Контакт

Економија

Ковачевски: Никој нема да биде оставен сам во услови на криза, антикризните мерки имаат ефект

Објавено пред

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска учествуваше на седницата на македонското Собрание и притоа во одговор на пратеничко прашање се осврна кон антикризните мерки кои Владата ги усвојува со цел да им помогне на граѓаните во услови на светска економска и енергетска криза. Притоа премиерот рече:

dobivaj vesti na viber

„Јас постојано повторувам дека никого нема да оставиме сам да се справува со последиците од економско-енергетската криза во којашто се најде и Европа и нашата држава. И сите заедно ќе ја пребродиме затоа што Владата одговорно и навремено интервенира со потребните мерки за поддршка за граѓаните и компаниите и продолжуваме будно да ја следиме состојбата и за тоа да ги информираме граѓаните. Јас пред да дојдам на денешниве пратенички прашања, заедно со министерот за економија имавме 60 минути прес-конференција со медиумите, токму на тема енергетска криза и најновите мерки коишто ги воведовме за секторите во државата. Во оваа насока се и неодамна донесениот нов пакет антикризни мерки во вредност од над 360,2 милиони евра. Заедно со претходниот сет мерки коишто беа донесени веднаш по стапувањето на функција на оваа Влада, тоа се вкупно 760 милиони евра антикризни мерки.

Новиот сет мерки го донесовме по длабоки и долги анализи и дискусии со сите заинтересирани страни и затоа сметаме дека се сеопфатни и дека се таргетирани кај оние коишто имаат најголема потреба“, потенцираше Ковачевски.

„Од една страна, нашата, мојата цел за оваа зима е да ги искористиме максимално ресурсите со кои располагаме, контактите со нашите пријатели од Европа, од регионот, контактите со најблиските соседи и да го исполнуваме нашиот план за обезбедување ресурси и пред сé електрична енергија за семејствата, за училиштата, за болниците, за претпријатијата. Од друга страна, усвојуваме таргетирани мерки кои ќе бидат поддршка за најранливите граѓани, што од друга страна е и препорака на меѓународните финансиски институции.

Во исто време, се трудиме да изнајдеме начин како она што веќе е поддршка за граѓаните и компаниите, да го продолжиме и понатаму за да обезбедиме сеопфатен пристап.

Така, со овој ребаланс на буџет којшто беше усвоен во изминатиот период, се осигуравме дека ќе се продолжи со мерките како што е повластената даночна стапка од 5% за прометот со електричната енергија кон домаќинствата, а исто така продолжи и програмата за енергетска сиромаштија со која парично и директно помагаме 4.000 семејства и им обезбедуваме намалени сметки за потрошената електрична енергија или огрев при што овие семејства добиваат до 200 евра помош во текот на годината. Продолжува финансирањето на општините за енергетска трансформација и воведување на обновливи извори на енергија во износ од 10,5 милиони евра преку Министерството за финансии.

Дополнително го одложуваме воведувањето еколошката такса, што е планирано намалување на приходите на буџетот до 25 милиони евра со цел да не направиме дополнително отпретување на компаниите.“

Меѓу другото премиерот Ковачевски даде и детален одговор на прашањата како да им се помогне и на компаниите кои имаат зголемена потреба од енергенси и рече:

„Компаниите ги ослободуваме од плаќање ДДВ при увоз на природен гас и електрична енергија, топлинска енергија или енергија за разладување. Кои што се дополнителни 26 милиони евра олеснување сé со цел да ја задржиме нивната ликвидност.

Поволните кредити за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, во вредност од 100 милиони евра преку Развојна банка на Северна Македонија по принципот 1+2 продолжуваат и понатаму да обезбедуваат поддршка за компаниите.

Од април до сега ја субвенционираме пазарната цена на струјата, и тоа со 80%. Што значи дека доколку не е тоа субвенционирање, граѓаните би плаќале 5 пати поголеми сметки од тоа што плаќаат. Истото се однесува и на 72 илјади компании на регулираниот пазар кои вработуваат 98% од работниците во државата.

Со буџетот што го менаџираме во текот на 2022 година, исто така издвоивме дополнителни средства за  до крајот на година да имаме субвенционирање на цената на електричната енергија, а така ќе продолжиме и идната година според проекциите во новиот буџет  што е ставен на разгледување пред вас. За да може сето ова да се случи, за целата година ќе се одвојат вкупно над 222,7 милиони евра. Средства коишто ги пренаменивме да не бидат потрошени за нешто што било планирано, а не мора да се троши, туку да се потроши за субвенционирање на граѓаните во овие кризни услови. Нема автомобили за функционери на Владата, нема дополнително трошење на електрична енергија и гледате дека Владата, институцијата којашто јас ја водам, има 32% заштеда на електрична енергија овој месец во однос на истиот месец минатата година.“

Премиерот Ковачевски зборуваше и за помошта која македонската Влада активно ќе ја спроведе за најранливите категории  граѓани и рече:

„Исто така, испланиравме во буџетот зголемување на исплата на еднократна помош од 3.000 денари за примателите на гарантирана минимална помош, а тоа се 36.000 домаќинства за чија поддршка се одвоени речиси 40 милиони евра.

Зголемување на пензиите согласно новата Методологија на пресметка на пензиите за над 330.000 пензионери е пресметано и во овој буџет и во буџетот за 2023 година. Во март ја усогласивме пензијата за 2,9%, потоа ја усогласивме во септември за 6,8% што е  вкупно 10% зголемување на пензиите само во овие 10 месеци на оваа Влада. Со зголемувањето  што ќе следи идниот март од претпоставени дополнителни 6% со оглед на параметрите влезни во Методологијата, тоа ќе биде историски најголемо зголемување на пензиите од 16% во една календарска година.

Оваа мерка предвидува во буџетот 73 милиони евра коишто се наменети за пензионерите. Исто така продолжуваме и со субвенционирање на придонеси за поддршка на платите на вработените во приватниот сектор во вкупен износ од над 17 милиони евра при што компаниите коишто ги зголемуваат платите на работниците добиваат субвенција во делот на исплатата на придонесите од страна на државата.

Обезбедување средства за поврат на „Мој ДДВ“ кај граѓаните во програмата „Мој ДДВ“ со дополнителни 18 милиони евра, во време на криза, а исто така обезбедивме и забрзан поврат на ДДВ кај компаниите со цел да ја обезбедиме нивната ликвидност. Сите ние добро се сеќаваме, без разлика кој од која партија и што работел во приватен сектор, како 11 години се правеше поврат на ДДВ во државата. Ако не си на партиски список, ДДВ никој не ти враќаше. Па, после Стопанска комора мораше да се собира во ‘Александар Палас’ да го чека по 4 часа премиерот и кога ќе им каже дека можеби ќе ги врати парите да мора да му аплаудираат. Тие времиња се завршени. Повратот на ДДВ е автоматизиран, не е рачен кај МФ на бившиот премиер, коишто заедно седеа и кажуваа еве на оваа фирма врати ѝ ДДВ, на оваа не ѝ враќај, на оваа врати ѝ, на оваа не. И на крај го гледам истиот министер за финансии како држи предавања пред општините. Ама треба ВМРО-ДПМНЕ да види какви луѓе поставува да  креираат економска политика,  резултатите сами најдобро ги видоа.

Согласно овие препораки коишто ги имаме усогласено со меѓународни финансиски институции, со здруженијата на пензионери, со здружението на работодавци итн, обезбедивме со новиот пакет  антикризни мерки 3.000 денари месечно, во наредните 4 месеци или вкупно 12.000 денари за речиси 42.0000 граѓани од најранливите категории. Бидејќи ова не е време на изобилство, ова е време на солидарност и тоа се лица кои имаат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26-годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на ГМП, како и невработени лица. За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра.

Директна финансиска поддршка од вкупно 6.000 денари во наредните 4 месеци, по 1.500 денари месечно има и за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија. Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525-14.000 денари. И ова беше поздравено од здружението на пензионерите и партијата на пензионерите, бидејќи тие најдобро знаат дека сега е време за солидарност, а не време на изобилие, кога треба оние што имаат најмалку да добијат најголема помош од државата.

Изминатиот период беа донесени мерки со кои обезбедивме поевтина струја од 80 евра по мегават/час за компаниите од преработувачката индустрија, за да ги намалат цените за најмалку 10%, и од 95 мегават/час за сите образовни институции во државата, основни и средни училишта за да обезбедиме непречено снабдување со електрична енергија и образовен процес, исто се однесува и за здравствените установи“, информираше премиерот Ковачевски.

Економија

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Битиќи, на својата официјална Фејсбук страница имаше реакција на едностраната одлука на осигурителните компании за менување на тарифата и зголемувањето на цените на задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила.

dobivaj vesti na viber

„Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на Владина седница.

Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните.

Ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени.

Го повикувам ресорното министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата“, реагира вицепремиерот.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕУ одвои 13,79 милиони евра за прекуграничен одржлив развој во Македонија и Албанија

Објавено пред

Македонија и Албанија заедно ја започнаа Програмата за прекугранична соработка ИПА 3 во Корча.

dobivaj vesti na viber

Финансирана од ЕУ со буџет од 13,79 милиони евра, оваа Програма ја потенцира ангажираноста на двете земји да се усогласат со стандардите на ЕУ за одржлив развој и регионална интеграција до 2027 година.

Дополнително на промоцијата, беше најавен и предстојниот повик за предлози во рамките на програмата ИПА 3, поканувајќи заинтересирани страни да учествуваат во оваа Програма.

„Оваа иницијатива не само што се фокусира на клучни области како што се еколошката одржливост и социо-економскиот развој, туку исто така претставува клучен чекор кон нашата конечна цел за интеграција во ЕУ. Токму денеска најавуваме дека новиот повик за предлози ќе биде отворен многу наскоро, обезбедувајќи можности за конкретни и клучни проекти“, изјави Алтин Зечо, директор за конвергенција и кохезија со ЕУ, Државна агенција за стратешко планирање и координација на помош (САСПАК).

Зечо дополнително истакна дека членство во ЕУ бара зголемена соработка помеѓу нашите две земји, каде координирањето на заеднички политики и меѓусебната поддршка за постигнување на нашите цели и приоритети кон интеграција во ЕУ останува важен процес.

Вулнет Арифи, шеф на одделот за ЕУ и координатор за СБС, при Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија, ја истакна улогата на Програмата во забрзувањето на аспирациите за членство во ЕУ.

„Со изградба на основите поставени од ИПА 2, оваа Програма не само што ја проширува соработката меѓу земјите, туку и повеќе ги усогласува нашите регионални политики со стандардите на ЕУ, отворајќи го патот за нашето очекувано пристапување. Претстојниот повик за предлози дополнително ќе ги активира нашите заедници да се ангажираат длабоко со нашиот процес на интеграција во ЕУ“, изјави Арифи.

Брисеида Ѓоза од Антена канцеларијата Северна Македонија – Албанија го истакна целосниот пристап на програмата: „ИПА 3 е детално креирана за да ги зголеми нашите регионални капацитети за исполнување на критериумите на ЕУ, фокусирајќи се на климатска отпорност, одржлив туризам и зачувување на културното наследство. Ги охрабруваме заинтересираните страни да се подготват за претстојниот повик, кој ветува дека ќе ги зајакне нашите заеднички напори.“

Ова стратешко вложување од ЕУ преку Програмата ИПА 3 е доказ за постојаните напори на Северна Македонија и Албанија за влез во ЕУ, испраќајќи директна порака за нивното патување кон европската интеграција.

Прикажи повеќе...

Економија

Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на турската компанија Шахтерм во ТИРЗ

Објавено пред

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“, Фарук Шахин, потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во Македонија. Со договорот кој го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од над 20.000 м2 и изградба на објект со површина од над 13.000 м2. Ова е прва од двете фази на реализација на инвестицијата.

dobivaj vesti na viber

Потпишувањето на договорот следи само 4 месеци по најавата за новата турска инвестиција во земјава. Турската компанија ја зголеми и првично планираната инвестиција од 70 милиони евра на 100 милиони евра. Според деловниот план компанијата во наредните 10 години предвидува отворање на 1000 нови работни места. Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција.

Потпишувањето на договорот е во рамки на посетата на Турција на делегација на ТИРЗ предводена од Деспотовски во рамки на која е предвидена и презентација на инвестициските можности пред турски компании. На потпишувањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасиевски и Џунејт Шенер, потпретседател на бордот на директори на Стопанската комора на Бурса.

Инаку компанијата “Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.

Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија8 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија9 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ12 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија12 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет14 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет14 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија15 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет15 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион15 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет15 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...