Економија
Димковски: Ќе го поттикнеме производството на преработки од праз

Министерт за земјоделствo, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски денеска во селото Градошорци, општина Василево, присуствуваше на традиционалната манифестација „Ден на празот“, којшто се одржува по 12-ти пат.
Министерот Димковски посочи дека празот е бренд за овој регион, а со цел да се зголеми производството, оваа култура е финансиски поддржана преку мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството, но на располагање се и мерките од Програмата за рурален развој и од ИПАРД 2, во делот на кофинансирање на трошоците за инвестиции во преработувачки капацитети коишто се важни за оваа земјоделска култура.
„Ние како ресорно министерство ќе бидеме отворени за помош во делот на промоцијата и модернизирањето на производството. Ќе ги поттикнеме бизнисмените да инвестираат во преработка на празот, посебно како состојка во многу зачини и преку сушење, што ќе овозможи оваа култура да ја има на пазарот цела година и да се извезува. Во тој дел бизнисмените кои сакаат да инвестираат ја имаат поддршката од Владата, како преку националните програми, така и преку ИПАРД 2 програмата, со цел да се амортизираат вишоците од производството на праз, но и за добивање на преработки, изјави Димковски.
Во делот на обезбедување на сигурен пласман за празот, министерот Димковски посочи дека веќе се работи на проектот на Светска банка за изградба на откупно-дистрибутвни центри, а една од избраните локаци за изградба на ваков центар е Струмица, којшто ќе го покрива целиот регион. Изградбата на откупно-дистрибутивниот центар во Струмица ќе биде инвестиција вредна 6.2 милиони евра. Овој модерен откупно дистрибутивен центар ќе се фокусира на главните култури произведени во регионот, како што се домати, зелка и пипер. Центарот биде изграден на 12.000 квадратни метри површина со капацитет за 25.000 тони откуп на земјоделски производи.
На манифестацијата „Ден на празот“, присусутвуваше и градоначалникот на Василево, Марјан Јанев, а посетителите, можеа да ја покажат своја хуманост на дело, донирајќи парични средства за специјалитетите од праз што ќе посакаат да ги дегустираат. Собраните парични средства општината ќе ги донира на оние на кои им се најнеопходни. На манифестацијата освен како свеж производ, беа претставени и специјалитети подготвени со праз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска на полноќ цените на бензините и на дизелот ќе се зголемат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 10.9.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 69,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 37,148 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,245 ден/кг и сега изнесува 37,148 ден/кг.
Економија
Славески на средба со извршниот директор на АФИ: Поттикнување на финансиската вклученост како предуслов за економскиот развој

За време на Глобалниот форум на Алијансата за финансиска вклученост (АФИ), кој се одржува во Намибија, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со извршниот директор на АФИ, Алфред Ханиг. На средбата се разговараше за напорите на Народната банка за подобрување на пристапот до финансиски услуги, зголемување на финансиската писменост и промовирање на дигиталните финансиски канали.
„Финансиската вклученост е клучен предуслов за повисока економска активност и доход. Народната банка континуирано работи на олеснување на пристапот до финансии, заштитата на потрошувачите и промовирaњето на дигиталните и зелените финансии,“ истакна гувернерот Славески.
Според последните податоци од Светската банка, 84% од населението над 15 години во земјава поседува сметка, што претставува највисоко ниво во регионот на Западен Балкан. Користењето дебитни и кредитни картички расте, при што 76% од граѓаните ги користат за плаќања, а 62% од сопствениците на сметка вршат онлајн плаќања.
На средбата беше истакнато дека натамошното унапредување на финансиската вклученост, особено кај младите, жените и ранливите групи, е од стратегиско значење за економскиот развој и стабилноста на земјата.
Гувернерот Славески и извршниот директор на АФИ, Ханиг се согласија дека размената на искуствата и соработката меѓу централните банки и меѓународните институции ќе придонесе за натамошно зајакнување на финансиската вклученост и зголемување на довербата на населението во финансискиот систем.
АФИ е глобална мрежа за финансиска вклученост, која опфаќа централни банки и финансиски регулатори од 84 земји во светот, овозможувајќи размена на знаење и искуства, како и развој на ефективни политики за финансиска вклученост.
Економија
Апел од Стопанската комора по големиот пожар во Виница: Поддршката на „Макпрогрес“ е поддршка за македонската економија

В петок, 12 септември 2025 година, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, ќе одржи состанок со ланците маркети, на кој ќе треба да се разговара каква форма на кампања ќе биде реализирана преку малопродажбата со цел засилена продажба на производите на Макпрогрес Виница, креатор на серија докажани и потврдено квалитетни брендови (Винчини, Сончева Долина, Натура, Дониа, Фантазиа) како и голем дел од производите кои се произведуваат под приватни трговски марки на водечките малопродажни ланци на маркети во Македонија.
Идејата на ваквата заедничка обединета бизнис активност во организација на Комората, е во насока на поддршка на Макпрогрес по пожарот кој сериозно уништи дел од имотот, опремата и капиталот на фабриката, а имајќи ја во предвид неговата извозна веќе докажана афирмација.
Стимулирањето на зголемената домашна потрошувачка на производите на Макпрогрес според проекциите на менџаментот на Макпрогрес, а во координација со активностите во Комората може да биде сериозна поддршка за обезбедување опстанок на фабриката, но најбитно и единствен начин за задржување на сите работници на работа во компанијата со што нема да се предизвика негативен ефект врз вработените и нивниот животен стандард.
Концептот за идното работење на Макпрогрес, но и случувањата во саботата во фабриката, првиот човек на Макпрогрес, Глигор Цветанов лично ќе им го соопшти на присутните на состанокот во Комората во петок.
„Паралелно ако се следат масовните објави и повиците на социјалните мрежи за поддршка на Макпрогрес и иницијативите за акции на купување на нивните производи од различни индивидуалци, инфлуенсери, истакнати личности, за само два дена од случувањето на немилиот настан (пожарот што се случи во фабриката), може да се констатира дека станува збор за исклучително невообичаен настан, односно креирање таков позитивен амбиент во јавноста, што само ја потврдува големината и квалитетот на Макпрогрес како домашен македонски бренд за што менаџментот на компанијата изразува голема благодарност до сите оние кои деновиве несебично иницираат и даваат идеи за поддршка“, велат од Стопанската комора.
И како што вели првиот човек на Макпрогрес Глигор Цветанов, „солидарноста која ја видовме деновиве, уште еднаш потврди дека Македонија знае да застане заедно кога е најтешко“.