Економија
Ексклузивна понуда на Тоyo Tires во „Сити мол“ – „Плати 3, добиј 4 гуми“
Јапонскиот бренд на гуми Toyo Tires во „Сити мол“, пред кафулето „Плеј кафе“, во периодот од 19 до 22 април, ќе ја презентира понудата „Плати 3, добиј 4 гуми“.
Во понудата е вклучена и бесплатна заменa и балансирање на гумите, како и бесплатна проверка на течности и сопирачки на возилата во сервисните центри на „Еуроимпекс“, од каде што информираат дека за клиентите има можност за плаќање на 6 рати со картичката на „Дајнерс клуб“.

На самото место ќе може да ја видите целата палета летни гуми за разни потреби, односно од гуми за патнички возила, премиум и луксузни лимузини, комерцијални возила, спортски и теренски возила, до офроуд-гуми за екстремни услови.
Станува збор за: Proxes C1S, Proxes T1R, Proxes CF2, Proxes T1 Sport SUV, Proxes CF2 SUV, Nano energy 3, Open Country M/T.

„Производите од асортиманот на Toyo секогаш се дело на најновите достигнувања и иновации, што овозможува првокласно искуство при возењето. Toyo Tires е еквивалент на јапонската технологија и е бренд со реноме и врвен квалитет, што докажува и долгата листа на автомобилски брендови во кои гумите Toyo се прво вградување: „Ауди“ (Q7, RS 4, RS 5, TT-RS, TT&TT-S), „Мицубиши“ (Outlander, L200), Тојота (Prius, Prius+, Rav 4, Land Cruiser/Prado), „Мазда“ (CX5, 2, 3, 5 I Mazda6), „Нисан“ (X-TRAIL), „Рено“ (Megane R26.R) и „Даихатсу“ (Terios)“, наведуваат од „Еуроимпекс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

