Економија
Единствен пазар за електрична енергија ќе ја зголеми конкуренцијата и ќе донесе поевтина струја
Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерот Кочо Анѓушев, денеска во Охрид го отвори Форумот на ЈИЕ на оператори на електрична енергија. Тој потенцираше дека ваквиот собир ги зголемува надежите за зголемување на транспарентноста и конкурентноста меѓу сите учесници на пазарот на електрична енергија, а со крајна цел поефтина електрична енергија за сите крајни потрошувачи.
Во името на Владата и од името на граѓаните на Македонија, искажа задоволство за напорите за креирање на единствен пазар на електрична енергија. „Уверен сум дека работното мото кое сте го определиле за овој форум – „Границите да станат мостови“, ќе биде инспирација да ги вложите сите ваши искуства и знаења за реализација на вашите планови за зголемување на соработката и за намалувањето на бариерите кои постојат меѓу националните електропреносни системи, како клучен предуслов за создавање на единствен пазар, односно за олеснување на трговијата со електрична енергија“, рече премиерот.
Во изјава за медиумите тој потенцираше дека овој собир во крајна линија ќе донесе конкурентни цени на електрична енергија за потрошувачит, а тоа го кажуваати искуствата на западноевропските земји кои веќе имаат единствен пазар за електрична енергија.
Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека стремежот посебно на малите земји како што е Република Македонија е во регионално поврзување на пазарот на електрична енергија и инвестиции во енергетиката, а се со цел бенефитот да го почустваваат граѓаните преку пониски цени на електричната енергија.
„Ние денеска, и покрај тоа што сме во посиромашниот дел од Европа, ние се уште имаме повисоки пазарни цени на електрична енергија од тоа што го има Европа.Причината за таа работата е заради тоа што развиениот дел од Европа има повеќе инвестирано и во производствени и во преносни капацитети, за разлика од нашиот регион каде електрична енергија во извесни делови е се уште дефицитарен и увозен производ.Само со градење на капацитети во делот на производството а посебно каде што вие управувате во делот на преносните линии, односно на далекуводите кои што се на високо напонско ниво, над 110 киловолти, можеме да гарантираме сигурност за нашите граѓани“, рече вицепремиерот Анѓушев.
Василевски, генералниот директор на МЕПСО истакна дека форумот во Охрид е од исклучителна важност за енергетската иднина. „Зголемувањето на транспарентноста и конкурентноста меѓу производители, снабдувачи и трговци ја создава толку посакуваната цел, а таа е конкурентност и во цените на електричната енергија како опција најповолна за потрошувачите“, рече Василевски.
На форумот учествуваат највисоки претставници односно генерални директори, извршни директори, претседатели на управни одбори на операторите на електропреносните системи: МЕПСО од Македонија, ОСТ од Албанија, ЕМС од Србија, ЕСО од Бугарија, КОССТ од Косово, НОС од Босна и Херцеговина и високи претставници на управите на систем-операторите од АДМИЕ од Грција, ХОПС од Хрватска и ЕЛЕС од Словенија. Воедно тука се и првите луѓе на регионалниот Центар за сигурносна координација (СЦЦ) и на СЕЕ ЦАО зедничката компанија која организира аукции на расположливи прекугранични капацитети, како и претставник на ЕНТСО Е.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

