Контакт

Економија

Денови на македонската зимница во Москва

Објавено пред

„Денови на македонската зимница“ се одржуваат во Москва, во Руската Федерација, од 25 до 28 март 2018 година. Манифестацијата ја организираа Македонско-руската стопанска комора и Македонската асоцијација на преработувачи, а со финансиска поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

Промотивниот настап на македонските преработувачи на зеленчук и овошје само потврди дека руските и граѓаните на земјите од Евроазиската унија во иднина ќе имаат можност далеку повеќе да се снабдуваат со македонска зимница. Хит несомнено е ајварот, но интересот на руските трговци и дистрибутери кои поседуваат синџири на маркети е голем и за за останатите производи – лутеница, пинџур, пиперки со урда, гамби, печени пиперки во тегла, корнишони, слатка и мармалади од смокви и лубеница и од овошјата кои во Македонија ги има во изобилие, како и готови јадења, како што се македонско гравче во тегла, ѓувеч и слично.

Манифестацијата се одржува во огромниот комплекс „Фуд сити“ во Москва, каде што пет македонски компании – „Вори“ и „Випро“ од Гевгелија, „Ларс“ од Штип, „Дим комерц“ од Нов Дојран и „Аграр Ко“ од Кочани ги изложија своите производи и организираа дегустација за руските и купувачите од земјите од Евроазиската унија. Контактите со руските увозници ќе им помогне на македонските преработувачи навремено да го испланираат претстојниот годинашен откуп на свежи земјоделски производи и преработувачките количини, но истовремено ја отвара и вратата за поголемо присуство и на останатите македонски производители.

Денес македонските деловни луѓе одржуваа билатерални средби со руските бизнисмени, а на промоцијата се присутни и трговци од Казахстан, Ерменија и Грузија, како и претставници на Евроазискиот деловен сојуз. На промоцијата и средбите меѓу бизнисмените од двете земји присуствуваше и Димитри Бистров, регионален директор на одделот за меѓународна соработка на Стопанската комора на Руската Федерација, најсилна деловни асоцијации во Русија, која е партнерска комора на Македонско-руската стопанска комора.

„Во „Македонски дом“ и во најголемиот земјоделски кластер во Москва дојдоа претставници на македонската конзервна индустрија, која е целосно извозно ориентирана, но за жал засега малку присутна во Русија, состојба која очекуваме брзо и наскоро да се промени. Битно е што размената со Руската Федерација и на стартот од годинава продолжува да расте, особено македонскиот извоз, а нашите напори се тој тренд да продолжи со доаѓање на нови производи за руските потрошувачи“, истакна пред бројните бизнисмени м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора.

Според Сашо Ристовски, секретар на Македонската асоцијација на преработувачи на овошје и зеленчук – МАП, лани 32 членки на деловната асоцијација извезле вкупно 45.000 тони конзервирано овошје и зеленчук пред се во Западноевропските и прекуокеански земји, а од тоа само 121 тон во Русија.
„Во МАП не сме задоволни со ваквите бројки и заедно со Македонско-руската стопанска комора ќе се обидеме далеку поголем број конзервни производи да се најдат на овој пазар. Денешната средба е само прв чекор во тој правец“, додава Ристовски.

Димитри Бистров, регионален директор на Меѓународниот оддел на Стопанската комора на Руската Федерација, вети целосна поддршка за поголем влез на македонски производи на рускиот пазар од страна на најголемата деловна мрежа во Русија. „Драго ми е што македонските производители и преработувачи доаѓаат најмалку два петти на саемски манифестации во Русија. Тоа е патот и за поголем пласман на стоки на овој пазар. Потребни се почести средби и радува фактот што тоа и се случува“, ги охрабри бизнисмените Бистров.
Македонските претставници од конзервната индустрија имаа средби и со бизнисмени и сопственици на трговски ланци од дел од земјите на Евроазиската унија и со трговци од одделни руски региони.
„Нашите две држави имаат моментални политички проблеми, но ние треба со економски средства да придонесеме тие да се надминат. Ние сме заинтересирани, не само за увоз на македонски производи, туку и за соработка во областа на туризмот“, порача Александар Михајлов, директор на „Козачкиот дом“ во „Фуд сити“.

На првиот ден од престојот во Руската Федерација (26 март 2018 година), македонските бизнисмени имаа можност да посетат разновидни трговски маркети во главниот град на Руската Федерација, како што се „Ашан“, „Магнолија“, „Верна универзум“, „Патерочка“, „Азбука вкуса“… Притоа, тие се запознаат со асортиманот, начинот и основните услови кои треба да ги имаат и македонските производите за да се најдат на рака на руските потрошувачи, соопшти Македонско-руската стопанска комора.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.

Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash

Прикажи повеќе...

Економија

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Објавено пред

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.

dobivaj vesti na viber

Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.

„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.

Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.

dobivaj vesti na viber

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.

„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија10 часа

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија12 часа

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија13 часа

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ13 часа

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет14 часа

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија15 часа

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...

Македонија16 часа

ЦУК со нови информации: Излеани реки, поплавени подрумски простории, земјоделски површини и дворови, пријавени свлечишта на патишта

Во Општина Кочани е забележан значително зголемен водостој на реките и каналите во полскиот дел. Кочанска река има локално излевање...

Топ16 часа

Измамен 77-годишен виничанец од лажен лекар за сума од над 430.000 денари

Вчера во 17:30 часот во ОВР Виница, 77-годишен жител на Виница пријавил дека бил измамен од едно лице за сума...

Европа17 часа

Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин

Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина...

Свет17 часа

(Видео) Федералните агенти застрелаа две лица во Портланд

Федерални агенти застрелаа две лица за време на сообраќајна контрола во Портланд, Орегон, вчера. Инцидентот се случи само еден ден...

Свет19 часа

(Фото) Филипини: Еден загинат и 38 исчезнати откако се сруши депонија, лавина од отпад затрупа село

Едно лице загина, а 38 се водат како исчезнати откако се урна депонија за отпад на Филипините, предизвикувајќи лизгање на...

Свет19 часа

Трамп ќе дозволи нуклеарниот договор со Русија да истече: „Ќе направиме подобар“

Американскиот претседател Доналд Трамп навести дека ќе дозволи да истече последниот важечки договор за контрола на нуклеарно оружје со Русија...

Европа19 часа

(Видео) Голем напад врз Киев и Лавов неколку часа по предупредувањето на Зеленски, употребен Орешник?

Најмалку четири лица се убиени, а 19 повредени во Киев откако Русија изврши масовен ракетен и беспилотен напад низ Украина...

Македонија19 часа

Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните...

Македонија19 часа

Забрана за движење на камиони на ГП Ники (ГП Меџитлија) до утре до 10:00 часот

На ГП Ники (ГП Меџитлија) ќе има забрана за движење на товарни возила до 10 јануари до 10:00 часот. Сообраќајот...

Македонија1 ден

Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови

Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за...

Македонија1 ден

Евакуирани околу 110 лица по поплавите во Кичево, обезбедено привремено сместување и итна помош, отворена и сметка за донации

Поради обилните врнежи и зголемениот водостој на реките, во Кичево дојде до поплавување на населени места и земјоделски површини, при...

Македонија1 ден

Мицкоски му одговори на Филипче: Имаме незрела, безидејна и неодговорна опозиција

Имаме неодговорна, неконструктивна, незрела и безидејна опозиција која се служи со вакви квалификации како што денеска ги слушнавме од господинот...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Средба со криминалци нема да има

Средба со криминалци нема да има. Нема средба за техничката влада, Мицкоски е во тесно, му се брза и бара...