Економија
Ковачевски: Дигитализацијата приоритет за подобар квалитет на живот
Премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со некои од членовите на одборот на директори на организацијата „Македонија 2025“, Мајк Зафировски, Васко Кроневски, Кати Ицева, како и со извршната директорка Никица Мојсоска-Блажевски. На средбата присуствуваа и вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, како и министерот за економија, Крешник Бектеши.
Во фокус на средбата во пресрет на самитот на „Македонија 2025“ беше истакната важноста од заедничката соработка на сите општествени фактори, со особен акцент на важноста од дигиталната трансформација, интензивирање на јавно-приватното партнерство, како и странските директни инвестиции, сè со цел остварување одржлив развој и повисоки стапки на економски раст.
Премиерот Ковачевски на состанокот истакна дека потребен е континуитет во клучни процеси, кои треба да водат кон економски напредок, достапни наменски фондови, обука и едукација за реализација на проекти за успешна дигитална трансформација.
На средбата се дискутира и за стратешкиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија, кој ќе се одржи на 2 јуни во Вашингтон, на кој ќе бидат опфатени теми од билатералните односи, но и оние што се од значаен глобален интерес. Во фокусот ќе бидат прашања од областа на одбраната и економската соработка, трговијата и инвестициите, но ќе се опфатат и прашањата од доменот на образованието, транспортот, енергетиката, климатските промени, демократскиот развој, борбата против корупција, владеењето на правото.
На состанокот беше дискутирано и за платформата за просперитетна иднина и седумте приоритети, кои се опфатени во неа, како вложувања во образование и зајакнување на човековиот капитал, иновации, инвестиции, подобрување на деловниот амбиент, демократија, борба со корупцијата и грижа за животната средина, како и дигитализацијата на процесите.
Премиерот Ковачевски на средбата истакна дека зајакнувањето на соработката со организацијата „Македонија 2025“, со македонската деловна заедница надвор од земјата, е од голема важност во привлекување нови инвестиции, трансфер на искуства, како и примена на нови трендови, кои можe да ја поттикнат домашната економија.
Беше заклучено дека само со заедничко дејствување на општествените фактори, како и со поддршка на стратешките партнери, можеме да постигнеме повисоки стапки на економски раст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Економија
„Виз Ер“ воведува евтина „бизнис класа“, можете да платите за да го задржите средното седиште празно
														Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ ќе започне со тестирање на таканаречената „основна бизнис класа“ на одредени летови од декември оваа година, нудејќи малку повеќе удобност во рамките на својата стандардна услуга без додатоци. Оваа нова функција ќе биде воведена на пет рути, вклучувајќи летови до Лондон, Рим и Будимпешта.
Концептот е едноставен – во првиот ред од авионот, средното седиште ќе биде оставено празно за да им се обезбеди на деловните патници повеќе простор и да се олесни качувањето. Мајкл Делехант, виш комерцијален и оперативен директор, нагласи дека цената нема да биде драстично повисока.
„Што се однесува до цените на билетите, таа никогаш нема да биде повеќе од цената на купување дополнително седиште“, изјави тој на прес-конференција.
Иако билетите за овие специјални седишта ќе бидат поскапи, патниците сепак ќе бидат третирани исто како и сите други.
„Повеќе се работи за ефикасноста на патувањето и малку дополнителен простор во авионот“, рече Делехант.
Воведувањето премиум услуги е тренд што го следат и американските нискобуџетни превозници за да се натпреваруваат со големите превозници.
Делехант забележа дека сè уште има силна побарувачка за нискобуџетни летови во Европа, но дека пазарот треба да се развива.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
														Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,913 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг.
Економија
Славески: Во септември депозитите на домаќинствата достигнале 427 милијарди денари
														Штедењето е системска неопходност и важен фактор за одржлив економски раст и за финансиска стабилност, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, на настанот по повод Светскиот ден на штедењето, којшто се одржа во организација на Македонската банкарска асоцијација, во присуство на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, директорот на Фондот за осигурување депозити, Бехар Емини, претседателката на МБА, Маја Стевкова-Штериева и претставници од банкарскиот сектор.
Во своето обраќање, гувернерот нагласи дека во време на светска неизвесност и последователни кризи, штедењето претставува темел на отпорноста на економијата и на стабилноста на финансискиот систем.
„Отпорноста не е реакција, туку прашање на претходна подготвеност – градење простор за справување со кризите пред да се случат“, истакна Славески.
Тој посочи дека и покрај бројните шокови во последните години, кај граѓаните е задржана склоноста кон штедење и довербата во банкарскиот систем. Според податоците, во септември 2025 година, депозитите на домаќинствата достигнале 427 милијарди денари, што претставува раст од над 50% од почетокот на пандемијата. Зголемен е и уделот на денарските и на долгорочните депозити, што придонесува за стабилност и ја зајакнува отпорноста на економијата.
Гувернерот нагласи дека поттикнувањето на штедењето е од суштинско значење за зголемување на потенцијалот за раст и за намалување на зависноста од надворешни извори на финансирање, особено во контекст на светски економски промени, геополитички тензии и структурни предизвици. Според него, економиите во регионот мора повеќе да се потпираат на сопствените заштеди како двигател на инвестициите и долгорочната стабилност.
„Во свет полн со неизвесност, претпазливоста е најкредибилната константа, а штедењето е системска неопходност“, истакна Славески, додавајќи дека негувањето на културата на штедење и финансиска одговорност во рамки на семејствата, институциите и општеството е вложување не само во личната сигурност, туку и во економската сила на државата.

