Економија
Компаниите ги поздравуваат економските мерки за поддршка на бизнисот
Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска оствари работна посета на компанијата „Даути комерц“ во општина Сарај, која претставува афирмирано акционерско друштво, како и една од најуспешните и потврдени компании во земјата и пошироко.
Министерот Бектеши на средбата со раководството на компанијата, на која присуствуваше и градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, се согласи дека клучот на секој успех е несомнено работењето со посветеност, што резултира со зајакнување на позицијата на компанијата на познати пазари во регионот и пошироко.
„Како што знаете, Даути има големо искуство во деловното работење и го информирав за посветеноста на Министерството за економија во реализацијата на економски проекти и програми во нашата земја, каде што најважен сегмент е имплементацијата на мерките од планот за економски раст. И една од целите за промовирање на инвестициите е да им дадеме можност на домашните компании да инкорпорираат нови технологии во нивните производствени процеси и да градат капацитет за развој на деловни односи со странски компании и продирање на нивните производи на поголемите пазари“, рече Бектеши.
„’Даути комерц’ во своето долгогодишно работење како семеен бизнис ги исполнува сите стандарди на сериозна компанија, која благодарение на досега постигнатите резултати на пазарот во земјата и странство има значително влијание врз бизнис-климата кај нас што верувам и се надевам дека ќе го следат и други компании бидејќи успешните параметри на овие компании значат економски раст и успех за нашата економија“, рече по овој повод Бектеши.
Министерството за економија, изјави Бектеши, ќе продолжи да ги поддржува особено малите и средните претпријатија за кои само оваа година се одвоени средства за 81 компанија во вредност од 20 милиони денари, главно за набавка на опрема, алати или за проширување на производството или дејноста.
Еден од сопствениците на „Даути комерц“, Џемали Даути, се заблагодари на посетата на министерот за економија Бектеши и на неговата морална поддршка која постојано ја има од Министерството за економија со фактот дека оваа компанија доби трипати награда како компанија со најдобра општествена одговорност и дека ваквата поддршка ќе биде мотив за освојување уште поголеми пазари.
Бектеши во оваа пригода уште еднаш апелира до нашите компании активно да ги следат јавните повици за мерки што се дел од владината програма за економски раст и да не се двоумат да аплицираат под пропишаните услови за на овој начин да придонесат за економски раст и подобар стандард за сите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

