Економија
Компактни спортски автомобили во врвна форма: Новиот Audi TT RS Coupé и Новиот Audi TT RS Roadster
Audi Sport го прикажа врвниот модел на серијата TT, со уште подинамичен изглед, новиот TT RS со сигурност покажува што има да понуди. Неговиот петцилиндричен мотор испорачува 400 метрички коњски сили, придружен со непогрешлив пет цилиндричен звук. Coupé и Roadster ќе бидат пуштени во продажба од пролетта 2019 година.
„Новиот TT RS претставува апсолутно врвна форма на спортските перформанси“, вели Michael-Julius Renz, извршен директор на Audi Sport GmbH. „Како добро обучен спортист, уште поизразено покажува колку моќ лежи под неговото мускулесто тело“. Oliver Hoffmann, технички директор на Audi Sport GmbH, додава: „Извонредните перформанси се постигнуваат со малата тежина, максимално спортски подесена суспензија и нашиот наградуван петцилиндричен мотор. Ја освоивме најпосакуваната Меѓународна награда за мотор на годината со 2.5 TFSI моторот, деветти пат по ред“.
Динамичен изглед: Надворешен дизајн
TT RS никогаш не бил толку моќен. Целосно променетиот преден дел и впечатливиот заден дел даваат целосно динамичен изглед. Логото на quattro во мат-титаниумски финиш изглед е поставен во долниот дел на сјајната црна „Singleframe“ решетка. Латералните воздушни приливи, кои се повторно зголемени, се поделени со вертикални ленти во внатрешноста и надворешноста. Дополнителните радијатори за ладење лоцирани зад типичната RS „honeycomb grill“. Латералните воздушни приливи кои се протегаат речиси до предните лакови на тркалата, го прават новиот TT RS поширок и уште позалепен кон подлогата.
Континуираниот преден дифузер, кој се протега до латералните краеви, го нагласува спортскиот изглед, инспириран од мотоспортот. Моделот RS има сјајна црна апликација во новодизајнираниот страничен праг. Куќиштето на надворешниот ретровизор е достапно во бои на каросеријата, мат алуминиум, сјајна црна и карбон.
На задниот дел е ново дизајнираното фиксирано крило кое дополнително привлекува внимание. Како дел од аеродинамичниот концепт, крилото ја поддржува типичната RS-изведба и ефикасност. Постојат вертикални елементи на двете страни над новиот специфичен RS-дифузeр. Двете големи овални издувни цевки создаваат типична завршница на RS.
LED-светлата се стандардни. Опционалните матрични LED-уреди ги регулираат долгите зраци интелигентно и со голема флексибилност. Опционалните матрични ОLED-светла за рикверц (органски светлосни диоди) со 3D дизајн го дистрибуираат своето екстензивно светло со екстремна хомогеност и прецизност. Кога се вклучува автомобилот, OLED-светлата за рикверц прават спектакуларен приказ. Во внатрешноста, управувачот е обележан со црвена линија на горниот дел.
Новиот TT RS е достапен во осум различни бои, вклучувајќи ја и новата RS специфична боја „Kyalami“ зелена и новите бои „pulse“ портокалова и „тurbo“ сина. На барање, стајлинг пакетите на мат алуминиумски и сјаен црн го нагласуваат дифузерот и задното крило. Сјајниот црн стилски пакет ги вклучува прстените на Audi и логото на моделот TT RS во црно на предната и задната страна како опција. Текстилниот покрив на TT RS Roadster е црн. Audi ексклузивната програма нуди разни дополнителни можности за индивидуализација.
Наградуван перформанс: 2.5 TFSI
Петцилиндарски, 294 kW (400 метрички коњски сили) моќност, 480 Nm, quattro погон на сите тркала – Audi TT RS импресионира со внатрешни вредности и нуди извонредни возни перформанси. Моделот Coupé остварува брзина од 0 до 100 км/ч за само 3,7 секунди. Музичката придружба е обезбедена со типичниот пет цилиндричен звук: 1-2-4-5-3. Поради оваа секвенца на вклучување на цилиндрите, вклучувањето се менува помеѓу соседните цилиндри и оние што се далеку оддалечени еден од друг. Овој уникатен ритам е музика за ушите на многу автомобилски ентузијасти.
Минатата година, Audi Sport ја доби најпосакуваната награда Меѓународна награда за мотор на годината за 2.5 TFSI моторот деветти пат по ред. Турбомоторот ја црпи својата моќ од 2.480 cm3 моторниот блок. Највисокиот вртежен момент на моторот од 480 Nm е достапен помеѓу 1.950 и 5.850 вртежи во минута. Највисоката брзина е регулирана на 250 км/ч или на 280 км/ч.
Силите на петцилиндричниот мотор се движат преку седумстепениот S-tronic до quattro постојаниот погон на сите тркала, кој ја дистрибуира потребната моќ помеѓу оските преку менувачот со двојна спојка. Селективна контрола на вртежниот момент на тркалата го прави управувањето уште поагилно и побезбедно. Возачот може да го користи динамичниот систем за ракување на Audi кој влијае на Quattro drive и другите компоненти како што се управувачот, S-tronic менувачот, карактеристиките на моторот и издувните клапи. Четирите расположливи режими се комфорот, автоматиката, динамичноста и индивидуалноста.
Чиста динамичност: Суспензијата
Ниската тежина од 1.450 кг и спортската суспензија ги обезбедуваат основните предуслови за одличното управување со Audi TT RS. Прогресивното управување адаптирано посебно за RS обезбедува близок контакт со патот. На предната оска, вентилираните и перфорираните челични дискови дејствуваат зад 19 или 20 инчните тркалата. Сопирачите се стандардни во црна боја, но достапни се и во црвена боја. Како опција, RS спортската суспензија PLUS е достапна со адаптивни амортизери со технологијата на Audi за магнетно возење. Нивната контролна технологија е исто така интегрирана во динамичниот систем за управување на Audi.
Инспириран од мотоспортот: Внатрешноста
Контролите и екранот во новиот TT RS се целосно фокусирани на возачот. RS спортските седишта со ромбоиден дизајн во Alcantra или опционално со „нoneycomb“ шара на кожа, како и логоата на RS на седиштата, воланот, праговите на вратите и педалите за менувачот на воланот го потенцираат спортскиот карактер на ова купе со 4 седишта. Специјалните RS екрани во стандардната виртуелна пилотска кабина на Audi „Virtual Cockpit“ со екран од 12,3 инчи обезбедува информации за притисокот во гумите, вртежниот момент и Г-силите. Во рачниот режим, приказот на светлото за менување на брзината го поттикнува возачот да премине во следната брзина кога ќе се достигне максималниот вртежен момент. Во прилог на мултифункционалните копчињата, спортскиот кожен волан на RS со менувачки педали има две контроли за вклучување и исклучување на моторот, како и динамичен систем за управување на Audi.
Новиот RS пакет-дизајн додава црвени или сини моменти на воздушните вентили кај вратите од автомобилот, безбедносните ремени и подните подлоги со логото на RS. Проширениот дизајн на RS исто така нуди контрастни елементи за дизајн на седиштата и централната конзола.
Современ: Инфо-забавениот систем на TT RS
Audi исто така нуди голем број на инфо-забавни карактеристики. Опциите вклучуваат MMI навигација Plus со допир, вклучувајќи бесплатно пребарување на текст и контрола со гласовни команди со природен говор, како и Wi-Fi hotspot и интернет модул за поврзување на Audi. Онлајн услугите се поврзуваат со возилото преку брз LTE модул. Интерфејсот за паметни телефони на Audi ги поврзува паметните телефони со TT RS и може беспрекорно да пренесува содржини до Audi виртуелната пилотска кабина преку USB. Звучниот систем Bang & Olufsen обезбедува одлично звучно искуство со моќност од 680 вати.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Битиќи, на својата официјална Фејсбук страница имаше реакција на едностраната одлука на осигурителните компании за менување на тарифата и зголемувањето на цените на задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила.
„Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на Владина седница.
Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните.
Ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени.
Го повикувам ресорното министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата“, реагира вицепремиерот.
Економија
ЕУ одвои 13,79 милиони евра за прекуграничен одржлив развој во Македонија и Албанија
Македонија и Албанија заедно ја започнаа Програмата за прекугранична соработка ИПА 3 во Корча.
Финансирана од ЕУ со буџет од 13,79 милиони евра, оваа Програма ја потенцира ангажираноста на двете земји да се усогласат со стандардите на ЕУ за одржлив развој и регионална интеграција до 2027 година.
Дополнително на промоцијата, беше најавен и предстојниот повик за предлози во рамките на програмата ИПА 3, поканувајќи заинтересирани страни да учествуваат во оваа Програма.
„Оваа иницијатива не само што се фокусира на клучни области како што се еколошката одржливост и социо-економскиот развој, туку исто така претставува клучен чекор кон нашата конечна цел за интеграција во ЕУ. Токму денеска најавуваме дека новиот повик за предлози ќе биде отворен многу наскоро, обезбедувајќи можности за конкретни и клучни проекти“, изјави Алтин Зечо, директор за конвергенција и кохезија со ЕУ, Државна агенција за стратешко планирање и координација на помош (САСПАК).
Зечо дополнително истакна дека членство во ЕУ бара зголемена соработка помеѓу нашите две земји, каде координирањето на заеднички политики и меѓусебната поддршка за постигнување на нашите цели и приоритети кон интеграција во ЕУ останува важен процес.
Вулнет Арифи, шеф на одделот за ЕУ и координатор за СБС, при Министерство за локална самоуправа на Република Северна Македонија, ја истакна улогата на Програмата во забрзувањето на аспирациите за членство во ЕУ.
„Со изградба на основите поставени од ИПА 2, оваа Програма не само што ја проширува соработката меѓу земјите, туку и повеќе ги усогласува нашите регионални политики со стандардите на ЕУ, отворајќи го патот за нашето очекувано пристапување. Претстојниот повик за предлози дополнително ќе ги активира нашите заедници да се ангажираат длабоко со нашиот процес на интеграција во ЕУ“, изјави Арифи.
Брисеида Ѓоза од Антена канцеларијата Северна Македонија – Албанија го истакна целосниот пристап на програмата: „ИПА 3 е детално креирана за да ги зголеми нашите регионални капацитети за исполнување на критериумите на ЕУ, фокусирајќи се на климатска отпорност, одржлив туризам и зачувување на културното наследство. Ги охрабруваме заинтересираните страни да се подготват за претстојниот повик, кој ветува дека ќе ги зајакне нашите заеднички напори.“
Ова стратешко вложување од ЕУ преку Програмата ИПА 3 е доказ за постојаните напори на Северна Македонија и Албанија за влез во ЕУ, испраќајќи директна порака за нивното патување кон европската интеграција.
Економија
Потпишан договор за реализација на новата инвестиција на турската компанија Шахтерм во ТИРЗ
Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и генералниот менаџер на компанијата „Шахтерм“, Фарук Шахин, потпишаа договор за реализација на новата турска инвестиција во Македонија. Со договорот кој го потпишаа во Бурса, се предвидува закуп на земјиште во ТИРЗ Скопје 2 со површина од над 20.000 м2 и изградба на објект со површина од над 13.000 м2. Ова е прва од двете фази на реализација на инвестицијата.
Потпишувањето на договорот следи само 4 месеци по најавата за новата турска инвестиција во земјава. Турската компанија ја зголеми и првично планираната инвестиција од 70 милиони евра на 100 милиони евра. Според деловниот план компанијата во наредните 10 години предвидува отворање на 1000 нови работни места. Новата инвестиција ќе опфати и центар за истражување и развој, а ќе преставува прв производствен капацитет на „Шахтерм“ надвор од Република Турција.
Потпишувањето на договорот е во рамки на посетата на Турција на делегација на ТИРЗ предводена од Деспотовски во рамки на која е предвидена и презентација на инвестициските можности пред турски компании. На потпишувањето присуствуваше и македонскиот амбасадор во Турција, Јован Манасиевски и Џунејт Шенер, потпретседател на бордот на директори на Стопанската комора на Бурса.
Инаку компанијата “Шахтерм“ има повеќе од 40 години искуство во дизајн и производство на системи за греење за бела техника и апарати за домаќинство. Во моментот, „Шахтерм“ е дел од водечките пет компании во оваа дејност на глобално ниво, со повеќе од половина од годишното производство наменето за пазарите надвор од Турција.
Листата на клиенти е составена од познати светски производители на бела техника и апарати за домаќинство како „Вирпул“, „Амика“, „Горење“, „Беко“ и „Кенди“.