Економија
Заев и Анѓушев во посета на Кромберг и Шуберт: Поддршка од Владата за странските компании
Претседателот на Владата, Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев придружувани од градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска и пратениците Александар Кирацовски и Горан Милевски во текот на вчерашниот ден беа во посета на компанијата Кромберг и Шуберт којашто работи во индустриската зона Жабени.
Во рамки на работната посета на компанијата премиерот, владините претставници и пратениците беа во обиколка на производствените погони каде што имаа прилика одблиску се запознаат со производствените процеси и начинот на работа на фабриката.
По обиколката премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев остварија работна средба со Уве Шилиг, технички директор и Тања Милисковиќ, комерцијален директор на компанијата Кромберг и Шуберт.
На средбата беа презентирани информации за обемот и перформансите на интернационалата компанијата којашто работи неколку години во Република Македонија и којашто вработува над 6.000 работници од битолскиот регион. Од презентацијата беше заклучено дека оваа компанија од своите вкупни набавки релаизира 1/3 од домашни добавувачи. Ваквата соработка со домашните компании беше поздравена и беа охрабрени директорите на компанијата да аплицираат по мерките од Планот за економски раст кои се однесуваат на поддршка за зголемена соработка со домашни компании.
Се разговараше и за предизвиците со коишто се соочува оваа компанија како и за идните планови коишто се однесуваат на нови инвестиции.
Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев изразија силна поддршката од владата за странските компании и го охрабрија менаџментот на компанијата Кромберг и Шуберт да продолжи со инвестициските активности во Македонија.
Заев порача дека Владата на Македонија работи како партнер и сервис на бизнисот во насока на надминување на сите предизвици и состојби и и за обезбедување на поволна деловна клима и услови за непречена работа и раст на компаниите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

