Економија
Деспотовски: Очекуваме ЕУ финансиски да го поддржи Регионалниот инвестициски фонд
Иднината на иноваците и образованието, поддршката преку програмите на ЕУ, како и предизвиците и идните планови за Западниот Балкан беа во фокусот на панелот „Иновативна агенда за Западен Балкан“ во рамките на Европски денови на истражување и иновации, кои се оддржуваат онлајн од 22 до 24 септември.
На панелот учествуваат Сања Дамјановиќ, министер за наука на Црна Гора, Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Виктор Недовиќ од Министерството за образование и наука на Србија, Мартин Керн, директор на Европскиот институт за иновации и технологија, Флоренса Хаџи советник на премиерот на Албанија и проф. д-р Атанас Кочов, професор на Машинскиот факултет од Скопје.
Панелот го отвори еврокомесарката за иновации, образование, истражување и млади, Марија Габриел, која ги најави новите програми за поддршка од Европската Унија за Западниот Балкан преку Хоризонт 2025 и „Еразмус плус“, како и други инструменти наменети за долгорочно заздравување на регионот од кризата. Таа нагласи дека ЕУ останува посветен партнер на овие земји и дека во иднина треба да се работи заедно за да се привлечат што повеќе инвестиции, повеќе да се вложи во образование и градење капацитети, да се поддржат стартап-компаниите и да се креираат услови со кои на младите ќе им се даде инструмент како да ги развијат своите идеи во сопствените држави и да останат таму да ги спроведуваат.
Учесниците зборуваа за досегашните резултати од поддршката преку програмата Хоризонт 2025 и СМАРТ специјализацијата која се спроведува во сите земји, како и за идните планови за регионот. Сите говорници беа согласни дека е неопходен регионален пристап и развој на заеднички платформи за соработка за да се постигнат подобри резултати за сите земји.
Директорот на ФИТР, Јован Десптовски, нагласи дека Северна Македонија преку различни програми успеа значајно да ја зголеми поддршката за микро, малите и среди компани, но и да вложи во истражување и развој.
„С.Македонија постигна реален напредок во користењето на средствата од ЕУ за истражување и развој. Со националните програми во рамките на Фонд за млади умови веќе вложуваме во над 500 ученици од над 100 основни и средни училишта. Воведовме и нова програма – иновациски ваучери, целосно насочена кон универзитетите и нивното вклучување во економскиот развој. Системски градиме капацитети за привлекување на уште повеќе средства од ЕУ во следните години“, рече Деспотовски.
Во делот на очекувањата за поддршката од ЕУ во наредниот период за Западниот Балкан, Деспотовски посочи дека „ЕУ треба да обезбеди финансиска поддршка за иницијативите кои доаѓаат од регионот. Тука би го издвоил Регионалниот инвестициски фонд, за што веќе е изграден концепт и консензус помеѓу државите од Западен Балкан. Со овој регионален фонд, очекуваме значителна поддршка во поттикнување на инвестициите во брзорастечки бизниси од регионот, а со тоа и поттикнување на извозот кон ЕУ, како клуч на идниот развој“ .
Сите говорници изразија подготвеност дека ќе работат на заеднички иницијативи со кои Западен Балкан ќе успее да искористи што повеќе средства од европските фондови кои ќе придонесат за економски развој на сите земји во регионот.
Европските денови на истражување и иновации почнаа во 2019 година и се годишен настан што ги обединува светските лидери од индустријата, бизнисот, академијата, како и министри и еврокомесари, да дебатираат и да го обликуваат идниот изглед на политиките за истражување и иновации. Истражувањата и иновациите се во основата на европската економија и се од витално значење за одржливо и успешно општество. ЕУ во последните 30 години преку различни програми има вложено над 200 милијарди евра во истражување и иновации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Штедењето како резолуција за 2026 – Промо депозитот на Халкбанк како прв чекор
Резолуција што носи сигурност
Почетокот на годината е период кога многумина прават пресек на досегашните финансиски навики и размислуваат за начини како да внесат поголема стабилност и поголема контрола во секојдневието. Во таков контекст, вниманието сè почесто се насочува кон долгорочно планирање и одговорно управување со личните средства. Меѓу најчестите и најразумни одлуки е штедењето, бидејќи овозможува финансиска сигурност и подобра организација на буџетот на подолг рок. За да прерасне во навика со реални резултати, потребен е јасен план и решение на кое може да се потпрете.
Јасна рамка за стабилен почеток
Кога условите се однапред познати, штедењето станува едноставно и без грижи. Токму во таков контекст, Халкбанк го нуди Промо депозитот како сигурен почеток на финансиската резолуција за 2026 година. Со рок на орочување од 13 месеци и фиксни каматни стапки oд 3,00% за МКД, 2,00% за ЕУР и 2,00% за УСД овој депозит создава стабилна временска рамка што овозможува планирање со јасна насока.
Фиксна камата и јасен принос
Промо депозитот се темели на фиксна каматна стапка, која обезбедува целосна предвидливост на приносот а каматата се исплаќа на крајот од периодот на орочување.
Мал чекор денес, стабилност утре
Додека годината се заокружува, а празничните денови нè потсетуваат на важноста на сигурноста и грижата за иднината, штедењето добива поинакво значење. Тоа станува вредна одлука – подарок што си го даваме сами на себе. Со Промо депозитот на Халкбанк, новата година не започнува само со желби, туку со конкретен чекор што носи стабилност, доверба и чувство на сигурен почеток.
Промо депозитот е достапен во филијалите и експозитурите на Халкбанк, каде клиентите можат да добијат дополнителни информации и професионален совет.
(ПР)
Економија
Николоски: Апелирам до ЕУ македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген зоната
Министерот за транспорт, Александар Николоски, упати апел до ЕУ македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген зоната со цел македонската економија да не трпи удари.
„Јас и Владата го разбираме револтот на транспортерите и протестот кој ќе го направат превозниците од понеделник, не само од Македонија туку од цел регион од Западен Балкан поради новите правила за електронска евиденција во земјите од шенген зоната. Новите правила и штетат на домашната економија, драстично ќе ја намалат работата на транспортерите, а на удар директно ќе биде транспортниот сектор и челичната индустрија“, одговори Николоски на пратеничко прашање на собраниската седница.
Тој истакна дека Владата веќе една година разговара со претставници на Европската Комисија за надминување на овој сериозен проблем, но ЕУ заесега нема слух за надминување на проблемот, не само за Македонија туку и за целиот Западен Балкан.
„Повеќе од една година разговараме со ЕУ, но слабо се разбираме и не наидуваме на разбирање. Последно разговарав во декември во Брисел со еврокомесарот за транспорт Цицикостас и со генералната директорка за мобилнoст и транспорт при Европската Комисија, Магда Копцинска, при што се обидов најпластично да им пренесам дека ова што го прават ќе значи смрт за економијата во регионот и ќе значи затворање на бројни странски инвестиции во регионот, а кои доаѓаат од земји членки на ЕУ. Намерно користам регионот, бидејќи се однесува за цел Западен Балкан и не се однесува само за Македонија. Формалниот одговор кој го даде портпаролот на ЕК за кој не се слагам е дека нема разлика меѓу она што до сега биле правила и новите правила, затоа што според него еден патник може да остане 90 дена во рамки на 180 дена во шенген зоните останува и сега. Формално тоа е точно, но практично не е точно, од причина што превозниците не се туристи, не одат за туризам, ниту се луѓе кои одат на посета, туку се луѓе кои што работат. Истите не можат да извадат работни визи бидејќи немаат работодавач во конкретна земја членка на ЕУ, а најчесто проблемот е тоа што само транзитираат” истакна вицепремиерот.
Тој додаде дека во континуитет одржува средби со бизнис коморите, со транспортните асоцијации и странските инвеститори со цел заедничи да се изнајдат најсоодветни решенија и да апелира до ЕУ за промена на правилата. Владата го задолжила и Министерството за надворешни работи да се обрати до ЕУ за одложување на новите правила за влез.
„Проблемот е подлабок. Ова ќе влијае врз извозните компании. Теротески да го уништиме транспортниот сектор и бизнис во Македонија, не само што директно ќе влијаеме врз транспортот, мислам дека ни ЕУ не се свесни со каков проблем се соочуваме. Имаме уште два проблеми, а тоа е со карго сертификатите и вториот е со квотите со извоз на челик. Не може регионот од Западен Блакан да се третира како трети земји, не може за извоз на челик да сме во иста квота со Кина. Квотите кои сега ќе ги постави ЕУ на кои сериозно работат, веројатно од Кина и Индија ќе ги исполнат во првите два месеци од годината. После тоа ќе има 50 % царина и практично ќе значи нема да има увоз на челик во ЕУ затоа што е неконкурентен и тоа значи дека челичната индустрија ќе колабира. Фени се затвори, со вакви линерани политики на ЕУ можеме да заклучиме само што ќе се случува со големи производители на челик од земјава”, додаде вицепремиерот Николоски.
Најави дека Владата сериозно ќе работи на надминување на овој предизвик со цел стабилизација на транспортниот сектор во земјава и регионот.
Економија
НБРМ: Годишен раст од 10,1 отсто на вкупните депозити и од 13,0 проценти на вкупната кредитна поддршка
Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 10,1%, во поголем дел поради растот на депозитите на секторот „домаќинства“, при раст и на депозитите на корпоративниот сектор, соопшти НБРМ.
На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 13,0%, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, со малку поизразен придонес на корпоративниот сектор.
Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_dekemvri_mk.pdf

