Економија
Димитриеска – Кочоска: Владата дебело лаже за јавниот долг со нереални проекции
Владата лаже за јавниот долг, има нереални проекции додека задолжувањата растат, вели Гордана Димитриеска – Кочоска. Таа вели дека во стратегијата 2021-2025, Владата пишала дека јавниот долг до 2025 ќе биде 58,8% од БДП. Исто така, додава Димитриеска – Кочоска наведуваат дека во периодов на корона криза ќе има отстапување од тој процент.
„Сега БДП за 2020 се пресметува со помал пад од она што ќе биде реално. Тоа понатаму значи дека јавниот долг за 2020 ќе биде повисок од досега проектираниот. Во следните години ќе се опоравуваме многу тешко ама долгот ќе расте забрзано. Имено, во буџетот за 2021 имаат напишано дека капитални инвестиции за 2021-2025 ќе бидат 3,1 милијарди евра од кои 1,84 милијарди од кредити. Можеби математиката е тешка да ја сфатите, но заклучокот е следен: некој дебело нѐ лаже. Или во 2025 нема да имаме јавен долг 58,8% од БДП (не гледам како ќе расте економијата, гледам како ја уништуваат само) туку многу поголем, или 3,1 милијарда евра е само ставено на хартија“, напиша таа на „Фејсбук“.
А најголемата трагедија, додава таа, е што нѐ испозадолжија, ама трошењето на продуктивни работи не се гледа, а ќе враќаат кредити многу генерации во иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

