Економија
Заев на средба со ЕБОР: Работиме заедно на проекти за јакнење на економијата
Премиерот Зоран Заев во придружба на министерот за финансии, Драган Тевдовски, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, и советникот за економија и финансии, Фатмир Бесими, денеска оствари средба со висока делегација на ЕБОР – Европската банка за обнова и развој, предводена од потпретседателот на ЕБОР, Ален Пију, во состав Шарлот Рухе, директорка на ЕБОР за Централна и Југоисточна Европа, Жужана Харгитаи, регионална директорка за Западен Балкан, и Анка Јоана Јоанеску, директорка за Македонија и Косово.
Потпретседателот на ЕБОР, Пију, ги пренесе поздравите и поддршката на раководството на Европската банка за обнова и развој до Владата во однос на позитивниот исчекор што двете соседни земји го направија со постигнување договор за решавање на спорот за името и за стратегиско партнерство за што даде оценка дека претставува одлична можност за откочување многу процеси, регионални проекти и инвестициски можности во земјата и регионот.
На средбата со високите претставници на ЕБОР се зборуваше за отворените можности и полиња на кои може да се интензивира соработката во иднина. Беше оценето дека постојат огромни потенцијали на соработка во областа на енергетиката, производството на електрична енергија од обновливи извори и процесот на гасификацијата, за развој, изградба и рехабилитација на патната и железничка инфраструктурата, за локален економски развој, но и за поддршка на приватниот сектор, на нови инвестиции и за зајакнување на економијата. Се зборуваше и за можностите со кои ЕБОР може да помогне во процесот за надминување на финансиските проблеми на општините, за нивна финансиска стабилизација и подобрување на менаџментот со јавните финансии на локално ниво, со цел подобро и поквалитетно опслужување на граѓаните и бизнисот. На состанокот се разгледаа и можностите за забрзување на реализацијата на одредени проекти и начините на кои преку заедничка соработка може да се откочи економскиот раст на земјата и да се зајакне економијата.
Потпретседателот на ЕБОР, Ален Пију, рече дека Европската банка за обнова и развој е подготвена да го интензивира својот ангажман во процеси и проекти што ќе значат откочување и забрзување на инвестициите и на економскиот раст на земјата, а посебно ја нагласи поддршката на приватниот сектор и домашните компании.
Премиерот Заев изрази уверување дека тоа се цели и на Владата што ќе се постигнат преку заемната соработка со ЕБРД и други меѓународни финансиски институции и изрази огромна благодарност за поддршката и помошта што Европската банка за обнова и развој во континуитет ѝ ја дава на земјава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

