Економија
Изненадувања и дополнителен попуст во „Џамбо“ на отворањето на новото „Веро“ во Скопје
Многу забава, едукација и дополнителен попуст за пазарување во „Џамбо“ се само дел од изненадувањата што ги очекуваат посетителите на големото отворање на новото „Веро“ в сабота во Скопје. За секоја сметка од 1.000 денари направена во новото „Веро“ во периодот од 5 до 8 мај посетителите ќе добијат ваучер за дополнителен попуст во „Џамбо“ во „Веро центарот“, што може да го искористат до 30 мај.

Stitched Panorama
Новиот маркет „Веро“ е лоциран во населбата Карпош 3, во близина на зградата на Прокредит банка. Освен изненадувањата за возрасните и дегустации, што ќе почнат во 11 часот, на отворањето ќе има специјална програма наменета за децата, што ќе почне во 12 часот, во која тие заедно со нивниот омилен јунак Петко и неговиот бенд „Пет плус“ ќе учат за здравата храна и за нејзиното значење. Освен едукацијата, децата еден час ќе пеат и ќе се забавуваат со хитовите на бендот „Пет плус“.
Новиот продажен објект на „Веро“ е 12-ти маркет што компанијата „Веропулос“ го отвора во земјата. Минатата година кога одбележа 20 години од влезот во Македонија, „Веро“ отвори нов маркет и продавница „Џамбо“ во Тетово, како и уште една продавница „Џамбо“ во Битола. Исто како другите маркети „Веро“, новиот продажен објект во Карпош 3 ќе нуди широка палета производи од македонски производители, но и ексклузивни производи од увоз кои може да се најдат само во „Веро“.
– Изминатиов период „Веро“ интензивно ја проширува својата мрежа на маркети и продавници „Џамбо“, што е одличен повод на нашите потрошувачи да им понудиме и дополнителни содржини наменети за забава, релаксација, но и едукација. Нашата стратегија е на потрошувачите да им нудиме одлично шопинг-искуство, огромен избор на најквалитетни производи и најконкурентни цени. Следејќи ги барањата и потребите на потрошувачите, нашиот тим постојано создава разновидни понуди според нивните желби и вкусови. Довербата и лојалноста на македонските потрошувачи е доволен доказ дека сме на вистинскиот пат – вели Лукас Бисијас, генерален директор на „Веропулос“ .
Со продажен простор на едно ниво, сопствен паркинг-наменет за потрошувачите и широка палета производи од домашни компании, како и ексклузивни производи од увоз, новиот маркет целосно ќе ги задоволи потребите на купувачите. Со новите вработувања во овој маркет вкупната бројка на вработени лица во „Веро“ ќе достигне околу 1.100 лица.
Досега компанијата „Веропулос“ има отворено осум маркети во Скопје и по два маркета во Битола и Тетово, како и четири продавници „Џамбо“ во овие три града. Ова компанија е сопственик и на франшизата за ресторанот за брза храна „Гудис“. „Веропулос“ е присутен и на пазарот во Србија со маркети „Веро“ и продавници „Џамбо“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Microbalkans 2025: Никола Јошевски за усогласувањето на правните рамки со директивите на ЕУ
Никола Јошевски, генерален менаџер и сопственик на Mint Fintech Group и претседател на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора на Македонија, учествуваше на престижната регионална конференција Microbalkans 2025, што се одржа во Дубровник, Хрватска, од 5 до 7 ноември 2025 година.
Како панелист на високопрофилната дискусија „Усогласување на правните рамки со директивите на ЕУ“, Јошевски се приклучи на водечки европски партнери и институции кои активно придонесуваат за развојот на социјалните финансии во регионот на Западен Балкан.

Панелот се фокусираше на регулаторната хармонизација, финансиската инклузија, платните системи и усогласувањето со процесот на пристапување кон ЕУ, со посебен акцент на улогата на микрофинансиските институции и финтек решенијата во одржливиот развој и регионалната соработка.
Во своето обраќање, Јошевски ја нагласи потребата од создавање на стабилен и интегриран финансиски систем што ги надминува класичните регулаторни рамки, посочувајќи:
„Главниот предизвик не е само во пренесувањето на директивите на ЕУ во националното законодавство, туку во создавањето на целосен екосистем – таков што нè прави конкурентни, инклузивни и силни дома.“
Панелот поттикна значајна дискусија за иднината на финансиската регулатива во регионот и улогата на микрофинансиските институции во зајакнување на финансиската стабилност, транспарентност и дигитална трансформација.

Конференцијата Microbalkans 2025, поддржана во рамките на соработката со Европската унија, го обедини врвот на експертизата од Европа и Западен Балкан, создавајќи дијалог за унапредување на социјалните финансии, микрокредитирањето и финтек иновациите.
Присуството на Mint Fintech Group на овој настан уште еднаш ја потврди посветеноста на компанијата кон модернизација на финансискиот сектор во Македонија, создавање инклузивна економија и промовирање европски вредности во финансиските услуги.
Со своето учество, Јошевски ја зацврсти позицијата на Македонија како активен партнер во градењето на современ, конкурентен и одржлив финансиски екосистем, кој ја поврзува регионалната соработка со европските стандарди и отвора нови можности за раст и развој.
(ПР)
Економија
СДСМ: Инфлацијата зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта
Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%, велат од СДСМ.
„Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите. Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат. За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард“, се наведува во соопштението.
Економија
Електродистрибуција го имплементира најновиот систем SIEMENS SCADA за дигитално управување со мрежа – Скопје
Во финална фаза на имплементација е најновиот SIEMENS SCADA систем за дигитално управување со среднонапонска и високонапонска мрежа, со што значително ќе се унапреди дигиталната трансформација и системите за далечинско управување и мониторинг, соопштија од компанијата.
Со помош на најновиот SCADA систем, како што е појаснето, ќе се оствари меѓусебно поврзување на диспечерските центри на ЕВН и МЕПСО со цел поквалитетно водење на целата електроенергетска мрежа во државата.
„Со инвестиција од еден милион евра, најсовремениот SCADA систем овозможува повисоко ниво на автоматизација, сигурност и оперативна контрола, што претставува клучен предуслов за ефикасна енергетска транзиција и поголема диверзификација на изворите на електрична енергија во земјата. Системот има особено значење во периоди кога сѐ поголем број фотонапонски централи се приклучуваат на дистрибутивната мрежа. Досега се регистрирани 2.963 нови приклучоци од обновливи извори, со вкупна инсталирана моќност од 860 MW, што во одредени ситуации може да претставува предизвик за стабилноста на енергетскиот систем. Со ваквите инвестиции во дигитализација на клучните процеси, Електродистрибуција обезбедува поквалитетни, доверливи и поефикасни услуги за своите корисници и ја зацврстува сигурноста и ефикасноста на мрежата, потврдувајќи ја својата заложба за модерна, транспарентна и дигитална енергетска инфраструктура“.

