Економија
За поодговорни животни одлуки: одржана конференција Rethink the Status Quo
„Гледајте што прават другите и направете го спротивното. Ако сите меѓусебно се копираат, нема да стигнеме никаде. Експериментирајте, поиграјте се со правилата, не ги следете слепо и не се занесувајте со моменталниот успех. Разговарајте за идеите со креативни луѓе, не бидете опкружени само со истомисленици и бидете секогаш подготвени да се кренете по загубата како феникс од пепелта“, е една од главните пораки кои ги испрати Магнус Линквист, светски познат футуролог и говорник од конференцијата ReThink the Status Quo.
Тој, заедно со Томазо Ди Џовани, потпретседател за комуникации на Philip Morris International, Милан Поповиќ, научен комуникатор и проф. Д-р Јасна Бајрактаревиќ, психолог, го преиспитуваа статус – квото на конференцијата посветена на намалување на штети организирана од компанијата Филип Морис во Белекспо центарот.
Претставници на деловната и стручната јавност од земјата и регионот, како и голем број претставници на медиумите од просторот на поранешна Југославија, се собраа да ги слушнат пораките на четворицата говорници и големи светски експерти на темата за намалување на ризици и создавање услови за донесување одлуки кои го менуваат светот на подобро.
![]()
„Иновациите секогаш ги прати скептицизам. Нилс Болин работејќи за Volvo, дизајнираше сигурносен појас кој, поради недовербата во овој изум, почна да се употребува дури една деценија подоцна. Фрижидерот, кој сега се зема здраво за готово, исто така наиде на скептицизам, иако се покажа дека во голема мера го реши проблемот со ракот на желудникот предизвикан од расипана храна. Така и денес, голем број луѓе не веруваат во алтернативи без чад на цигарите, бидејќи погрешно мислат дека никотинот е примарна причина за болести поврзани со пушењето. Тоа не е точно, проблемот е согорувањето. Кога ќе запалите цигара се ослободуваат бројни штетни материи, а поголем дел од нив предизвикуваат болести поврзани со пушењето. Благодарение на напредокот на науката и технологијата, стана возможно со загревање на тутунот да се дојде до никотин без согорување бидејќи алтернативните производи во просек 90 до 95 проценти го елиминираат нивото на штетни и потенцијално штетни хемикалии во споредба со цигарите.Тоа е принципот на намалување на штети“, рече Томазо Ди Џовани, потпретседател за комуникации во Филип Морис Интернешнл
Дали сте подготвени да прифатите ризик?“, ја праша изненадената публика Милан Поповиќ, научен комуникатор, кој веднаш по излегувањето на сцената ја потопи раката со вклучена сијалица во сад полн со вода.
![]()
„Дали ризикував сега? Јас не, бидејќи таа вода е дестилирана. Ги имав фактите и знаев дека оваа сосема чиста вода не е спроводник, туку изолатор. Секогаш кога проценувам ризик, имам факти на располагање. Затоа, знам што е штетно, а што не, без разлика колку слично може да изгледа на некој што не е вклучен во темата.“ Како поборник за намалување на штети, овој научник за компанијата Филип Морис има направено компаративна анализа на чадот од цигарите со произведениот аеросо од нивниот уред за загревање на тутунот и по таа научна анализа, тој тврди дека сфатил две работи. „Прво, како непушач, сега сум уште посигурен дека никогаш нема да запалам цигара. Второ, малку сум поопуштен, бидејќи мојата поубава половина го користи овој производ кој го загрева тутунот, за кој сега сум сигурен дека е помалку штетна алтернатива на пушењето“, објасни научникот.
Проф. Д-р Јасна Бајрактаревиќ зборуваше за модерниот начин на живот, како и за неговото влијание врз постапките според кои секојдневно се водиме.
![]()
„Промените не се случуваат преку ноќ, тоа не се реални одлуки кои велат – од утре учам, од утре слабеам… Промени на подобро ќе ги правиме полека и постепено во моментот кога ќе сфатиме кои механизми ги носиме во себе, а кои не кочат“, истакна психологот и редовен учесник на конференциите на ТЕД.
Магнус Линквист на крајот заклучи:
„Не постои само оптимизам и песимизам, постои и среден пат“. Јас го нареков „посибилизам“, тоа се всушност нови можности, тоа е разбирање на светот на нов начин, со нови мерења и нови погледи. Сакам да следам „посибилистички“ иницијативи, меѓу нив вклучив и една од Србија, која се вика БИО4. Врз основа на тоа и мојот краток престој во Србија, заклучувам дека ова е земја на „посибилизам“.
![]()
Филип Морис е првата компанија од тутунската индустрија која пред повеќе од десет години постави нова цел и мисија – Иднина без чад од тутун. За таа цел се ангажирани повеќе од 900 научници и експерти и се инвестирани повеќе од 9 милијарди долари во научно истражување, развој и комерцијализација на алтернативни производи без чад базирани на технологијата на загревање на тутунот, кои се докажани како подобра опција од продолжувањето со пушење цигари.
Прецизно водејќи се од принципот на намалување на штети, Филип Морис е компанија која традиционалниот бизнис со цигарите го пресели во бизнис со потенцијално помалку штетни алтернативи, со цел да иницира позитивни промени со одговорен однос и да придонесе за создавање подобра иднина.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
ТИТАН Усје: Работиме согласно сите закони, емисиите се мерат 24 часа со независен мониторинг – нема надминувања на лимитите
ТИТАН Усје соопшти дека повеќе од 70 години работи како одговорна компанија во земјата, придонесувајќи за националниот развој, локалната економија и снабдувањето со основни материјали за клучни инфраструктурни објекти, меѓу кои болници, брани, патна и јавна инфраструктура.
Од компанијата наведуваат дека грижата за животната средина е нивна основна вредност и дека ја следат јавната дебата поврзана со квалитетот на воздухот и заштитата на животната средина, давајќи, како што велат, транспарентен придонес кон решавање на овие прашања.
„Работиме целосно во согласност со сите важечки закони, подзаконски акти и барањата на нашата А – Интегрирана еколошка дозвола – честопати применувајќи внатрешни стандарди кои се и построги од законските обврски. Нашите емисии континуирано се мерат преку 24-часовен независен мониторинг, со податоци јавно достапни и редовно доставувани до надлежните органи и до медиумите. Редовните и ненајавените инспекции од страна на надлежните тела не констатираат никакви надминувања на законските лимити“, велат од ТИТАН Усје.
Како членка на Групацијата ТИТАН, компанијата информира дека ги следи меѓународно признатите практики и ESG стандарди, со долгорочна посветеност на заштитата на животната средина, вклучувањето на заедницата и современото корпоративно управување.
Во изминатите 15 години, ТИТАН Усје инвестирала повеќе од 29 милиони евра во одржливо производство и еколошки технологии, а дополнителни три милиони евра се планирани до 2029 година.
Од компанијата посочуваат дека нивни приоритети остануваат партнерствата, благосостојбата на вработените и континуираната поддршка на заедницата.
Економија
ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици
Финансиски резултати за 4-тиот квартал / 12 месеци од 2025 година

*Прилагодена за ефектот на вреднување на залихите
ОКТА АД – Скопје Годишни резултати за 2025 година
Во 2025 година, глобалниот пазар на деривати беше обликуван од геополитичка несигурност и еволуирачки енергетски политики, што резултираше со повремена нестабилност на цените. Ризиците по снабдувањето поврзани со регионалните конфликти и нестабилните трговски рути беа делумно компензирани со зголемено производство од главните извозници, ублажувајќи ги ценовните притисоци во споредба со 2024 година. Намалената индустриска активност на клучните пазари го ограничи растот на побарувачката и придонесе за стабилизација на цените во втората половина од годината.
Во Југоисточна Европа, геополитичките случувања и регулаторните промени продолжија да влијаат врз пазарните услови. Во Северна Македонија, воведувањето на новиот Закон за енергетика во средината на 2025 година и тековните регулаторни прилагодувања влијаеја врз динамиката на цените и конкуренцијата. По благиот пад во 2024 година, локалниот пазар покажа знаци на закрепнување во текот на 2025 година.
Во овие услови, ОКТА успешно се справи со регионалните флуктуации во снабдувањето и силните притисоци од конкуренцијата како на домашниот така и на извозниот пазар. Компанијата ја задржа својата утврдена водечка позиција во големопродажбата, додека структурата на малопродажниот пазар остана во голема мера непроменета. Во текот на целата година, ОКТА се фокусираше на дисциплинирано комерцијално извршување, разумно управување со маржите и насочени, стратешки иницијативи.
Финансиски остварувања
Приходите од продажба за фискалната 2025 година изнесуваа 38.492 милиони денари, во споредба со 44.263 милиони денари во 2024 година, првенствено поради пониските меѓународни цени на горивата и намалениот обем на извоз. Во четвртиот квартал од 2025 година, приходите од продажба се зголемија за 5% на годишно ниво на 10.179 милиони денари.
Бруто добивката порасна на 1.324 милиони денари во фискалната 2025 година од 1.169 милиони денари во претходната година, поткрепена од поголемата домашна продажба, зголемените испораки кон Државните резерви и зголемено тргување со електрична енергија. ЕБИТДА достигна 652 милиони денари, во споредба со 501 милион денари во 2024 година, што одразува поголем домашен обем, намалена изложеност на нестабилност на цените и поголема продажба на електрична енергија. ЕБИТДА во четвртиот квартал од 2025 година изнесуваше 139 милиони денари, што е намалување од 16% на годишно ниво, главно предизвикано од нестабилноста на цените на горивата и пониските маржи на електричната енергија.
Добивката пред оданочување во фискалната 2025 година значително се зголеми на 667 милиони денари, во споредба со 238 милиони денари во 2024 година. Покрај подобрените оперативни остварувања, резултатот е одраз и на помала амортизација по еднократната забрзана амортизација во 2024 година, предвидениот поврат на Данокот на солидарност од 50 милиони денари платен во 2023 година и оптимизирано управување со готовината. Во четвртиот квартал од 2025 година, добивката пред оданочување изнесуваше 177 милиони денари во споредба со 87 милиони денари во четвртиот квартал од 2024 година.
Оперативните трошоци останаа генерално стабилни на годишно ниво. Во 2025 година компанијата продолжи да работи без долг, во континуитет со претходните години. На 29 мај 2025 година, Собранието на акционери одобри распределба на дивиденда од 182,8 милиони денари, што е еднакво на 240,00 денари по акција.
Стратегија и перспектива
ОКТА ја заврши 2025 година со пазарен удел од 67% во Северна Македонија и 29% во Косово, надминувајќи ги планираните цели за профитабилност. Компанијата останува посветена на зајакнувањето на својата лидерска позиција на пазарот, оптимално користење на продуктоводот Солун – Скопје и складишната инфраструктура, како и обезбедување долгорочна сигурност во снабдувањето.
ОКТА продолжува да ја развива својата стратегија за диверзификација, при што значајно вложува и во обновливи извори на енергија. Во текот на годината, компанијата инвестираше 63 милиони денари во проекти од оваа област и се фокусира на максимално искористување на инсталираниот соларен капацитет од 12 мегавати како и идниот систем за батериско складирање. Плановите вклучуваат понатамошно проширување на фотоволтаичните системи и решенијата за складирање.
Корпоративна оштествена одговорност
Во четвртиот квартал, ОКТА дополнително ја зацврсти својата стратешка посветеност кон одржливоста, проширувајќи ги донациите на кровни фотоволтаични системи за образовни институции во Скопје, Битола и Штип. Овие инвестиции ја подржуваат националната цел за зголемување на енергетската ефикасност и обезбедуваат мерливи еколошки продобивки преку значително намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Дополнително, компанијата спроведе иницијатива за општествена одговорност кон животната средина, организирајќи акција за пошумување во Националниот парк Јасен, во склоп на тим-билдинг програмата.
Паралелно со овие иницијативи, ОКТА продолжи да го негува и промовира националното културно наследство преку поддршка на реномираните културни фестивали и продлабочена соработка со релевантните културни институции во земјата. Годината ја заокружи со засилен фокус на вклучувањето на заедницата, акцентирајќи ја поддршката за образованието и ранливите групи преку целни донации и општествени иницијативи. За да го сподели напредокот на транспарентен начин и да ја зајакне својата улога како одговорен корпоративен лидер, ОКТА одржа брифинг за медиумите на кој ги претстави клучните достигнувања во текот на годината.
ПР
Економија
Народна банка: Макроекономските движења се во рамките на проекциите
Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година.
Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат од трговските и од геополитичките тензии.
„Во домашната економија, најновите показатели главно се во согласност со проекциите. Во третиот квартал од 2025 година, реалниот раст на БДП изнесува 3,8% и е малку над очекувањата, а расположливите високофреквентни податоци упатуваат на раст и во текот на четвртиот квартал. Просечната стапка на инфлација, во 2025 година, изнесува 4,1% и е близу до проекциите. Во јануари 2026 година, девизните резерви забележаа раст и се на ниво коешто, согласно прифатените меѓународни стандарди, е соодветно за одржување на стабилноста на девизниот курс. Податоците од монетарниот сектор покажуваат годишен раст на депозитите од 10% и на кредитите од 13%, во декември 2025 година, што е умерено над проекциите за крајот на годината“, соопшти НБРМ.
Според Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви, во четвртиот квартал од 2025 година, девизните резерви се зголемиле и на крајот на декември достигнале 4.925 милиони евра. Во согласност со инвестициската поставеност, околу 74,2% од девизните резерви се вложени во должнички хартии од вредност, главно во државни обврзници издадени од земји членки на еврозоната, по што следуваат монетарното злато (16,5%) и депозитите и паричните средства (9,3%).
„Сигурноста и ликвидноста во управувањето со девизните резерви се обезбедуваа преку пласмани во финансиски инструменти со висок кредитен рејтинг коишто овозможуваат брза достапност до ликвидни средства, а условите на меѓународните финансиски пазари и внимателниот и врамнотежен пристап кон инвестирањето придонесоа за поволни финансиски остварувања во 2025 година“, се наведува во соопштението од Народната банка.

