Економија
Заев отвори фабрика во Струга: „Првпат не враќаме пари, туку ќе бараме повеќе од ЕУ“
Во Струга, денеска, свечено беше пуштена во употреба фабриката „Подгорка“ за производство, обработка, расекување и пакување месо по современи стандарди.
Како што информираат од Владата, оваа фабрика добила највисока финансиска поддршка од мерката 3 – инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски производи од ИПАРД 2-програмата, односно 2,2 милиона евра.
Премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на свеченоста, истакна дека ваквите решителни инвестициски чекори на една домашна компанија се охрабрувачка и мотивирачка успешна приказна.
„Овој период големи напори вложуваме во унапредувањето на регионалната соработка. Создаваме услови кои ќе овозможат 24-часовно работење на границите со царински контроли во една точка и за меѓусебно признавање на фитосанитарните контроли на производите што се движат во регионот. На тој начин се обезбедува брз и безбеден транспорт на производите од регионот за да стигнат до пазарите во оптимално време за што во голема мера ќе помогнат и брзите ленти за камионите“, истакна Заев.
Претседателот на Владата во своето обраќање рече дека денес се пушта најголемиот ИПАРД-проект во историјата на Струга и „првпат не враќаме пари, туку бараме повеќе од ЕУ“.
Сопственикот на компанијата, Мевмед Џемајлоски, информира дека компанијата во моментот вработува 50-ина лица од Струшкиот Регион, а со проширување на капацитетите на фабриката, планирани во 2020 и 2021, ќе се отворат места за уште 100 нови вработувања, со што, како што истакна, ќе се оствари дополнително раздвижување на локалната економија преку користење домашни доставувачи во процесот на производството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

