Контакт

Економија

Заев на средба со ССМ: Владата работи за подобрување на животниот стандард на работниците

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со делегација на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) претставници на синдикатите, членки на ССМ, предводена од претседателот Дарко Димовски.

dobivaj vesti na viber

Учесниците на состанокот го поздравија напредокот на социјалниот дијалог, меѓу синдикатите, работодавачите и Владата како движечка сила за зголемување на економскиот просперитет и заклучија дека е потребно понатамошно унапредување.

Заев истакна дека Владата останува цврсто на определбите да биде партнер во социјалниот дијалог, давајќи значаен придонес за унапредување на правата на работниците во соработка и партнерски однос со синдикатите и работодавачите.

Во рамките на состанокот се отвори дебата за состојбите со кои се соочуваат синдикатите и беше истакната поддршката на државата за Општите колективни договори за стопанството.
Се разговараше за потребата од исплата на регрес за годишен одмор и за јавната администрација, како и за покачување на платите на работниците.

Истакнувајќи ја улогата на синдикатите како будно око за правата на работниците,  премиерот Заев подвлече дека Владата работи на мерките за обезбедување поголема сигурност и подобрувањето на животниот стандард на работниците, како партнер во социјалниот дијалог заедно со Синдикатот и работодавачите. Позитивно беше оценет напорот на ССМ да се вклучи во процесот, со свои сугестии за прашањата  од сферата на трудот и од нивна страна беше поздравено претходното зголемување на платите на вработените  во здравството и културата, соопшти Владата.

Економија

„Прима“ слави јубилеј – 30 години постоење

Објавено пред

Колкав број фирми можат да се пофалат со 30-годишен јубилеј, кој дополнително е обележан со постојан раст и развој? Кога на тој податок ќе го додадеме и оној дека станува збор за регионален „играч“ кој постојано го зголемува бројот на земји низ кои се шири, тогаш е јасно дека станува збор за сериозна фирма. Се разбира зборуваме за Прима која е водач во производството на мебел во Хрватска и со проширена мрежа на свои продажни салони во Македонија.

dobivaj vesti na viber

Во нејзиното 30-годишно постоење, Прима од мала производствена единица, со добра визија, идеја, волја и работа, прерасна во име кое во себе ги има инкорпорирано квалитетот, современиот начин на живеење, дизајнот и потребите на потрошувачите. А сето тоа значи квалитетно изработен мебел во сега веќе неколкуте фабрики лоцирани во Хрватска користејќи само внимателно одбрани материјали. Но Прима не би била тоа што е, доколку мебелот не е и внимателно издизајниран од дизајнери кои секогаш будно ги следат новите трендови во светот на дизајн на ентериер и кој во своите визии ги внесуваат најдобрите решенија.

Но во својот развој, Прима е пионер во проширувањето на дејноста во салоните каде што последниве години нуди неколку нови услуги кои им излегуваат пресрет на

потрошувачите и нивните потреби, како: дизајн на ентериер, дизајн на кујни по мерка, 3Д-планирање кои нивните дизајнери и архитекти ги решаваат заедно со клиентите нудејќи на тој начин индивидуален пристап и најсоодветни решенија.

Прима секогаш имала желба да им се приближи најмногу на своите потрошувачи со тоа што го најдува соодветниот простор за своите салони во сите поголеми градови, а во скоро време и својот web-shop кој овозможува преглед и нарачки од својот дом.

Тука се и услугите: мерење, 3Д-планирање, превоз и монтажа на нарачаниот мебел и најважното: удобноста и уживањето во кое секој оној што ги користи мебелот на Прима може со 100 % сигурност да го потврди.

Овој 30-годишен јубилеј постоење, Прима ќе го прослави нудејќи топ попусти на 30 артикли од својот богат асортиман.

Погледнете повеќе на следниот линк : https://www.prima-mebel.mk/30-artikli-po-top-ceni или посетете ги салоните на Прима.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Николоски во Лондон се сретна со Тим Рид: економската соработка меѓу двете земји во делот на реализацијата на капиталните инвестиции тема на разговорот

Објавено пред

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, вчеравечер во Лондон оствари работна средба со Тим Рид, извршен директор на Извозно кредитната агенција на Обединетото Кралство.

dobivaj vesti na viber

Како што информира Министерството за транспорт, на средбата се разговарало за економската соработка меѓу двете земји во делот на реализација на капиталните инвестиции.

Притоа вицепремиерот Николоски ги истакна плановите на Владата за развој и модернизација на инфраструктурата со посебен акцент на патната и железничката мрежа.

Тој потенцираше дека проектите што ги опфаќа инвестицискиот план на Владата на Република Македонија, покрај развој на домашната економија имаат и регионално значење, а придобивките од нив се повеќекратни за земјите од Западен Балкан.

На средбата беа разменети информации околу потенцијалната соработка меѓу двете земји и поддршката што може да ја обезбеди оваа Агенција во рамки на нејзините државни политики.

Исто така беше истакнато дека Обединетото Кралство е стратешки партнер на Македонија во развојот на земјата и во тој конткест политиките ќе се насочат кон подршка на економскиот и општествениот развој.

Работните средби на вицепремиерот Николоски продолжуваат и денеска во Лондон каде е планирано да се реализираат одвоени средби со Стивен Даути, министер задолжен за Европа, како и со Дејм Карен Пирс, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, соопшти Министерството за транспорт.

Прикажи повеќе...

Економија

Божиновска: Технолошкиот развој бара партнери, Македонија и Чешка ги продлабочуваат енергетските и технолошките врски

Објавено пред

Технолошкиот развој е клучот за иднината, а меѓународните партнерства се силата што го движи напредокот. Денешниот Енергетско-технолошки форум, организиран од Амбасадата на Чешка во Скопје, беше јасна потврда за тоа, велат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

dobivaj vesti na viber

На форумот присуствуваа вицепремиерот Изет Меџити, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва. Настанот претставуваше значајна платформа за размена на идеи, искуства и иницирање нови соработки меѓу Чешка и Македонија во областа на енергетиката, технологијата и економскиот развој. Во фокусот беа теми како што се зелената транзиција, обновливите извори на енергија, дигитализацијата и технолошките иновации.

„Дадовме силна поддршка за нови партнерства меѓу институциите, бизнис-секторот и експертите од двете земји. Чешка денес има модерни електрани, експерти што може да ни помогнат – Од енергија до дигитализација – имаме многу што да споделиме, но уште повеќе што да изградиме заедно“, истакна Божиновска.

Во рамки на форумот се одржаа и презентации на чешки компании специјализирани во областа на рударството, енергетиката и машинската индустрија. Посебен акцент беше ставен на технолошките решенија за обновливи извори, дигитална контрола на индустриски системи и модерна опрема за производство на енергија и обработка на суровини.

Форумот беше организиран со поддршка на Министерството за надворешни работи и Министерството за индустрија и трговија на Чешка, како и здружението Czech Extraction and Mining Technology.

„Само преку координација на идеи, ресурси и визии можеме успешно да се справиме со енергетските предизвици и да напредуваме на технолошки план“, беше заедничкиот заклучок на учесниците.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Измами во давањето туѓа нега и инвалидски пензии, под истрага 49 лица, вмешани и лекари

Сузбиени две криминални групи, кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување право за туѓа нега и право на инвалидски пензии,...

Македонија2 часа

Битола, Струга, Чаир се меѓу општините кои не аплицирале за проекти, рокот истекува за помалку од една недела

Седумнаесет општини воопшто не аплицирале за инфраструктурни општински проекти, за што Владата доделува средства од унгарскиот кредит. Во оваа група...

Македонија3 часа

Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води Обвинителството, не Владата

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцира дека Обвинителството ја води истрагата за несреќата во Кочани,...

Македонија3 часа

(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое...

Македонија4 часа

Таравари го поддржа апсењето лекари: Директорот на Геријатрија првин го разрешив, а потоа го исклучив од партијата, сите што грешат нека одговараат

Сите што грешеле, вклучително и лекарите, треба да одговараат, смета министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашната полициска акција, која...

Македонија5 часа

Речиси третина од фирмите, чии лиценци ќе се одземаат, имаат блокирана сметка или се неактивни, според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за фирмите кои се на списокот што го објави Министерството за транспорт и...

Македонија5 часа

Владата ја прави премиерот, ако тој смета дека Алијансата за Албанците не му треба, ние немаме никаков проблем, вели Таравари

Министерот за здравство и лидер на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, не сака да избрзува со носење какви било политички...

Македонија6 часа

Еден загинат по удар на гром во Прилепско

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку 112 во ЦУК во 17.39 часот, била добиена пријава...

Македонија7 часа

ДУИ: Она што порано доаѓаше однадвор, денес се спроведува однатре со Албанци што молчат или соработуваат на штета на колективните права на сопствениот народ

„Претставниците на коалицијата ЛЕН, кои со само 9 пратеници (1.3% ) тврдат дека ги претставуваат над 29% од Албанците во...

Свет7 часа

(Видео) Трамп до американски ветеран без нозе: Значи, те погодија, прекрасно

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Овалната соба се сретна со група ранети американски ветерани, каде потпиша голем број нови...

Регион7 часа

Вучиќ оди во Русија на прославата на Денот на победата, ќе се сретне со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека на 9 мај ќе отпатува за Москва, каде ќе присуствува на парадата за Денот...

Европа7 часа

(Видео) Експлозии во Киев и Харков, дел од населението заробено под урнатините

Украинската воздушна одбрана дејствуваше рано утринава во украинскиот главен град Киев против комбиниран руски напад со беспилотни летала и ракети....

Свет8 часа

Шефот на дипломатијата на Трамп го предупреди Иран да не збогатува ураниум

Иран, според каков било договор со САД, ќе мора да престане со збогатување ураниум и би можел да го увезува...

Македонија9 часа

Привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово

Од денес (24.04.2025) ќе има привремена промена во сообраќајот на делот од државнот пат А2 – делница Желино – Тетово,...

Свет9 часа

Трамп вели дека би можел да се сретне со Путин следниот месец

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти Русија е подготвена да стави крај на војната, додавајќи: „Мораме да се...

Македонија22 часа

Пресудата е политички мотивирана, рече Јакимовски кој е осуден на три и пол години затвор

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е изненаден од пресудата со која е осуден на затворска казна од три и...

Македонија1 ден

Работниците што не добиле покачување на платата за март од 4.000 денари може да тужат, ССМ обезбедува и бесплатна правна помош

Тужби до работодавците може да поднесат сите работници кои со мартовската плата не добиле покачување од 12,6 % колку што...

Македонија1 ден

Не е време за пиво и скара, туку за протест за 500 евра минимална плата и 100 евра зголемување на другите плати, повика ССМ

Овој Први мај, место марш, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест оти платите се мизерни, најниски во регионот,...

Македонија1 ден

Пет пациенти денеска се враќаат од Србија, во странство хоспитализирани уште 38

Министерството за здравство информира дека денеска пет пациенти од повредените во трагедијата во Кочани ќе се вратат од лекување од...

Македонија1 ден

Таравари не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата, вели Меџити

Министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити очекува министерот за здравство Арбен Таравари и лидер на Алијансата за Албанците,...