Економија
„Еуромакс“ и „Трафигура“ се подготвени веднаш да инвестираат во Северна Македонија
Оваа недела беше направена промоција на македонското годишно издание на „The Economist“, кое ги опфаќа темите за економијата и светот во 2022. „Економист“ е меѓународно познат неделен магазин кој третира теми од областа на меѓународен бизнис, политика и технологија. Лоциран во Лондон и е присутен глобално низ целиот свет на сите континенти.
Во ова македонско годишно издание на „Економист“, покрај перспективите и предизвиците во светот во 2022, беа покриени и аспектите на македонската економија, во кое свое интервју имаше и Николас Треанд, претседател и извршен директор на Бордот на „Еуромакс ресоурцес“.
Николас Треанд аргументирано низ бројките, повторно, ја потенцираше потребата за реализација и значењето на мега проектот за иден рудник за бакар Иловица-Штука, ВЕДНАШ и СЕГА. Дополнително тој го изрази неговото верување дека 2022 година може да биде успешна за македонската економија и за проектот Иловица-Штука.
Пренесуваме дел од интервјуто на Николас Треанд.
„’Еуромакс ресоурцес’ и најголемиот инвеститор ‘Трафигура’ веднаш може да ги обезбедат потребните странски директни инвестиции од 350 милиони евра за реализација на проектот за рудник за бакар Иловица – Штука“, вели претседателот и извршен директор во Бордот на директори на „Еуромакс ресоурцес лимитед“, Николас Треанд. „Еуромакс ресоурцес лимитед“ е канадската компанија која котира на берзата во Торонто, Канада, а според нејзиниот прв човек имаат доверба дека во Северна Македонија ќе продолжат со развој на проектот Иловица – Штука.
![]()
„Покрај долгогодишниот процес за добивање дозволи, менаџментот на ‘Еуромакс ресоурцес’ и ‘Трафигура’ сẻ уште имаат доверба во Република Северна Македонија и остануваат цврсто на определбата да го развијат овој мега инвестициски Проект и на тој начин сериозно да помогнат во економското заздравување. Таа цврста определба може да се потврди и со програмата за општествена одговорност што се спроведуваше во текот на 2021 година, а за која претходно беше определен буџет во износ од 1 милион евра“, вели претседателот и извршен директор во Бордот на директори на „Еуромакс ресоурцес лимитед“, Николас Треанд.
Во„ Еуромакс“ веруваат дека 2022 година ќе биде успешна за македонската економија и за Проектот „Иловица-Штука“.
„Податоците за економските ефекти од развојот на Проектот ‘Иловица-Штука’ без дилеми потврдуваат дека отворањето на идниот рудник за бакар сериозно ќе придонесе во економското закрепнување на македонската економија, и поради тоа ја наметнува потребата истиот да се реализира сега и веднаш“, вели Треанд.
Реализацијата на инвестицијата во Проектот „Иловица-Штука“, вредна 350 милиони евра, ќе отвори 3200 нови работни места во текот на работењето на идниот рударски комплекс. Ќе овозможи извоз од 200 милиони евра на годишно ниво, и во државниот буџет ќе се плаќаат минимум 24 милиони евра годишно или вкупно над 500 милиони евра во вид на даноци и концесиски надоместоци. Дополнително, во текот на 20-годишното работење на идниот рудник предвидено е годишно да се трошат над 70 милиони евра на локалните деловни партнери. Треанд посочува дека со реализацијата на оваа странска директна инвестиција и реализираниот прилив од предвидениот извоз се очекува да се остварат нето-приливи во македонската економија во износ од над 3 милијарди евра, што е доволно да се отплати надворешниот долг на државата за повеќе од 35%, со што ќе се овозможи сериозно олабавување на притисокот од континуираното растење на надворешниот долг, а тоа ќе отвори можност за идно надворешно задолжување за да се реализираат други проекти значајни за развојот на македонската економијата. Како краен ефект, се проценува дека во текот на наредните 20 години со работењето на идниот рударски комплекс ќе се придонесе до зголемување на БДП за дополнителни 4% на национално ниво на веќе проектираниот раст од 4%, односно ќе се овозможи раст на БДП од 8% на годишно ниво.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари
Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за одржување на постоечки овошни насади, со што се обезбедува континуирана поддршка за одржување и унапредување на овоштарското производство.
Економија
Отворен Економскиот бизнис форум помеѓу Северна Македонија и Словачка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје, заедно со министерот за финансии на Словачката Република, Ладислав Каменицки, го отвори Економскиот бизнис форум помеѓу Република Северна Македонија и Словачката Република, на кој присуствуваа голем број домашни и словачки компании.
„Настанот, организиран од двете министерства со вклученост на повеќе економски институции, беше одлично посетен од претставници на стопанските комори и бизнис-заедницата. Присутните имаа можност за директни средби и вмрежување со словачките компании од секторите енергетика, градежништво, здравство и медицина, туризам, ИКТ, трговија и други услужни дејности“, соопштија од Министерството.
Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека форумот претставува потврда не само на политичката блискост меѓу двете држави, туку и на заедничката верба во силата на економското партнерство.
„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е нејзино јадро. Силните политички односи мора да бидат придружени со силни економски темели“, нагласи Муцунски, изразувајќи благодарност до словачките партнери и компании за нивното присуство, кое, како што посочи, претставува знак на доверба.
Тој истакна дека Северна Македонија нуди стабилност, отвореност и предвидливост како основа за инвестирање, при што континуираното усогласување со европското законодавство претставува заложба за транспарентност и правна сигурност. Посебно ги нагласи потенцијалите во автомобилската индустрија, производството на компоненти, ИКТ-секторот, обновливите извори на енергија и агробизнисот.
Министерот посочи дека достигнувањата на Словачка во автомобилското производство, иновациите и енергетската транзиција создаваат природна основа за продлабочување на партнерството преку заеднички инвестиции, интеграција на синџирите на снабдување и трансфер на технологии.
Во рамки на форумот беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Северна Македонија и словачката агенција SARIO, со што се отвора дополнителен простор за директна институционална соработка и заедничка промоција на економските потенцијали.
Муцунски истакна дека Владата останува цврсто посветена на поддршка на бизнис-заедницата преку дипломатската мрежа, институциите за промоција на инвестиции и механизмите за олеснување на трговијата, со цел идентификување нови можности и отстранување на административните пречки.
Форумот, како што беше оценето, претставува конкретен чекор кон продлабочување на економската соработка и создавање нови можности за инвестиции, иновации и одржлив раст во интерес на двете држави.
Економија
Компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска со донација за погодените семејства од поплавите во Кичево
По поплавите во Кичево што доведоа до евакуација на околу 250 луѓе од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност преку донација на средства за лична хигиена за лицата кои се привремено згрижени во градската спортска сала „Христо Узунов“.

Пакетите, кои содржат основни производи за секојдневна хигиена, како и вода и храна се наменети за најзагрозените домаќинства со цел да им помогнат полесно да се справат со последиците од природната непогода.


Со оваа хуманитарна иницијатива, компанијата испраќа силна порака за солидарност и поддршка во моменти кога заедништвото е најпотребно, останувајќи доследна на својата општествено одговорна мисија.
(ПР)

