Економија
„Еуроимпекс“ во партнерство со меѓународниот проект во рамките на Програмата „Еразмус+“
Компанијата „Еуроимпекс“ го продолжува партнерството со меѓународниот проект во рамките на Програмата „Еразмус+“, која се случи во февруари оваа година.
Продолжувајќи ја традицијата на взаемна соработка, Еуроимпекс и оваа година соработуваше со АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје, во процесот на реализирањето на проект од Програмата „Еразмус+“, под името: „Развивање на професионалните и меките вештини за полесно вклучување на пазарот на труд“.

Сите фотографии се креирани во февруари 2020 година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски
Учениците реализираа практична обука во времетраење од 14 дена, во февруари месец оваа година, во сервисните центри за возила во Вилниус, а исто така, реализираа и часови по практична настава во партнерското стручно училиште ”Vilniaus automechanikos ir verslo mokykla”.
Со цел учениците да можат полесно да се вклучат и да се адаптираат на работните услови во сервисните центри за возила во Вилниус, Еуроимпекс ДОО овозможи професионална подготовка на тој начин што учениците беа директно вклучени во сервисниот работен процес во Еуроимпекс, реализирајќи различни задачи во областа на автомобилската мехатроника, користејќи најразличен алат и опрема, со несебична поддршка и менторство од страна на одговорните лица на компанијата. Во процесот на подготовка, учениците учествуваа во тимската работа на компанијата, го подигнаа квалитетот на своите комуникациски способности и сл.
Поддршката од страна на компанијата Еуроимпекс беше од големо значење и придонесе за зголемувањето на успешноста на реализирањето на обуката, со оглед на тоа што учениците за време на практичната обука во Вилниус, вршеа комплетен сервис на различни видови возила, дијагностика, користеа современ алат и уреди, ги усовршија и своите меки вештини (комуникација, однос со вработени, тимска работа и сл.), се запознаа со најсовремени системи на возила, тестери, макети, симулатори и сл. Добиените меѓународни сертификати за секој ученик поединечно, ја потврдуваат успешноста на реализираната практична обука во Литванија.

Сите фотографии се креирани во февруари 2020 година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски
Во проектот, беа вклучени и 6 наставници, кои разменија искуства со наставниците од партнерското училиште во Вилниус, чиишто искуства можат да се применат во иднина во АСУЦ „Боро Петрушевски“ на Град Скопје, а, исто така, и во процесот на соработка со долгогодишниот социјален партнер Еуроимпекс ДОО.
„Отворањето на вратите на нашите сервисни центри и пружање на професионални обуки на студентите и учениците, секогаш било добредојдено во нашата компанија. Еуроимпекс како општествено одговорна компанија има за цел да им овозможи на идните генерации можност одблиску да се запознаат со работењето и да стекнат искуство повеќе при соочување со реален проблем и сервис на некое возило. На тој начин во иднина истите тие студенти ќе можат да дадат свој придонес во општеството и подобрување на работниот кадар на автомобилските компании“, изјави, Зоран Серафимовски – извршен директор на Еуроимпекс.
*Сите фотографии објавени во горенаведениот текст се креирани во февруари месец 2020та година. Со тоа лицата на фотографиите не се задолжени да носат заштитни маски.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Николоски: Градежништвото повторно со двоцифрен раст
Вицепремиерот Александар Николоски соопшти дека градежниот сектор бележи раст од 14,6 проценти во четвртиот квартал од 2025 година, истакнувајќи дека во земјата се реализираат бројни капитални проекти.
„Раст од 14,6% бележиме во време кога ги градиме капиталните проекти, автопатите, железницата, регионалните и локални патишта и голем број комунални проекти“, напиша Николоски на Фејсбук.
Тој посочи дека градежништвото бележи континуиран пораст во текот на 2025 година.
„Особено ме радува фактот што градежништвото е во континуиран пораст и тоа во 2025 година во третиот квартал имавме 21% раст, а четвртиот квартал бележиме 14,6% раст (и покрај зимскиот период каде поради природните услови градежните активности се намалуваат)“, наведува Николоски.
Според него, Македонија е меѓу земјите со најголем раст на БДП, при што во четвртиот квартал економијата пораснала за 3,8 проценти.
„Македонија се гради и се развива – следуваат нови инфраструктурни проекти“, објави Николоски на својот Фејсбук профил.
Економија
Од полноќ поскап бензин, цената на дизелот останува иста
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на одлуката од 27.2.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 2,977%, кај дизелот за 0,464%, кај екстра лесното масло за 0,370% и кај мазутот зголемувањето е за 3,965%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1035%.
Од 3.3.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 35,542 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,022 ден/кг и сега ќе изнесува 35,542 ден/кг.
Економија
ТИТАН Усје: Работиме согласно сите закони, емисиите се мерат 24 часа со независен мониторинг – нема надминувања на лимитите
ТИТАН Усје соопшти дека повеќе од 70 години работи како одговорна компанија во земјата, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни објекти, меѓу кои болници, брани, патна и јавна инфраструктура.
Од компанијата наведуваат дека грижата за животната средина е нивна основна вредност и дека ја следат јавната дебата поврзана со квалитетот на воздухот и заштитата на животната средина, давајќи, како што велат, транспарентен придонес кон решавање на овие прашања.
„Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити“, велат од ТИТАН Усје.
Како членка на Групацијата ТИТАН, компанијата информира дека ги следи меѓународно признатите практики и ESG стандарди, со долгорочна посветеност на заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и современото корпоративно управување.
Во изминатите 15 години, ТИТАН Усје инвестирала повеќе од 29 милиони евра во одржливо производство и еколошки технологии, а дополнителни три милиони евра се планирани до 2029 година.
Од компанијата посочуваат дека нивни приоритети остануваат партнерствата, благосостојбата на вработените и континуираната поддршка на заедницата.

