Економија
Димковски: До завршување на законскиот рок остануваат уште 7 отсто тутун за откуп

Секој килограм произведен тутун од реколтата 2019 ќе биде откупен, порача на денешната прес-конференција министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
Досега 93,4 отсто од произведениот тутун е откупен, а до крај на месецот, додека е и законскиот рок, остануваат уште околу 7 отсто тутун за откуп, кој во целост ќе биде откупен.
„Тутунарите нема да бидат оставени на цедило. Ги повикувам тутунопроизводителите да не потпаѓаат под манипулации затоа што откупот законски трае до 29 февруари, а се очекува овие 7 отсто да се откупат и пред рокот, за десетина дена. Просечната откупна цена во моментот е 220,8 денари за килограм, што е највисока просечна откупна цена досега. Лани беше 214,2 денари за килограм, а во 2017 просечната откупна цена беше 217, 5 за килограм. Во 2015 година просечната откупна цена беше 184 денари за килограм, а во 2016 – 196,8 денари. Ако се вратиме во 2014, просечната откупна цена била 117,2, што е најниска просечна откупна цена од 2006 наваму“, изјави министерот Димковски.
Притоа Димковски посочи дека од 2017 година, во овие три реколти, дури над 30 отсто од тутунот е проценет прва класа. За споредба, во однос на процената на тутунот, во 2015, само 12 отсто од тутунот бил проценет прва класа, а во 2016 година, само 16 отсто.
„Вредноста на откупениот тутун во моментот е над 5,4 милијарди денари, што е двојно повеќе од 2014, кога вкупната вредност на откупениот тутун била само 2,9 милијарди денари. Сите овие податоци се доволен доказ за домаќинското и одговорно работење на Министерството во овие две и пол години, тутунопроизводителите знаат кој вистински се грижи за оваа стратешка гранка“, потенцира министерот Димковски на денешната прес-конференција.
Беше истакнато и дека државниот Инспекторат за земјоделство има засилени контроли на терен и доколку се утврдат неправилности при откупот, ќе следуваат казни за тутунските компании за да нема застој во откупот на тутунот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,83 % во однос на одлуката од 6.10.2025 година.
Од 14.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 67,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,661 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,001 ден/кг и сега изнесува 36,661 ден/кг.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,358% и кај дизелот за 2,566%, кај екстра лесното масло за 2,450% и кај мазутот намалувањето е за 0,645%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5110%.
Економија
Халкбанк со промотивна понуда за потрошувачки кредит

Халкбанк АД Скопје им овозможува на своите клиенти нова можност да ги реализираат своите желби и планови под поволни услови, преку промотивната понуда за Промо потрошувачки кредит, со фиксна каматна стапка за целиот период на отплата.
Новиот производ на Халкбанк е со максимален износ до 2 500 000 денари, со можност за отплата до 120 месеци, и камата што останува непроменета во текот на целиот период на отплата. За кредити со рок до 95 месеци, каматната стапка изнесува 5% фиксна, а за кредити со рок до 120 месеци – 5,7% фиксна, со вклучено осигурување (CPI или Живот + Незгода).
Кредитната способност за вработени лица изнесува до 50% од месечните примања, додека пензионерите можат да користат кредит до 600 000 денари, по фиксна камата од 5%, со рок на отплата до 120 месеци, и кредитна способност до 40% од износот на пензијата.
Покрај поволните услови, Промо потрошувачкиот кредит овозможува висок степен на заштита и сигурност, благодарение на вклучените осигурителни полиси за случај на несреќа, боледување или невработеност, издадени од Халк Осигурување АД Скопје или Триглав Осигурување – Живот АД Скопје.
Со вкупна стапка на трошок (СВТ) од 5,78% за кредити со рок на отплата до 95 месеци и 6,53% за кредити до 120 месеци, оваа промотивна понуда претставува една од најповолните и најсигурни можности на пазарот за реализација на лични цели и финансиски планови.
Промоцијата е со важност до 30 ноември 2025 година.
(ПР)
Економија
МЗШВ: Во четвртиот квартал од 2025 година ќе биде објавен јавниот повик за претприемачите во прехранбената индустрија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја информира јавноста дека во четвртиот квартал од оваа година ќе биде објавен Јавниот повик 02/2025 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2021-2027, мерка 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”.
Оваа мерка претставува исклучителна можност за македонските претприемачи во прехранбената индустрија да ги унапредат своите капацитети и да станат поконкурентни на домашниот и меѓународниот пазар.
Мерката 3 – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”од ИПАРД Програмата овозможува финансиска поддршка за модернизација на преработувачките капацитети, инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, како и усогласување со европските стандарди. Преку оваа мерка се поддржува зголемувањето на конкурентноста на земјоделското производство и земјоделско-прехранбениот сектор во целина.
Средствата за оваа мерка се обезбедени преку Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програмата за периодот 2021 – 2027 година).
Министерството ги повикува сите заинтересирани да започнат со навремена подготовка на потребната документација и да ги следат официјалните објави на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.