Економија
„Еуромакс“: Посветени сме на заштита на животната средина, без цијанид и сулфурна киселина во Иловица – Штука
Компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ (Еуромакс), концесионер на проектот за рудник за бакар Иловица – Штука, појаснува дека ќе го развива рудникот во согласност со сите национални закони, вклучувајќи ги и последните измени на Законот за минерални суровини, предложени од политичката партија ДОМ и усвоени во Парламентот.
Проектот на „Еуромакс“ е целосно усогласен со законските измени кои забрануваат употреба на цијанид и сулфурна киселина во процесот на преработка на рудата. Во декември 2017 година, најголемите акционери и Одборот на „Еуромакс“, земајќи ги предвид загриженоста на локалната заедница и граѓанските здруженија, одлучија овој проект да се развива без употреба на цијанид.
Притоа, во проектниот план ги задржаа само физичките процеси на обработка на рудата, а добиениот концентрат на бакар да се транспортира до топилница во Бугарија. Во однос на сулфурната киселина, „Еуромакс“ нагласува дека таа никогаш не била предвидена да се користи во проектот. Со ова проектот е усогласен со изменетиот закон.

„Од особена важност е да се создаде модерен рудник кој нема да ја деградира и уништи животната средина, туку повеќе ќе создава можности за економски развој, како и подобрување на стандардите и мерките за заштита на животната средина во регионот. Имаме заедничка одговорност со засегнатите страни, а тоа е заштита на животната средина. За таа цел ќе се формира независно тело кое ќе го следи секој чекор во претстојните фази на нашиот проект, а ќе вклучува независно следење на квалитетот на почвата, водата и локални земјоделски производи. Првично ќе бидат земени примероци од почвата и од локалните земјоделски производи за да се потврди дека се одржуваат постојните стандарди и дека нема загадување. Се предлага следењето да не го прави самата компанија, туку независно тело составенo од локални жители и локални експерти, граѓански здруженија и претставници од релевантни факултети како најкомпетентни институции во земјата. Постојат примери во индустријата каде таквата контрола функционира добро“, истакнуваат од „Еуромакс“.
Компанијата нагласува дека планирањето на проектот ги зема предвид грижите на локалното население кое го користи земјиштето во областа каде што рудникот ќе се гради и ќе се развива според највисоките меѓународни стандарди, како и согласно со измените на Законот за минерални суровини, изгласани на 9 јануари во Собранието на Република Македонија.
„На овој начин, само ја потврдуваме посветеноста на компанијата за заштита на животната средина и на здравјето на луѓето и продолжуваме да работиме според највисоките и современи стандарди во областа на рударството“, велат од „Еуромакс“.
„Еуромакс“ останува во постојана комуникација со сите засегнати страни и надлежни институции во насока на понатамошен развој на проектот, ги поздравува и поканува сите заинтересирани страни кои сакаат дополнително да се информираат за проектот.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

