Економија
„Ибис стајлс“ Скопје ја слави својата прва годишнина
„Ибис стајлс (Ibis Styles)“, светски познатиот и признат бренд на „Акор хотелс (AccorHotels)“, групација која е светски лидер за патување и стил на живеење, ја одбележа првата годишнина од своето постоење во главниот град на Македонија, преку хотелот „Ибис стајлс“ Скопје. На свечениот настан присуствуваше Жил Клавие, претседател на Одборот на директори и извршен директор на „Орбис/Акор хотели“ за Источна Европа, и Кристина Камчева- Стојческа, една од сопствениците на хотелот во Македонија.
Камчева-Стојческа пред присутните напомена дека за кратко време, со начинот на работење, со својот модерен изглед, со отворениот пристап кон гостите, со комплетните хотелиерски услуги прилагодени на новото дигитално време, „Ибис стајлс“ Скопје се наметна како еден од најдобрите хотели во нашиот главен град. Се осврна и на евидентното задоволство на гостите од престојот кое се потврдува и преку позитивните критики на релевантните меѓународни веб-платформи, како и искуството на комфор, услужност и дизајн понудени по најдобра цена, кои позитивно влијаат на резултатот и на добриот имиџ на семејството хотели „Ибис“ во целина.

Претседателот и извршниот директор на групацијата „Орбис/Акор хотели“ за Источна Европа, Жил Клавие, ги поздрави присутните и изјави:„Групацијата на хотели ‘Орбис’, која е стратешки партнер на хотели ‘Акор’ и единствен издавач на лиценци за сите брендови во Источна Европа, е водечкиот хотелски оператор во регионот преку своите 128 хотели. Со цел да ја зацврстиме нашата водечка позиција, ја прошируваме нашата мрежа на хотели во рамките на брендот хотели ‘Акор’ . Во насока на нашата развојна политика и стратегија, постанавме лидер на македонскиот пазар во последните три години. Со задоволство присуствувам на прославата на ‘Ибис стајлс’ во Скопје, кој минатата година беше официјално претставен на пазарот во партнерство со ‘Орка холдинг ‘како сопственик и инвеститор. Со иновативното и ново искуство за гостите, нудејќи неповторлив хотелски наратив и дизајн, со срдечна услужливост и пречек, ‘Ибис стајлс’ ќе придонесе кон зајакнување на меѓународниот имиџ на градот“.
Хотелот е дел од групацијата хотели „Акор“, која е светски лидер за патување и стил на живеење во повеќе од 100 држави ширум светот, со повеќе од 4 500 хотели и 650 000 хотелски соби. Присуството на брендот „Ибис стајлс“ ја става Република Македонија на светската мапа на туристички центри, што директно придонесува кон зајакнување на туризмот во земјата.

„Ибис стајлс“ Скопје располага со 47 модерни и комфорни соби кои на гостите им овозможуваат удобен престој. Секоја соба го носи името на различен град од светот и ја проткајува приказната за имагинарен пат околу светот. Хотелот е категоризиран како хотел со 4* и, меѓу другото, располага и со соба за лица со посебни потреби. Располага и со семејни соби, детско катче, бар, бесплатен интернет и согласен е и за прием на гости со миленичиња.
„Ибис стајлс“ Скопје е далеку од градскиот метеж, но, сепак, многу близу до централното градско подрачје. Се наоѓа во населбата Тафталиџе, близу до повеќе значајни комерцијални објекти во урбано, но мирно градско подрачје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.
Економија
Биткоинот забележа силен пад
Цената на биткоинот денеска падна под 67.000 долари, првпат од ноември 2023 година, во услови на засилена распродажба и намалена доверба кај инвеститорите, објави Си-Ен-Би-Си.
Биткоинот се тргуваше по цена од околу 67.500 долари, откако претходно во текот на денот падна под психолошката граница од 70.000 долари, што дополнително ја засили распродажбата. Само оваа недела вредноста на криптовалутата е намалена за околу 20%, а во однос на рекордното ниво од октомври минатата година е пониска за речиси 47%.
Аналитичарите предупредуваат дека нивото од 70.000 долари претставува клучна техничка и психолошка граница и дека нејзиното пробивање отвора простор за понатамошен пад, потенцијално кон опсегот од 60.000 до 65.000 долари.
Падот на биткоинот се случува паралелно со слабеењето на технолошките акции во САД и зголемените присилни ликвидации на криптопазарот. Според податоци на Coinglass, оваа недела се ликвидирани повеќе од 2 милијарди долари во долги и кратки позиции.
Во исто време, институционалните инвеститори се повлекуваат. Аналитичката куќа CryptoQuant наведува дека побарувачката од институционални инвеститори значително се намалила. Другите криптовалути исто така бележат значителни загуби.
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

