Економија
Додека другите трошат, вие заштедете! Промотивна 2 отсто фиксна каматна стапка за орочени депозити во Прокредит банка
ПроКредит Банка е првата целосно дигитализирана банка во земјата, која постојано воведува иновативни продукти за своите бројни клиенти, физички и правни лица.
Најновата промотивна понуда за физички лица, за орочен денарски депозит за 2 години, со фиксна каматна стапка од 2%, е одлична можност за сигурна, безбедна и стабилна заштеда.

Една од главните предности на промотивната кампања е тоа што новите и постојните клиенти на Банката аплицираат комплетно дигитално, без да има потреба од посета на експозитура, преку услугата е-банкарство со што заштедуваат време и избегнуваат непотребни посети на експозитури.
Со аплицирањето во промотивниот период заинтересираните клиенти кои ја препознаваат можноста и бенефитите за штедење во банка со Германски капитал, добиваат и најповолни услови на пазарот:
· Фиксна, загарантирана каматна стапка до крајот на периодот на орочување;
· Исплата на камата на месечно ниво;
· Можност за предвремено разорочување на средствата без пенали, со 0,01% камата по видување;
· Можност за онлајн орочување на депозитот, без посета во филијала.
Новата летна промотивна каматна стапка е одлична можност да си обезбедите сигурна заштеда со атрактивни услови, но и долгорочно да инвестирате во вашата навика за штедење..
Повеќе информации за промотивната фиксна каматна стапка за депозити секогаш може да дознаете на линкот, на мејл: [email protected] или со повик на: 02/ 2 446 000.
Искористете ја можноста да заштедите ова лето со ПроКредит Банка, првата дигитална банка!
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

