Економија
Ковачевски: Северна Македонија ја направивме земја лидер по искористеност на средствата од ИПАРД Програмата
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Никица Бачовски, денеска беа во посета на компанијата „Метро“, која со помош на ИПАРД Програмата вложила во осовременување и високи технологии како би ги зголемиле своите капацитети. Со финансиска поддршка за мерките за рурален развој, компанијата „Метро“ изминативе пет години значително го прошириле асортиманот и партнерската мрежа во регионот и го зголемиле извозот на нивните производи. Владата последните години сериозно пристапи кон ИПАРД Програмата, верувајќи во потенцијалот на земјоделците, заложувајќи се подеднакво да се развива секој дел од државата. Република Северна Македонија изминативе години стана лидер во регионот по искористеност на ИПАРД средствата. Успешните земјоделски политики на Владата ги потврди и Европската комисија и затоа преку ИПАРД 3 Програмата земјата доби зголемување од 62% неповратни средства од ЕУ.
„Од земја која не ги искористуваше парите од европските фондови и ги враќаше назад, Северна Македонија ја направивме земја лидер по искористеност на средствата од ИПАРД Програмата. Кој било град или село да го посетите скоро секаде ќе наидете на табла дека некој проект е реализиран со средства од ИПАРД. За нас е многу важно што сето тоа го гледаат нашите пријатели од меѓународната заедница, ја добиваме нивната поддршка кон градење на економски силна и профитабилна земја, конкурентна на меѓународните пазари. Во ИПАРД 2 Програмата ЕУ за Северна Македонија даде 60 милиони евра, за ИПАРД 3, Европската Унија на нашата земја ѝ одобри 97 милиони евра. Тоа се неповратни пари, тоа не е задолжување на нашите граѓани, тие пари на ЕУ не треба да ѝ ги вратиме. Заедно со кофинансирањето од државата и апликантите вкупната вредност на Програмата ИПАРД 3 достигнува 210 милиони евра, средства наменети за инвестиции во следните 7 години. За уште поголем интерес и реализација на новата ИПАРД 3 Програма предвидуваме и можност за авансна исплата до 50% од финансиската поддршка преку ИПАРД 3 Програмата“, изјави премиерот Ковачевски.
Министерот Николовски, истакна дека Владата и Министерството ќе се залагаат за уште поголема вклученост во новата ИПАРД 3 Програма. Преку ИПАРД Програмата, може да се набавува модерна земјоделска механизација, опрема за производство и преработка со највисоки технологии, изградба или проширување на производствените капацитети, средствата се наменети за поддршка за туризмот, како и за рурален развој.
„Она што како нова мерка со новата ИПАРД 3 Програма го предвидуваме е и можноста за авансна исплата до 50% од финансиската поддршка преку ИПАРД 3 Програмата. На овој начин помагаме апликантите да можат веднаш и побрзо да започнат со реализација на својот ИПАРД проект. Нашата цел е уште поголема реализација и склучени договори со новата ИПАРД 3 Програма, токму затоа во наредниот период тимови на Министерството и Агенцијата заеднички на терен директно пред граѓаните ќе ги презентираме сите можности кои се ставаат на располагање со мерките од ИПАРД 3 Програмата“, изјави министерот Николовски.
Директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски рече дека со искористувањето на средствата од ИПАРД Програмата се модернизира земјоделската механизација, се воведуваат нови технологии во производството и се зголемува бројот на домашните преработувачки капацитети, како и на малите бизниси кои оперираат во руралните средини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

