Економија
Доделени договорите од ИПАРД 2 за нови инвестиции за рурален развој
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, ги додели првите договори за инвестиции од мерката 7 – „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“.
„Конкретно за оваа мерка, особено ми е драго што првичната одобрена сума од 9,6 милиони евра европската делегација ја зголеми на 13,5 милиони евра со цел да се поддржат поголем број инвестиции. И ова е сериозен доказ за нашата посветеност и секоја преземена активност за ефикасно искористување на мерките од ИПАРД-програмата – без да се враќаат пари назад, туку, напротив, да добиваме повеќе пари преку европските фондови, кои земјоделците ќе ги користат за нови инвестиции, за модернизирање на производството, од што крајниот бенефит е модерно, развиено и европско земјоделство“, изјави Николовски.
Мерката 7 има широка примена и по принципот на кофинансирање нуди поддршка за разни инвестиции во земјоделството.
„Со помош на средстава од ИПАРД 2 ќе се реализираат инвестиции во сместувачки капацитети за развој на руралниот туризам, инвестиции во обезбедување ветеринарни услуги во рурални средини, инвестиции во производство на ПВЦ-столарија, производи од метал, бетон, дрво и текстил, а некои од апликантите ќе набават опрема за производство на ракија, мед и други прехранбени производи и пијалаци. Соодветните апликанти што се јавуваат како физички и правни лица доаѓаат од разни делови на државата, што оди во насока на обезбедување рамномерен регионален развој, пред сѐ, од економски аспект“, изјави директорот Бачовски.
Преку сите мерки од ИПАРД 2-програмата до денеска вкупно одобрени и реализирани се 2.257 проекти, со вкупна вредност на инвестициите од над 69 милиони евра. До денеска целосно реализирани се 1.948 проекти со вкупна вредност на инвестициите од 39 милиони евра, а 1.781 апликант целосно ги завршиле инвестициите и на нивните сметки вратени се 21,8 милион евра, средства што се директно слеани во домашното стопанство и кои директно влијаеле за отворање нови и модернизација на постојните капацитети.
За ИПАРД 3-програмата, што треба да се усвои месецов, очекуваме ЕК за Северна Македонија да одобри над 50 отсто повеќе финансиски средства. Првиот јавен повик за ИПАРД 3 се очекува да се објави во последниот квартал од годинава, со достапни над 30 милиони евра.
Ова се пари за нови инвестиции, кои директно влегуваат во земјоделството и значат профитабилност, напредок и заработка. Паралелно, со новите програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, кои првпат годинава се усогласени со европските регулативи, го позиционираме земјоделството како една од базичните гранки на кои ќе го темелиме идниот економски раст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

