Економија
Заев: Интегрирани сме во проекти за стабилно снабдување со гас
„Со интерконекторот со Грција државата ќе обезбеди стабилно и континуирано снабдување со гас, независност и конкурентни цени, што е во согласност со нашата долгогодишна енергетска стратегија за регионална соработка во енергетиката“, истакна премиерот Зоран Заев на денешниот увид на магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар заедно со министрите Бектеши и Бочварски и директорот на Националните енергетски ресурси, Бајрам Реџепи.
Заев го поздрави напредокот на работните активности и истакна дека магистралниот гасовод е дел од изградбата на преносниот систем за гас во целата држава како еден од врвните приоритети на Владата што е од исклучителен интерес за граѓаните и стопанството.
„За три години, направивме огромна разлика на планот на енергетиката. Од земја што беше ставена во ситуација да биде зависна од само еден коридор, Северна Македонија денеска е земја интегрирана во енергетски проекти и вклучена во иницијативи за енергетско поврзување, кои отвораат широки перспективи и за брз економски развој и за стабилно снабдување на граѓаните со евтин и еколошки енергенс, како што гасот. Оваа динамика на градежни работи и во услови на пандемија веќе го прави многу блиску гасот до индустријата и граѓаните, што значи обезбедување пренос и приклучок по ниски цени достапни за граѓаните и стимулирачки за индустријата. Магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар, во должина од 86 километри, заклучно со септември оваа година, е реализиран на ниво 66 проценти, со процена дека целосно ќе биде завршена во втората половина од идната година, вклучувајќи ја и изградбата на мерните станици и краците кон градовите“, изјави Заев.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, истакна дека изградбата на гасоводот е најприоритетен проект во енергетиката во државата. На изградбата на националниот гасовод се работеше интензивно во изминатите три години, а со исто темпо ќе се продолжи и во наредниот период. Министерот Бектеши потенцира дека паралелно се работи на воспоставување јавно-приватно партнерство за изградба на дистрибутивната гасоводна мрежа.
„Ова ќе овозможи пониски цени за енергенси за индустријата и стопанството, а компаниите ќе станат поконкурентни, со што ќе ги намалат нивните трошоци во делот на снабдување со енергенси, но дополнително ќе им овозможи и на граѓаните можност на снабдување со природен гас“, рече министерот Бектеши.
Министерот Бочварски потенцира дека се вложени сите расположливи капацитети за интензивно решавање на имотно-правните односи и забрзување на постапките за експропријација и одобрување на проектите за инфраструктурната гасификација на земјата, која ќе придонесе за намалени емисии на штетни гасови, а со тоа и за почист воздух и поздрава животна средина, бенефит не само за нас туку и за идните генерации.
„Во моментот за изградба на двата магистрални гасовода се реализираат инвестиции во висина од речеси 65 милиони евра, од кои 29 милиони за изградба на кракот од Скопје кон Гостивар и 36 милиони евра за изградба на гасоводот од Неготино до Битола“, рече Бочварски истакнувајќи ги следните чекори за продолжување на кракот кон Кичево – Охрид, поврзувањето со пруга крак кон Велес и Cвети Николе, како и проектите за изградба на интерконекциски врски со соседните држави.
Директорот на Националните енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, ја истакна важноста од гасификацијата и рече дека иако во време на пандемија е неблагодарно да се дефинираат точни рокови, очекува навремена реализација на предвидените проекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels
Економија
Филипче: Следува поголема криза и нови поскапувања во 2026 година
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.
„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.
Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.
„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.
На брифинот, Филипче потенцираше дека дополнително и состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.
„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.
Во тој контект, Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.
„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.
Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.
„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи Филипче.
Економија
(Видео) Филипче: 161 тендер доделени на една компанија, власта се грижи само за сопствени интереси
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните.
„Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, само двајца вработени. Ова се бројки што јасно говорат за начинот на којшто функционира оваа власт“, изјави Филипче.
Тој посочи дека ваквите случаи не се изолирани и дека секојдневно излегуваат на виделина нови информации за сомнителни јавни набавки и злоупотреба на институциите.
Филипче истакна дека платформата на СДСМ Истражувачкиот центар за коруптивни операции (MICKO.mk) која неодамна беше отворена, секојдневно прима стотици документи и пријави од граѓани, вработени во јавни институции, како и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сите ќе ги објави.
„Сакам да упатам една јасна порака дека во оваа борба за правда во државата никој нема да нè запре. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Решени сме во тоа. Секој еден којшто е замешан во корупција и криминал сакам да порачам дека ќе одговара “, порача претседателот на СДСМ.

