Економија
Кирацовски: Растотот во земјоделството ја потврдува успешноста на владините мерки
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ, во текот на вчерашниот ден се сретна со граѓаните на Кавадарци, Неготино и Росоман.
Како што информираат од партијата, на средбите се разговарако на повеќе теми, со посебен акцент на мерките што Владата ги реализирала во земјоделството.
„Земјоделските краишта од нашата убава Македонија знаат што носат промените. Сега земјоделците имаат редовна исплата на субвенциите, исплатени се дури и оние што минaтата власт не ги исплати, поддршката за младите земјоделци е зголемена повеќе од двојно, од 1,5 на четири милиони евра, со повратот на персоналниот данок 7 милиони евра остануваат кај земјоделците, а воведувањето на зелената нафта значително ги намалува трошоците во работата“, рекол Кирацовски.
Тој истакнал дека успешноста се потврдува со фактот дека само во првиот квартал годинава забележан е раст од 5,1 отсто во земјоделството во споредба со минатата година.
„Промените носат повеќе пари кај граѓаните, што значително влијае на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Продолжуваме заедно, Македонија ја градиме како држава за сите“, заклучил Кирацовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

