Економија
ЕСМ со КЕК од Косово почна засилена соработка за полесно надминување на енергетската криза

АД ЕСМ и косовската државна енергетска компанија КЕК почнаа засилена соработка заради полесно надминување на енергетската криза и на состојбата со следната грејна сезона.
На состанокот што се одржа во АД ЕСМ на ниво на највисоко раководство се разгледуваа можностите како јагленот од Косово да се користи во електраните во Северна Македонија, како и можноста за заемна поддршка меѓу двата система.
На состанокот присуствуваа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, управниот одбор на АД ЕСМ, генералниот директор на КЕК, Нагип Красниќи, и советникот во Министерството за економија на Косово, Милот Келменди.
Заклучено е дека работни групи од двете државни компании во најкусо време ќе ги договорат постапките за ефектурирање на договорената соработка, како и дека владите на двете земји, односно министрите за економија, да бидат информирани за претстојните чекори, кои се во рамките на договорената меѓудржавна соработка во делот на енергетиката од страна на министрите Крешник Бектеши и Артане Ризваноли во декември 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Распад на енергетскиот систем: управа со измислени саботажи за РЕК ја покрива сопствената неспособност!“, велат од СДСМ

„После 10 дена од испаѓањето на РЕК Осломеј од мрежа, и најавите на неспособното раководство на ЕСМ дека истиот во рок од 48 часа ќе биде вратен на мрежа, сведоци сме дека РЕК Осломеј сеуште не произведува струја, а неспособното раководство прави неуспешни обиди од неуспешните обиди“, велат од СДСМ.
„Денес, сведоци сме дека после нецела година, неспособното раководство на ЕСМ, секојдневно го упропастува енергетскиот систем со несоодветно управување, цела РЕК Битола не е на мрежа, поради пожар во командниот ормар од нередовно чистење и не одржување, и за да го оправдаат своето неспособно раководење, прават сензации со наводни саботажи и заплашување на вработените.
Може слободно да заклучиме дека токму поради неспособноста на раководството на ЕСМ, оставка си даде и претседателот на надзорниот одбор на ЕСМ и директорот на правниот сектор, не сакаат да бидат дел од бродот што тоне.
Ги повикуваме и останатите членови на Управниот Одбор на чело со Лазо Узунчев да бидат совесни и разумни и навремено да си поднесат оставки, да не го упропастуваат ЕСМ, бидејќи за истото ќе одговараат“, соопшти СДСМ.
Економија
Објавен огласот за обука кај конкретен работодавец за месечен надомест од 12.000 денари

Во Штип денеска се одржа информативен ден за запознавање на јавноста со мерките од Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година.
Пред претставниците од стопанските комори, здруженија на млади и голем број на заинтересирани граѓани, пратеници и претставници на локалните самоуправи од Штип и регионот, мерките од планот ги презентираа заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, директорката на Агенцијата за поддршка на претприемништво, Даниела Димовска и заменик-директорката на Агенцијата за вработување, Весна Пешова.
Заменик-министерот Ристески покрај за трите јавни повици кои беа објавени во текот на вчерашниот ден поврзани со мерката – Поддршка за самовработување (претприемништво), се осврна и за јавниот повик за третата мерка Обука на работно место кај конкретен работодавач.
„Вчера Агенцијата за вработување го распиша и четвртиот јавен оглас за мерки од Оперативниот план за вработување, а тоа е дел од обуките кои се реализираат со планот. Станува збор за подмерката „Обука на работно место кај конкретен работодавач“ со која на невработените лица им се овозможува обука во времетраење до (3) месеци во работните простории на работодавачите согласно Програма за обука. Во овој период на невработеното лице ќе му биде исплатен месечен паричен надомест од 12.000 денари месечно со вклучено осигурување и данок на личен доход за времетраењето на обуката до 3 месеци, додека работодавачот има обврска да вработи најмалку 50% од вклучените лица во обуката со полно работно време во траење од најмалку 3 месеци. На работодавачот ќе му биде исплатен еднократен износ од 25.000 денари по обучено лице позавршена обука“, кажа Ристески.
Тој додаде дека целта на оваа мерка од Оперативниот план е невработените лица да се стекнат со вештини за извршување на работните задачи во согласност со потребите на работодавачот,а со тоа и да се овозможи нивно вработување во истите компании. Оваа мерка ќе опфати 245 невработени лица, со фокус на корисници на гарантиранаминималнапомош, жени, Роми, млади до 29 години, лица со попреченост и долгорочно невработени.
Градоначалниците на Штип и Свети Николе Јорданов и Владев ги поздравија мерките од Оперативниот план за вработување и ги повикаа сите заинтересирани невработени лица – активни баратели на работа да аплицираат и да ги искористат поволностите од мерките од Оперативниот план.
Јавните повици за мерката самовработување (претприемништво) траат до 20 јуни (петок), додека повикот за Обука на работно место кај конкретен работодавач трае до 30.11.2025 година.
Економија
Со Халкбанк пензија со помалку грижи и повеќе слобода

Пензијата е моментот кога конечно можете да се фокусирате на она што навистина ви е важно. Време за патувањата за кои долго сте сонувале, време за активностите кои сте ги одложувале, време за семејството и пријателите. Ова е периодот кога можете да се навратите на сопствените желби и планови за кои досега сте немале доволно време.
Сепак, за да може овој период да биде навистина безгрижен, потребна ви е банка која ги разбира вашите потреби. Банка која знае дека вие не сакате да поминувате време во комплицирани процедури, скапи услуги и нови банкарски системи. Ви треба банкарски партнер кој ќе ви го олесни животот, наместо да ви го отежни.
Пакет создаден за вашите потреби
Стандардните банкарски услуги често не одговараат на специфичните потреби на луѓето во пензија. Потребно е решение кое ги зема предвид различните приоритети, начин на живот и финансиски цели на пензионерите. Халкбанк Пакетот за пензионери е токму тоа – сеопфатно решение дизајнирано и наменето за овој период од животот. Ова е целосно подобрено банкарско искуство кое дава слобода во управувањето со финансиите на начин кој одговара на денешната динамика на живот. Секоја услуга е избрана и прилагодена за да донесе максимална корист, без простор за грижи.
Што всушност добивате?
Бесплатната MasterCard дебитна картичка овозможува лесен пристап до вашите средства каде и да се наоѓате. Првата година не се потребни никакви трошоци, што значи дека можете да ги почувствувате сите поволности и да видите дали токму оваа картичка е тоа што ви е потребно. Картичката работи на сите банкомати и во сите продавници што прифаќаат MasterCard, што ви дава слобода да купувате без да носите готовина.
Е-банкарството, кое што е достапно 24 часа дневно, седум дена во неделата, без никаков надомест на средства, до крај на 2025 година. Ова значи дека можете да ги проверувате вашите финансии, да правите трансфери и да ги следите промените на сметката од вашиот дом, во секое време.
SMS известувањата ви овозможуваат да бидете секогаш информирани за она што се случува со вашата сметка. Секоја трансакција, секоја промена на салдото, секое важно известување го добивате веднаш на вашиот телефон. Ова ви дава сигурност и контрола над вашите средства.
Интерните налози без провизија значат дека можете да плаќате сметки и да правите трансфери во рамките на банката без дополнителни трошоци. Секоја заштедена провизија резултира со повеќе пари кои остануваат кај вас, наменети за нештата кои навистина ви се важни.
Едноставен чекор до нови погодности
Процесот за аплицирање е брз и едноставен. Ако сте нов клиент и сакате да ја префрлите пензијата во Халкбанк, доволно е да ја посетите најблиската филијала. Ако веќе сте клиент и сте пензионер, само потпишете изјава на шалтер и веднаш станувате дел од пакетот.
Вашата пензија заслужува повеќе
Годините што доаѓаат треба да бидат посветени на уживање, а не на непотребни грижи. Потребна ви е поддршка која ќе го олесни управувањето со средствата и ќе ве ослободи од непотребните трошоци. Халкбанк Пакетот за пензионери е создаден токму за тоа – да ги направи вашите години за уживање побезгрижни, посигурни и исполнети со сè сте посакувале.
ПР