Економија
Граѓанските организации бараат измени на Законот за сметководство на непрофитните организации
Законот за сметководство на непрофитните организации ги пропишува сметководствените принципи и правила, како и основните финансиски информации по кои известуваат граѓанските организации. 15 години по неговото донесување и функционирање, е утврдена потребата од измени и во Законот и во подзаконските акти.
Ова го покажува анализата на Законот за сметководство на непрофитните организации изработена од Центарот за даночна политика (ЦДП) во рамките на проектот „Промени за одржливост“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од „Конект“ во партнерство со Фондацијата „Аполонија“ и ЦДП. Анализата претставува основа за законските измени што ги бара Мрежата за финансиска одржливост на граѓанските организации, која брои 79 членки. Препораките во анализата се подлога за почнување дијалог со институциите за менување на Законот. Анализата е испратена до институциите за да им користи при дефинирањето на идните измени на Законот.
Некои од препораките за законските и подзаконските измени се: усогласување на Законот со Правилникот за сметководството на непрофитните организации; редефинирање или донесување нов правилник за формата и содржината на сметковниот план; дополнување и промени во сметковниот план; укинување на обврската за годишна ревалоризација на долгорочните средства; во насока на зголемување на транспарентноста на финансиските извештаи, покрај извештајот, се препорачува доставување и на наративен дел и белешки со објаснување; прецизно дефинирање на критериумите за утврдување на микронепрофитни организации кои што не се обврзани да поднесуваат завршна сметка; пропишување критериуми за утврдување големи непрофитни организации и обврска за ревизија на нивните финансиски извештаи итн.
Според анализата, ефикасноста на финансиските и на даночните контроли би се зголемила со подобрување на транспарентноста која е од клучно значење за привлекување нови фондови и извори за финансирање. Преку зголемување на транспарентноста се подига довербата во мисијата и остварените резултати, а со тоа организацијата го зголемува својот капацитет за апсорбирање нови финансиски средства. Дополнително, ова е во согласност со насоките за поддршка на ЕУ на граѓанското општество во земјите од процесот на проширување 2014-2020.
Во рамките на анализата беше спроведена и анкета помеѓу испитаници од 70 граѓански организации, преку која се овозможи идентификување на потенцијалните недостатоци и делови што создаваат конфузија во примената на Законот.
Ова е прва анализа на Законот за сметководство на непрофитните организации донесен 2003 година и поттикнува инволвирање и други учесници за постигнување подобра правна рамка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

