека со овој закон се регулираат 26 нефер трговски практики, со кои над 2.500 земјоделски и прехранбени производи ќе имаат ограничени маржи од 10%. Тоа, според него, значи дека нема да има просторот за неосновано покачување на цените и создавање на дополнителни трошоци кои директно ги погодуваат семејните буџети.
„Граѓаните конечно ќе почувствуваат системска заштита од покачување на цените. Придобивките се јасни: поквалитетни и поевтини производи на пазарот, транспарентни деловни практики и крај на ситуацијата во која потрошувачите се принудени да плаќаат повисоки цени поради нечесни договори и шпекулации. Овој закон кој го подготви СДСМ е на страната на граѓаните! Денес, сакам да упатам јасен повик до сите трговци и добавувачи: почитувајте го Законот за нефер трговски практики! Почитувајте ги правилата и водете се од принципите на чесност и транспарентност. Овој закон е за доброто на сите нас – и трговци, и производители, и граѓани. Ги повикувам и надлежните институции да преземат проактивна улога и да го спроведуваат овој закон со максимална контрола и посветеност. Само на тој начин ќе го постигнеме она што го посакуваме – стабилни цени и заштита на економската сигурност на секое секој еден граѓанин“, изјави Битиќи.