Економија
Заев: Во компаниите што добија поддршка преку Фондот за иновации приходите се пораснати 50 отсто
Во 2019 година во Фондот за иновации и технолошки развој пристигнале дури 487 апликации за поддршка, што е тројно повеќе од првиот повик во 2015 година кога беа пријавени 158 апликации, истакна премиерот Зоран Заев на презентацијата на работата на ФИТР во 2019 и на кампањата „Креираме успешни приказни“.
Како што рече тој, Владата ги следела зголемениот интерес и буџетот за поддршка на иновациите од 1,2 милион евра поддршка во 2015 година, во 2019 година изнесувал дури 11,2 милиони евра.
„Резултатите од одобрените проекти се одлични. Во компаниите што добија поддршка преку Фондот за иновации и технолошки развој приходите од работењето пораснаа 50 отсто, нето-добивката пораснала вртоглави 64 отсто, бројот на вработени е зголемен 27 отсто, а просечната месечна плата пораснала 40 отсто. Дури 839,3 илјади евра или 39 отсто од средствата што биле доделени како грант се вратени во буџетот преку данокот на добивка и задолжителни придонеси на поддржаните компании“, информира премиерот.
Додаде дека вкупниот број вработени во грантираните компании изнесува 769 вработени, од кои дури 360 се новоотворени места благодарение на финансиската поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој.
„Просечната плата во овие компании е 700 евра. Тоа се бројките на успехот. Тоа е бројките што ја прават голема насмевката на лицата на 769 вработени“, рече Заев.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски, рече дека семејството на ФИТР во изминативе две години пораснало на 314 компании, 54 поддржани училишта и над 30 партнерски организации.
„Го зголемивме обемот на инвестиции во домашните компании 57 пати. Две и пол години работиме и две и пол години слушаме и критика, и тоа голема. Не беше лесно да се помине сето тоа. Но, ова што гледате тука се реални луѓе, реални проекти и реални успешни приказни, а не измислени работи. Избравме дел од нашите корисници да ни бидат амбасадори и преку нивните приказни да го доближиме заедничкиот успех“, рече директорот Деспотовски на презентацијата на работата на ФИТР и на кампањата „Креираме успешни приказни“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Гувернерот Трајко Славески учествува на конференција на гувернери во Брисел, во фокус глобалните економски предизвици
Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески учествува на конференцијата на гувернерите од Kонституенцата на Меѓународниот монетарен фонд, на која се разгледуваат клучните предизвици и идните насоки на централнобанкарските политики во услови на зголемена глобална неизвесност и променет геоекономски амбиент.
Во фокусот на дискусиите се изгледите за инфлацијата и монетарната политика, како и улогата на централните банки во одржувањето стабилни финансиски системи. Особено внимание е посветено на можните трендови на дерегулација и нивните потенцијални импликации врз финансиската стабилност.
На конференцијата се разговара и за влијанието на технолошките иновации и геостратегиските промени врз економскиот развој и финансиските текови, како фактори што сè повеќе го обликуваат глобалниот финансиски систем.
Во рамките на настанот, се одвива размена на искуства и ставови со гувернери, претставници на европските институции и меѓународните организации, што придонесува кон креирање политики засновани на знаење и соработка, како и кон зајакнување на капацитетите на централните банки за справување со современите економски предизвици и обезбедување стабилен и предвидлив економски амбиент.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos

