Економија
Компанијата „Фине“ станува FINE HOLDING
Како дел од промотивните активности, FINE HOLDING обезбедува подарок гаражен простор за секој којшто до Божиќ ќе купи стан во објектот „Космос“
Компанијата Фине ДОО се ребрендира и станува холдинг. Фине како компанија се појавува на македонскиот пазар во 2003 година каде првенствено се занимава со проектирање и изградба, продавање на станбени и изнајмување на деловни објекти, изградба и менаџирање на приватни студентски домови, угостителство. Денес, со проширување на своето портфолио FINE HOLDING овозможува услуги во различни области како што се домашна и меѓународна трговија, земјоделство, енергија, видео продукција и други компании кои се дел од овој холдинг.
ФИНЕ и фамилијата Цаноски која е основач на оваа компанија е со семејна традиција од областа на градежништвото и претприемништвото кое датира повеќе од 60 години во македонскиот, европскиот и интернационалниот пазар. Дополнително, таа го услужува и сервисира Американскиот универзитет на Европа-ФОН, првиот приватен универзитет во Република Северна Македонија со ултра модерен студентски кампус од преку 30.000 м2, кој е исто така во сопственост на оваа групација
Досегашната компанија Фине во изминативе 18 години постојано се надградуваше и развиваше, со што на крајот од оваа 2021 година прераснува во холдинг со повеќегодишно претприемничко искуство.
„Фокусот на FINE HOLDING е постојан раст и проширување на можностите за дополнителен развој во Република Северна Македонија, како и можностите кои ги нуди регионалниот, европскиот и интернационалниот пазар. Горди сме што успеавме да опстоиме и покрај сите предизвици со кои се соочувавме во изминатиот период. Тие нè направија посилни, но истовремено ни овозможија да поставиме нови и повисоки стандарди во претприемништвото“, истакна М-р Сефер Цаноски косопственик на овој Холдинг.
FINE HOLDING е инвеститор и на комплексот FINE PREMIUM LIVING, лоциран покрај самиот кеј на реката Вардар, во населбата Керамидница. Во рамките на комплексот, во завршна фаза е првиот објект „Космос“ , а дополнително во FINE PREMIUM LIVING се предвидени да се изградат уште 4 објекти во наредните 2 години.
За изградба на целиот комплекс, во наредните две години FINE HOLDING ќе инвестира преку 20 милиони евра.
Како дел од промотивните активности за ребрендирањето, FINE HOLDING обезбедува посебни поволности за сите оние кои се во потрага по свој нов дом. Па така, секој што ќе купи стан во стан во објектот „Космос“, промотивно до Божиќ добива подарок гаражен простор.
ФИНЕ ХОЛДИНГ останува доверлив партнер за соработка, посветен на понатамошен развој, континуирано проширувајќи ги можностите за инвестиции во земјата и регионот. Како дел од промотивните активности, FINE HOLDING обезбедува подарок гаражен простор за секој којшто до Божиќ ќе купи стан во објектот „Космос“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

